Едно истражување објавено во весникот Obesity Journal сугерира дека кардиоваскуларните вежби можат да обезбедат одредена заштита од сериозни вируси како што е и коронавирусот. Истражувачите објаснуваат дека кај луѓето кои не се физички активни нивото на антиинфламаторни цитокини се зголемува и создава поголем ризик од инфекција. Како и да е, тие советуваат дека ако сакате да се заштитите од разни болести, најдобро е да комбинирате кардиоваскуларни вежби со аеробни вежби кои ќе ви помогнат при зајакнување на имунитетот. Иако секојдневното трчање не е гаранција дека нема да се заразите со коронавирусот, тоа е добро за вашето здравје. Вашата програма за…
Author: Media Point
Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 44 -Куманово 21 -Дебар 1 -Штип 18 -Тетово 24 -Струга 21 -Велес 1 -Битола 5 -Охрид 6 -Кавадарци 3 -Гостивар 23 -Крива Паланка 1 -Кочани 1 -Пробиштип 2 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 3 -Кичево 10 -Ресен 1 -Неготино 2 Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: -Скопје 105 -Куманово 23 -Дебар 2 -Штип 1 -Прилеп 1 -Тетово 41 -Струга 22 -Велес…
ТЕСТ за вид: Кој трицифрен број се наоѓа на фотографијата? Проверете го вашиот вид со следниот краток и забавен тест. Внимателно погледнете ја следната фотографија и обидете се на истата да откриете кој трицифрен број се наоѓа. Дали успеавте?
Мобилен пункт за земање брисеви за тестирање за Ковид-19 денеска ќе биде отворен во Свети Николе. Од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести одговорила на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена, како што се посочува, ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица во Свети Николе при Центарот за јавно здравје Велес. Објектот ќе има посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти. Контролните прегледи ќе ги закажуваат докторите од ЦЈЗ Велес,…
Возрасен виничаец заврши во државен карантин, тој е и првиот случај во оваа општина, кој не ги почитувам строгите мерки за изолација во домашни услови. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница, а врз основа на Решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена, бил спроведен 61 годишниот И.М.од неговиот дом во Виница до објект определен од Владата на Република Северна Македонија хотел во Скопје, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови. Вкупно десет жители на источниот регион имаат завршено до државен карантин, поради непочитувањето на мерките,…
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Во петок и особено во сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во текот на утрешниот ден, времето ќе биде сончево и топло, ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде од 13 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Температурите во…
Управата за јавни приходи ќе ги испрати податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати до Генералниот секретаријат на Владата како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка, од каде истите ќе може да бидат и јавно објавени, кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција. Таа апелираше до фирмите да ги испочитуваат обврските утврдени со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 и да им ги исплатат платите на своите вработени. „Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат…
До крајот на оваа недела, односно заклучно со петок (31.07.2020), трае рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица. Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат…
Македонска Каменица, 28.07.2020 година – Според официјалните податоци кои пред неполн час ги објави Министерството за здравство, по извршените тестирања во општина Македонска Каменица нема нови позитивни случаи на Ковид 19. Досега евидентираните 4 позитивни случаи со Ковид 19 во Македонска Каменица, како и нивните најблиски контакти остануваат во изолација. Сите се во добра здравствена состојба, без симптоми на коронавирус. Ова е добра вест за граѓаните на општина Македонска Каменица, но тестирањата продолжуваат и простор за опуштање нема! Во прилог целото соопштение од Министерството за здравство: Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи…
Македонска Каменица, 28.07.2020 година – Со оглед на новонастанатата состојба и појавата на првите позитивни случаи од Ковид 19 во општина Македонска Каменица, Општинскиот штаб за заштита и спасување презеде редица мерки и активности за дополнителна заштита и спречување на ширењето на коронавирусот. Во таа насока, покрај извршените редовни и вонредни дезинфекции на јавните простори во градот, вчера беа одржани и одделни состаноци со претставници на угостителскиот сектор, производствените субјекти, како и од трговската мрежа и услужните дејности. Состанокот го водеше градоначалничката Соња Стаменкова како шеф на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС), заедно со претставници на ДПИ и…
