Author: Media Point
На фирмите кои ја затаија државната помош дадена како поддршка поради корона – кризата Владата им дава шанса до утре да им ги исплатат парите на своите вработени. Тоа досега го направиле 160 работодавачи од вкупно 570 колку што броеше првичниот список на неплаќачи. Ним државата ќе им прогледа низ прсти. Од Генералниот секретаријат на Владата велат дека во понеделник ќе ја достават листата до Основното јавно обвинителство за фирмите кои според ажурираниот список на Управата за јавни приходи до утре нема да исплатат плата на вработените, а на кои им била исплатена финансиска помош. „360 степени“ ја праша Владата…
ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел. За подоследно вклучување на јавноста во процесот, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа : • Во Кочани, на 18.08.2020г., во 18 часот, локација:Споменик на слободата; • Во Македонска Каменица, 20.08.2020г., во 18 часот, локација: Парк пред Домот на Културата; • Во Пробиштип, 25.08.2020г. , во 18 часот, локација:…
Времето денеска ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени. Во наредните денови ќе…
Македонска Каменица, 05.08.2020 година – Денес, околу 16:20 часот во центарот на Македонска Каменица се случи сообраќајна несреќа која предизвикала значителна материјална штета. Патничко возило уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило столб од системот за улично осветлување и слетало врз кров од друг објект. Неофицијално, сообраќајката е предизвикана од возач на патничко моторно возило марка “Фолксваген” кое се движело на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Прочитај повеќе: Силен ветар урна кров на зграда во Делчево Како можни причини кои довеле до излетување на возилото од патот, најверојатно се: влажниот коловоз и можноста од неприлагодена брзина на возилото.…
Циклонската активност која што вчера ја зафати Македонија се очекува да трае до крајот на неделата, Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира невреме со пороен дожд, грмежи, и ветер на целата територија на државата. Објавил: Kanal5 Од понеделик се очекува стабилизација. Според денешните хидролошки мерења, Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија. Без поголеми промени е и состојбата на езерата. Дојранското има мало покачување на нивото, Преспанското пак е намалено,а Охридското е во рамки на августовскиот просек. И покрај поројните врнежи, опасност од излевање на…
Невреме со силен ветар денес околу 13 часот го зафати градот Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот. Ветар со сличен интензитет го зафати целиот регион, поради што повеќе места, како и Македонска Каменица останаа без снабдување со електрична енергија. Регионалниот пат Македонска Каменица е со камени одрони на повеќе места, а не е мал бројот и на паднати поголеми гранки од крошните на дрвјата што се наоѓаат покрај самиот коловоз. За возачите се препорачува внимателно возење на овој патен правец. Во моментот на паѓањето на покривот немаше…
Исхраната во 80-тите изгледала многу поразлично отколку што е денес. Поради недостаток на преработени производи во маркетите, луѓето експериментирале со она што го имаат дома. Така настанале овие 5 јадење кои денес многумина не би се осмелиле да ги пробаат, но порано во нашите страни биле многу популарни. 1. Пача или пивтија Сигурно имате пробано пача или ако не, тогаш познавате некој кој ја обожава. Ова солено желе од свинско месо и зеленчук било на сите маси во поранешна Југославија. Најчесто се служела во зима како ладно мезе, а во денешно време не е толку популарно како и тогаш. 2.…
Мислиш дека си во Швајцарија… Општина со одвај десетина илјади жители во срцето на македонскиот исток лани има четири компании кои во градот внеле приход што кумулативно надминува 130 милиони евра. Виница е пример за успех за многу македонски поголеми градови Виница по територија и особено по население е една од најмалите општини на истокот и во земјава воопшто. Но Виница со цел респект може да се нарече македонско економско чудо затоа што веројатно има најсилна економија во споредба со многу поголемите општини на истокот. Градот историски познат по теракотите и оризовите полиња одамна не е земјоделска туку индустриска сила…
Завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, објави денеска руското Министерство за одбрана. Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението кое го цитира Танјуг. Нема нуспојави, ниту се регистрирани неправилности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството. Конечниот лекарски преглед бил извршен денеска во Главната воена клиничка болница Бурденко. Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази од развојот и тестирањето на вакцините биле во целосна согласност со протоколот за клиничко испитување. Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена после вакцинацијата…
Започнете ја работната недела со еден краток и забавен тест. Станува збор за фотографија на која е даден еден ист пар, но на фотографијата постои и пар што се разликува од сите останати. Дали успеавте да пронајдете каде се наоѓа разликата?
