Author: Media Point

Доколку „Фејсбук“ ви понуди пари за привремено да го исклучите профилот, дали би прифатиле? Очигледно, социјалната мрежа планира да им го понуди ова на некои корисници на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во САД, а тоа ќе биде за истражувачки цели. Од компанијата велат дека ќе спроведат истражување за да откријат какво влијание ќе имаат социјалните мрежи врз корисниците за време на претстојните претседателски избори во земјата. Фото: Freepik „Фејсбук“ соработува со 17 независни истражувачи за да го спроведе истражувањето, а во него ќе бидат вклучени 400.000 американски граѓани што ќе се согласат да учествуваат. Ќе се анализираат промените во искуствата на корисниците со…

ПОВЕЌЕ ...

Во кругот на Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј” во село Цера денеска беше инсталирана првата агрометеоролошка станица, која на земјоделците од општина Македонска Каменица ќе им обезбедува податоци во реално време за актуелната временска состојба и за климатските промени. Се работи за проект на Центарот за развој на Источниот плански регион со кој е предвидено исти станици да бидат поставени во сите 11 општини од регионот, а за што се обезбедени 2,16 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа. Поставувањето на агрометеоролошките станици обезбедува информации за земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.09.2020 година – Стивнуваат активните случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата. Денес само два активни случаи со Ковид-19 се регистрирани на крајниот Исток, по еден во Делчево и Пехчево. -Иако е рано да се каже дека стивнува епидемијата, денешниот ден дава надеж, бидејки многу мал број од пациентите на кои се сомневавме се потврдија како активни случаи. Радува фактот што 6 лица од претходно заболените се регистирани за оздравени, истакнаа од делчевскиот здравствен дом. Апелираа и понатаму граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните и обврската за носење заштитни маски и одржување дистанца. Вкупниот број на заболени…

ПОВЕЌЕ ...

Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице, но за среќа во автобусот немало патници, а и возачот успеал навреме да го напушти возилото, потврдуваат од МВР за Сител. Пожарот се случил околу 13:10 минути. Започнал од моторот, а набрзо ги зафатил и предните гуми. Од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе за Сител велат дека на терен излегле едно возило со тројца пожарникари, а потоа на помош било испратено уште едно возило со тројца пожарникари. -Во 13:11 часот добивме дојава за запален автобус на правецот Скопје – Свети Николе кај месноста Крушица, во…

ПОВЕЌЕ ...

Гори автобус на автопатот Скопје – Штип, објави Телевизија Вис. Засега нема информации за дали во несреќата има повредени лица и која била причината за палење на автобусот. Повеќе информации наскоро.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.09.2020 година –  Македонска Каменица, Делчево и регионот денес со зголемен број на активни случаи со Ковид-19. Од делчевскиот здравствен дом информираа дека од вкупно 12 те денешни регистрирани случаи, 6 се од Македонска Каменица. -Станува збор за повозрасни пациенти од двата градови кои изминатите денови се пожалиле на симптоми карактеристични за коронавирусот, по што се направени тестирања и дел од тестовите излегоа позитивни. На сите им посакуваме побрзо оздравување, истакнаа од делчевскиот здравствен дом. Тестирањата како што додаваат продолжуваат со тоа што за жал и во текот на утрешниот ден ќе има нови позитивни пациенти на коронавирус.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.09.2020 година – Во Македонска Каменица вечерва од 20:30 часот ќе започне вонредна акција за дезинфекција на сите јавни површини во градот Акцијата ќе ја спроведат екипи на Јавното претпријатие ,,Камена Река” и Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, со цел за создавање на дополнителна заштита поради појавата на зголемен број позитивни случаи со вирусот Ковид-19. Од ЈП Камена Река, апелираат до граѓаните да ги отстранат своите паркирани возила од улиците, за полесен пристап и непречено вршење дезинфекција на екипите на терен. Во акцијата ќе биде вклучена и крупна механизација со системи за распрескување на дезинфекциони средства, -…

ПОВЕЌЕ ...

Пелтечењето, едноставно кажано, е нарушување на говорот со повторување на зборови, слогови или индивидуални звуци. Најчесто се појавува во детската возраст, а кај момчињата проблемот се забележува почесто отколку кај девојчињата Децата од својата трета година и од предучилишна возраст пелтечат многу често, и тоа е затоа што конечното формирањето на мозочните хемисфери е завршено на околу пет години. Во овој случај, реакциите на возбуда се поизразени отколку процесите на инхибиција. За време на формирањето на говорот, нервниот систем доживува огромни оптоварувања, како резултат на што може да се појават дефекти во неговата работа, што доведува до пелтечење. Што друго може…

ПОВЕЌЕ ...

Министерката за образование Мила Царовска ги повика oпштините заедно со директорите на училиштата кои сметаат дека ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство тоа да го сторат најдоцна до 10 септември и образложенијата да ги достават до Комисијата која ќе ги разгледа нивните барања и ќе оцени дали ги исполнуваат условите. Децата од прво до трето одделение ќе ја следат наставата со физичко присуство во просториите во училиштето, но дадено е право на избор за следење на наставата на далечина, со писмено изјаснување на родителите. Министерката рече дека во паралелките во кои има ученици кои следат настава со учење…

ПОВЕЌЕ ...

Градинките повторно ќе се отворат на 9 септември односно наредната среда по Денот на независноста, одлучи денеска Владата. На првата владина седница  е донесена одлука сите градинки до 9 септември да се подготват за почнување со работа и згрижување на деца. Владата им препорача на сите општини да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката според ковид протоколите нема доволно простории. Исто така општините треба да обезбедат и соодветен дополнител кадар за временски период до траењето на епидемијата со ковид-19 доколку градинката има потреба од тоа, за да може непречено да функционира. Според протоколот…

ПОВЕЌЕ ...