Author: Media Point

Повлеченоста е многу честа препрека во развивањето на социјалните вештини кај децата и младите. Повлечените деца во поголем број случаи се срамежливи, со ниска самодоверба, тешко воспоставуваат контакт со другите, па ретко им приоѓаат на други деца и започнуваат разговор. Во група деца повеќе имаат улога на набљудувачи и слушатели отколку на активен соговорник. Тешко им е да изразат што мислат, како се чувствуваат, зошто така се чувствуваат, што им треба, што сакаат, што ги интересира, сè задржуваат во себе. Некои деца се плашат дека ќе бидат исмејувани или повредени, несфатени, а некои не знаат како да кажат што ги…

ПОВЕЌЕ ...

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, а кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската темепература ќе се движи во интервалот од 16 до 22 степени, а дневната ќе достигне до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Македонска Каменица сличне време со утринска темепратура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 37 степени. Од среда следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме,…

ПОВЕЌЕ ...

За денеска во 12 часот е закажана конститутивна седница на Собранието. Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери кој вчера ја напушти Клиниката за инфективни болести каде што беше хоспитализиран неколку денови изјави дека е извесно оти тој ќе претседава со конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав во независна Македонија. Седницата ќе се одвива според здравствени протоколи и критериуми за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица невладината организација „Надеж Hope“ започна со реализацијата на проектот „Чекориме напред“. Проектот како што информираше координаторот Борче Димитровски е финансиран од ЕУ и се реализира во соработка со МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Центарот за развој и соработка на граѓанските организации на Република Словенија. -Главни цели на проектот се да ја зголемиме финансиската отчетност на здружението во јавниот сектор како и подобрување на структурата на самата организација и ззголемена видливост на организацијата во интернет просторот, истакна Димитровски. Активностите од проектот, како што додаде ќе се спроведуваат во времетраење од 5 месеци, до месец…

ПОВЕЌЕ ...

Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево денеска (01.08.2020) во атарот на делчевското село Град, во месноста Суви дол пронајде насад со 112 стебла „Канабис сатива“ во висина од 75 см до три метри. По насоки на  јавен обвинител од ОЈО Кочани стеблата се подигнати за вештачење, а се преземаат и дополнителни мерки и активности со цел расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Седумнаесетгодишно момче од штипското село Зрновци загина кога со мотор излета од патот Кочани – Зрновци. Сообраќајната несреќа се случила ноќеска во близина на местото наречено Дива Топола. В. А. итно бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што им подлегнал на повредите. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 36 – Куманово 11 – Дебар 2 – Штип 11 – Прилеп 1 – Тетово 14 – Струга 8 – Велес 4 – Битола 2 – Кавадарци 5 – Гостивар 16 – Струмица 1 – Крушево 1 – Кочани 1 – Пробиштип 2 – Македонски Брод 1 – Виница 6 – Свети Николе 1 – Кичево 15 – Ресен 1 Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: – Скопје 353 – Куманово 61 – Дебар 17 – Штип…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31.07.2020 година – Општина Македонска Каменица објави соопштение за јавност за завршена реконструкција на пумпната станица со која се обезбедува непречено снабдување со вода на Индустриската зона. Соопштението за јавност ви го пренесуваме во целост: Завршена е реконструкцијата на пумпната станица за водоснабдување на Индустриска зона во Македонска Каменица. Покрај реконструкцијата, со набавката на новата Grundfos автоматизирана пумпа за вода се обезбедува задоволување на потребите за непречено водоснабдување на капацитетите во Индустриската зона во Македонска Каменица. Врз основа на најниската понуда од 1.318.676,00 денари доставена до општина Македонска Каменица при спроведена Јавна набавка е склучен Договор за набавка…

ПОВЕЌЕ ...

Една од функциите на оперативниот систем “iOS 14” за која најмногу се зборува, е увид во активноста на апликациите и податоците кои тие ги користат. Така, на пример, некои корисници забележале зелен симбол кој означува дека камерата е вклучена додека прегледуваат објави на Инстаграм, дури и кога не фотографираат ниту снимаат. Портпаролот на Инстаграм рекол дека станува збор за “баг” и дека ќе се потрудат што побрзо да го исправат. Како што вели, во апликацијата се наоѓа посебен “Create Mode” кој се активира преку камера, па тоа би можело да го активира и индикаторот на камерата. Исто така, пристапувањето кон…

ПОВЕЌЕ ...

Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот Ковид-19. ЕСМ, додаде, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување на приходите од 11 милиони евра.

ПОВЕЌЕ ...