Author: Media Point
Кој знаеше дека криењето во оставата, во чајната кујна, скролањето низ социјалните мрежи додека гмечиш бисквит во устата, може да биде од корист за мојот изглед? Чувствувам како ми се повлекуваат брчките додека зборуваме! Пред да го имам моето девојче, сакав да се облекувам, да го шминкам целото лице, да плескам најмалку две пудри за лице неделно и да му дадам приоритет на времето за нега. Деновиве се трудам да се пресоблечам од хеланки за „дома“ во „фенси“ хеланки. Моите приоритети се променија, но сепак сакам да се чувствувам добро, и да бидам навистина искрена, понекогаш добивам шок кога ќе…
Претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со ковид-19, објавија дел од медиумите. Редакцијата на „Слободен печат“ се обиде да добие информација од Инфективната клиника, но засега нема потврда. Детални информации за неговото здравје, исто така нема, но според медиумите ситуацијата се искомплицирала. Бошкоски е позитивен на Ковид-19 од минатата недела, а за тоа самиот извести. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен.
Ако видите портокалово светло на екранот – можеби некој ве набљудува Најновата верзија на оперативниот систем на компанијата Apple, iOS 14 има за цел да стави крај на прислушкувањето и користењето на камерата и микрофонот на вашиот телефон без дозвола. Поради тоа, iOS 14 има опција што на корисниците им овозможува да видат кога е вклучен нивниот микрофон или камера. Корисниците тоа отсега ќе го видат со помош на портокаловата точка во горниот десен агол на екранот, а користејќи го Control Center може да се провери која апликација моментно го користи микрофонот или камерата. Доколку не сакате некоја апликација да…
Зголемена облачност со изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи се очекуваат попладне во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. Синоптичарите и за утре и за во четврток најавуваат променливо облачно време со локален дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок, а веќе за викендот, особено во сабота, под влијание на влажен бран, се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе биде поинтензивен во сабота.
Македонска Каменица, 22.09.2020 година – Поради вршење на поправка и отстранување на дефект на водоводната мрежа, корисниците од улица Осоговска и дел од улица Александар Македонски ќе останат без снабдување со вода. Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Снабдувањето со вода ќе биде нормализирано до 13:00 часот, – известуваат од ЈП Камена Река – Македонска Каменица
Странските државјани кои работат во Германија заработуваат многу помалку од домашните државјани, покажува статистика на германската сојузна агенција за труд, пренесува Дојче веле. Додека германските државјани во минатата година имале месечен среден приход од 3.509 евра бруто – значи пред плаќањето на даноците и придонесите – кај странците таа вредност била 2.614 евра. Тое е за дури 895 евра или за четврт помалку. Не станува збор за просекот туку таканаречената медијана, ведноста под и над која се наоѓа по тчно половина од сите приходи. За разлика од просекот, таа вредност го ублажува влијанието на многу ниските и особено многу високите…
Алармантна ситуацијата во Валандово, Струмица, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Пробиштип, Штип, Гевгелија…Во источниот и јужниот дел на змјава во малите градови има вкупно 554 активни случаи на корона вирусот. Граѓаните стравуваат дека ситуацијата може целосно да излезе од контрола зошто нема никакво почитување на мерките за заштита од вирусот. Со оние кои контактираше Фактор, појаснуваат дека секоја вечер има собирања, па како што велат, не е ни чудо што најголемиот дел од новозаразените се помлади луѓе. -Пред неколку дена се вратив од Струмица. Бев три дена приватно да му помогнам на семејството околу некои работи. Што да ви кажам,…
Македонска Каменица – Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Македонска Каменица до 13:30 часот ќе останат без вода за пиење. Од ЈП „Камена Река“ изјавуваат дека поради специфичноста на дефектот и непристапниот терен, поправката на истиот се врши од раните утрински часови. Од претпријатието апелираат до граѓаните за рационално користење на резервните количини на вода. Дежурни екипи на Јавното претпријатие работат на отстранување на дефектот од раните утрински часови, со почеток од 06:00 часот.
Македонска Каменица, 21.09.2020 година – Во Македонска Каменица започна едукативна акција за превенција и спречување на пожари. Акцијата е во реализација на ПООН Македонска Каменица и општина Македонска Каменица, а ќе биде реализирана во соработка со МЗШВ – Шумска полиција и ТППЕ Македонска Каменица. Целта на акцијата е едукација на граѓаните преку изготвени прирачници, постери и флаери за совесно однесување во шума и отворен простор. Исто така едукативната акција нуди начини на безбедно дислоцирање на градинарски и полски отпад без негово горење на отворен простор, што претставува дополнителна опасност за предизвикување на пожар особено во есенскиот период. Од страна на…
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 септември. Денеска е Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат празникот како Мала Богородица. Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така, таа по татко беше од царски, а по мајка од архијерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Кој од неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му…
