Author: Media Point

Петти ден како делчевската полиција трага по 83 годишниот Ристо Ѓорѓиевски од делчевското село Косово Дабје. Последен пат како што информира неговиот син Душко Ѓорѓиев кој живее во Делчево бил забележан минатата среда на 22 септември. Носел жолто палто и жолти пантолони и чекал превоз на стариот пат за Бигла. -Татко ми исчезна во среда околу 11 часот е виден последен пат на стариот пат за село Бигла. Бил преоблечен и бос. Јас последен пат бев за селото во понеделник и вторник и оттогаш го немам видено, вели Ѓорѓиев кој го пријавил случајот во делчевската полиција. Заедно со полицијата како…

ПОВЕЌЕ ...

Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 21.09.2020 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 21.09.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е…

ПОВЕЌЕ ...

МОН: ПЛАТФОРМАТА СЕ ТЕСТИРА ЗА ЦЕЛОСНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ Тим 24 пон, 28.09.2020 | 1:13 pm  0 Коментари За целосна функционалност на националната платформа за онлајн-учење се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови, соопшти Министерството за образование и наука откако падна системот и платформата www.schools.mk не е достапна. – Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации…

ПОВЕЌЕ ...

„Гугл“ објави ажурирање на апликацијата „Гугл мапс“, а иновацијата значи дека наскоро ќе можеме да видиме во кои области на мапите има најмногу заразени со коронавирус. Функцијата пристигна на „Гугл мапс“ денес и наскоро треба да биде достапна во 220 земји низ целиот свет. Податоците ќе бидат прикажани како црвени точки, а што е поцрвено, толку е заразено на 100.000 жители. Некаде, податоците ќе бидат толку прецизни што ќе можеме да видиме дури и колку заразени лица има во одредени делови од градот, но сето тоа зависи од тоа колку податоци Гугл успева да собере за одредена територија, пренесува Tech…

ПОВЕЌЕ ...

Земјите во регионот разговараат за отворање на границите без тестови, но засега нема договор. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека идејата е да се има изедначена политика меѓу земјите од Западен Балкан, плус Бугарија и Грција и границите да се поминуваат без пцр тестови.

ПОВЕЌЕ ...

Нов четврти пакет помош од Владата: 31 мерка во вредност од 470 милиони евра 31 мерка и вкупно 470 милиони евра за помош на бизнисот и граѓаните за излез од кризата. Владата го презентираше четвртиот пакет мерки, што за прв пат ќе чека зелено светло од Собранието. Овој пат, финансиската помош ќе се дели скалесто и ќе зависи од тоа колку се намалени приходите на фирмите, како дирекна последица од кризата. Ќе продолжи субвенционирањето на плата во износ од 14.500 до 21.776 денари по вработен за месеците октомври, ноември и декември. Оваа мерка е наменета за сите фирми, трговци поединци,…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА 1:0 ЖФК Прилеп Македонска Каменица, 27.09.2020 година – Значајна победа и огромни 3 бода против доста квалитетниот тим на ЖФК Прилеп од Прилеп. Денеска одигравме тврд натпревар против екипата која до шестото коло имаше 6 победи во 6 одиграни натпревари. Многу битка на теренот со квалитетен фудбал и по неколку шанси на двете страни. Сепак нашите девојки покажаа поголема желба за победа и заслужено победија, – изјави тренерот на каменичката екипа, Зоран Златковски Поради позитивните резултати на COVID 19 денешниот натпревар го пропуштија Ленче Андреевска, Рабија Дервиши и Пале Николовска.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменца, 27.09.2020 година – Денес беше означен почетокот од дејствувањето на новоформираното Спортско планинарско алпинистичко друштво „Царев Врв – Руен“ од Македонска Каменица. Со поддршка на ЕД “Здравец 2002” Македонска Каменица, денес беше организирана и првата планинарска тура. Стартот беше од туристичко-манастирскиот комплекс „Еленец“ во село Цера 2, до Царев Врв (2085 м) и крајна точка на Ајдучка чешма и село Саса 2. https://www.facebook.com/109109814276998/posts/121060819748564/

ПОВЕЌЕ ...

На социјалните мрежи деновиве се шири апел на една мајка од Делчево која бара помош за нејзиното семејство кое се наоѓа во тешка ситуација. Апелот во целост можете да го прочитате овде. Доколку сакате да донирате кликнете овде

ПОВЕЌЕ ...

Воздвижение на Чесниот Крст или Крстовден е значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12-те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 14 септември, односно на 27 септември по стариот календар. Крстовден е празник на пост и покајание. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот,…

ПОВЕЌЕ ...