Author: Media Point

Поради извршување на градежни работи како дел од Договорот за санирање и крпење на градските улици, се препорачува внимателно возење поради извршени градежни зафати на дел од повеќе градски улици. Општина Македонска Каменица ги предупредува возачите за внимателно возење особено на улиците Македонска, Илинденска и Осоговска. Во наведениот дел од градот, на неколку места е отстранет оштетениот асфалт, при што движењето со автомобили е значително отежнато. Од општината изразуваат благодарност за разбирањето, како до граѓаните, така и до возачите, на кои им се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина, особено во текот на вечерните часови кога видливоста е намалена.

ПОВЕЌЕ ...

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи со Ковид-19. Од нив 80 се во Скопје, 24 во Тетово, 6 во Куманово, 5 во Охрид, 4 во Гостивар и Ресен, 3 во Велес, а по еден случај има во Струга, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Неготино. Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, Куманово и Тетово и еден од Велес и од Кичево. Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти. Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарија ја продолжи вонредната состојба Бугарската влада донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран коронавирус и зголемувањето на бројот на новозаразени, соопшти денеска бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев. Бугарија неодамна ги олесни рестриктивните мерки, но минатата недела, поради 606 нови случаи, најголемото неделно зголемување на бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата, одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули. Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 130 случаи, со што вкупниот број на заболени е 4.114, а 208 лица починале.

ПОВЕЌЕ ...

(Видео)Масовна тепачка во Облешево- Истепани пазарџии со стапови! Вчера, во Облешево мештаните со стапови се обидоа да решат извесни недоразбирања и кавги со продавачите на зеленчук кои од своите камиони секојдневно се присутни на патот Штип – Кочани. Од видеото што пристигна во нашата редакција се гледа што конкретно се случувало. Извор: Радио Кочани

ПОВЕЌЕ ...

Пензиите за јуни ќе се исплаќаат во четири групи, почнувајќи од 26 јуни, во петок, со цел да се избегне ризикот од зараза со Ковид-19, одлучила Владата на денешната седница. -За оваа цел, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.06.2020 година, а деловните банки од 26.06.2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, соопштуваат од Владата. Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Сите што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок, а рокот за пријавување во Агенцијата за вработување трае до 26 јуни, посочува министерката за финансии на својот профил на Фејсбук. „При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање во нормала на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово. Донесени се и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клубовите и во казината и Протоколот за постапување на средните училишта за полагање на квалификацискиот испит. На владината седница донесени се и измените на Уредбата за примена на Законот за акцизи со кои се изедначува акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото што се користи како погонско. Со ова, велат од Владата, ќе се…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска ќе се решава како ќе ги преминуваме границите со соседитеЦелиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. Разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите, изјави вчера Венко Филипче, министерот за здравство на Македонија. Целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. Разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние…

ПОВЕЌЕ ...

Иако во македонската женска сениорска кошарка, важи за релативно млад клуб, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, во својата трета сезона од прволигашкото друштво ќе влезе со високи амбиции. Клубот од Македонска Каменица предводен од тренерот Јордан Цветановски веќе започна да го гради тимот за новата сезона. Прво засилување за Баскет Кам е македонската репрезентативка Ивана Кметовска која игра на центарската позиција. Таа доаѓа од екипата на скопски Бадел, а претходно има играно во Шпанија за Кесос ел Пастор, во Турција за Јалова и во САД како дел од универзитетот Вашингтон. Во следниот период се најавуваат уште неколку квалитетни засилувања…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци. „Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на…

ПОВЕЌЕ ...