Author: Media Point

Македонска Каменица, 06.10.2020 година – Започна реконструкцијата на внатрешниот дел од Здравствената станица “Гоце Делчев” во Македонска Каменица. Проектот кој треба да биде реализиран во наредните 15 дена опфаќа внатрешна реконструкција со замена на подот и уредување на ѕидовите во сите заеднички и помошни простории во установата, – изјави д-р Марија Глигоровска, директор на ЗД Гоце Делчев – Делчево Истите градежни активности ќе бидат преземени и во ЗД “Гоце Делчев” во Делчево. Крајниот рок за уредување на внатрешноста на двата објекти е 50 денови од почетокот на работите. Во склоп на реконструкцијата, покрај целосното реновирање на внатрешноста на просториите од…

ПОВЕЌЕ ...

Со пораката „учители ви благодариме“ денеска учениците од прво и второ одделение од ООУ „Ванчо Прке“ им го честитаа на своите наставници Меѓународниот ден на учителот 5 Октомври. Низ детски песни и игра во училишниот двор и многу насмевки, но и со почитување на протоколите, учениците им се заблагодарија на благородната дејност на учителите од ова училиште, каде настава со физичко присуство следат 160 ученици, а 23 ученици во подрачните училишта. По повод Меѓународниот ден на учителот, заменик-директорката на ООУ „Ванчо Прке“, Маријана Стојменовска истакна дека актуелната пандемија донесе нови предизвици за учителите. „Нашата професија нè научила да бидеме во чекор со современите текови, но и да…

ПОВЕЌЕ ...

По реакција на угостителите, надлежните посочија дека се подготвени да разговараат, но мислењето на експертите останува клучно. Нови 82 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, што е благо намалување во однос на претходните денови. Сепак, Владата со цел превенција од ширење на вирусот, деновиве воведе нови ограничувања во работата на угостителските објекти. Токму ова предизвика реакција кај угостителите, кои најавија дека доброволно ќе ги затворат објектите, оценија дека со рестрикциите нема да се намали бројот на заболени и побараа унифицирани протоколи. Новите мерки кои Владата ги прифати како препорака од Комисијата за заразни болести се забрана…

ПОВЕЌЕ ...

На 03.10.2020 во 00,10 часот на магистрален пат А3, на делница од Штип до Виничка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од В.И.(49) од с.Истибања,виничко и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од с.Г.Подлог,кочанско. Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., , а во Општата болница Кочани била констатирана смрт, додека возачот на патничко моторно возило„фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.10.2020 година – Граѓани преку фејсбук статуси сведочат за расфрлан отров во градското подрачје на Македонска Каменица. Во текстот од фејсбук статусот, наша сограѓанка ги предупредува граѓаните за внимание кон своите миленици поради можност од затровување на истите. Како што се наведува во текстот, отровот е расфрлан во текот на изминатата ноќ или во раните утрински часови. Сите пријави и јавни објави на социјалните мрежи од граѓаните за оваа појава, ќе бидат презентирани во јавноста. Се надеваме дека надлежните органи, по основ на ваквите пријави соодветно ќе реагираат и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за заштита на…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4. Во болнички услови се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово…

ПОВЕЌЕ ...

САД- Американскиот претседател објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин. Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата со Џо Бајден во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска. Таа исто така патуваше со Трамп со хеликоптер на митинг во Минесота. Засега е непознато дали карантинот ќе влијае на втората дебата на Трамп со Бајден, што треба да…

ПОВЕЌЕ ...

Како што веќе најавивме, од утре започнува продорот на топол воздух од југ, кој особено за време на викендот ќе услови невообичаено високи температури на воздухот. Најтопло ќе биде во недела и во понеделник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност и тоа особено во недела, кога ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Исто така за време на викендот, како и во понеделник Сахарската прашина која ќе биде присутна кај нас…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01.10.2020 година – Околу педесетина незадоволни родители од Македонска Каменица денес во дворното место на деветолетката „Св.Кирил и Методиј“ го изразија својот револт против како што рекоа одлуката за онлајн настава за своите деца, кои се ученици во ова општинско основно училиште. Дел од родителите кои протестираа сметаат дека училиштето ги исполнува условите за реализирање настава со физичко присуство на учениците. -Ние бојкотираме затоа што сме свесни дека нашето училиште ги исполнува сите услови и стандарди што се бараат од Комисијата за заразни болести и Министерството за образование и протестираме да ни бидат примени учениците со физичко присуство.…

ПОВЕЌЕ ...