Author: Media Point

Македонска Каменица, 24.07.2020 година – Санде Цековски од село Косевица, Македонска Каменица упатува апел за помош до сите хумани граѓани и организации, поради својата незавидна здравствена состојба. Потребни се средства за лекување кои Цековски не е во можност самиот да ги обезбеди. Линк за донации на средства: https://www.facebook.com/donate/655278158401727/ Во упатениот апел од нашиот 55-годишен сограѓанин Санде Цековски се вели: Почитувани сограѓани, Драги пријатели ширум државата и надвор од неа, Јас, Санде Цековски од с.Косевица, роден на 07.11.1964 година веќе неколку години се борам за своето здравје. Како Рударски Работник во Рудникот Саса во Македонска Каменица, пред неколку години ми…

ПОВЕЌЕ ...

Третото издание на Beach Film Festival официјално започна вчера вечер со светската премиера на филмот „Сплавот“ (The Raft) на израелскиот режисер Одет Раз, кој и се обрати на публиката преку видео порака. Фестивалот се одржа под отворено небо на плажата пред хотелот Холидеј М во населбата Св.Стефан во Охрид. Покрај долгометражниот филм, публиката на фестивалот имаше можност да ужива со музиката на Тино Костадиновски, како и да погледне неколку домашни студентски филмови. По завржување на проекциите, присутните имаа можност да постават прашања до режисерите на краткометражните филмови. Фестивалот се одржува согласно здравствените протоколи за заштита од вирусот Ковид-19. Фестивалот вечерва…

ПОВЕЌЕ ...

Фејсбук објави нова функција што ќе им овозможи на корисниците да емитуваат видео повици во живо со најмногу 50 учесници, пренесува CNBC. Функцијата им овозможува на корисниците да проследуваат видео повици во живо спроведени од услугата Messenger Rooms, комбинирајќи ги со нивниот Facebook Live. Ова ќе им овозможи на големата публика да гледа групни видео повици во реално време. Потенцијалната корист е поврзана со можноста за организирање и емитување конференции или ТВ-емисии. Новата опција за пренесување повици во Messenger Rooms е најголемото ажурирање на производот за видео повици што го започна Фејсбук во април. По објавувањето на функцијата, акциите на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 23.07.2020 година – Општина Македонска Каменица информира дека е во тек вонредна акција на ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица за дезинфекција на сите јавни површини, спортски игралишта, терени и забавни паркови, како дел од мерките кои Општината ги презема за дополнителна заштита од Ковид 19. Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека, преку работата и редовните состаноци на Општинскиот штаб за заштита и спасување од Ковид 19, будно ја следи состојбата и навремено ги спроведува сите мерки и препораки од Владата и Комисијата за заразни болести за спречување и ширење на коронавирусот. Исто така, општина Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22.07.2020 година – Општина Македонска Каменица започна градежни активности за изградба на “Скејт Паркот”, дел од предвидениот “Парк на млади”. Паркот се наоѓа покрај новиот уреден дел покрај градскиот кеј од Каменичка Река (Титов Парк) на вкупна површина од 8000 квадратни метри. Увид во градежните работи изврши и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Саменкова која нагласи дека “идејното решение за уредувањето на овој простор доаѓа токму од младите во градот, кои преку искажаните идеи на спроведениот јавен конкурс, дадоа свој придонес и белег во уредувањето на овој простор според нивните потреби и желби”. Со целосната изградба на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22.07.2020 година – Придржувајќи се до донесените протоколи од страна на Владата и Комисијата за заразни болести, општина Македонска Каменица преку работата на ЈП “Камена Река” започна со обезбедување на потребните услови за работа на градската теретана во склоп на Куќата на спортот. Во официјалното соопштение за јавност на профилите од социјалните мрежи на општина Македонска Каменица стои дека, започнатот уредување на внатрешните простории од градската теретана во склоп на “Куќата на спортот”, во наредните денови ќе продолжи со дезинфекција на просториите во Куќата на спортот. Исто така, ќе биде воспоставен и посебен режим за престој и користење…

ПОВЕЌЕ ...

Подготвил: Тамара Гроздановски Лектор: Ивана Кузманоска Земјите на Карибите, кои претрпеа огромни загуби во туризмот поради пандемијата на коронавирусот, организираа продажба на „златни пасоши“. Тие даваат државјанство во замена за инвестиции, а сега цената е многу пониска. Среде пандемијата, побарувачката е двојно зголемена, велат експертите за инвестициска имиграција. Кому му требаат вакви услуги, зошто и колку чинат? Туризмот го нема Уште во март аналитичарите предупредија дека епидемијата ќе ги „шокира“ карипските држави поради структурата на економијата и високата зависност од приходите на туристичките индустрии. На пример, на Бахамите, Барбадос и Јамајка придонесот на туризмот за БДП е од 43 до 48 отсто.…

ПОВЕЌЕ ...

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а дневната од 24 до 35 степени. Во Македонска Каменица и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и утринска температура до 15 степени, а дневна до 32 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Вакцината против коронавирусот развиена од универзитетот во Оксфорд е безбедна и може да го активира имунолошкиот систем, покажаа прелиминиарните резултати од клиничкото истражување, објави „Би-Би-Си.“ Тестовите во кои беа опфатени околу 1.077 луѓе покажаа дека по примањето на инјекцијата се создале антитела и бели крвни клетки што можат да се борат со коронавирусот. Изработена е од вирус создаден со генетски инженеринг што предизвикува обична настинка кај шимпанзата. Според истражувањето, т-клетките, кои се вид на бели крвни клетки кои помагаат во координирањето на имунолошкиот систем се способни да откријат кои клетка од телото се инфицирани и да ги уништи. Нивоата на…

ПОВЕЌЕ ...

Цените на бензините од полноќ се намалија за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар. Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 сега се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит. Се намали и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега се продава по 26,215 ден/кг. – Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги за периодот од 1 јули до 15 јули 2020 година на берзанските…

ПОВЕЌЕ ...