Author: Media Point
Вечерва, по 16. пат, во Скопје ќе се одржи културната манифестација „Бела ноќ“. Една недела порано од вообичаеното на 10 локации (паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам), посетителите ќе можат да ги погледнат перформансите, концертите, изложбите и другите културно-уметнички активности – информираат од Град Скопје. Оттаму додаваат дека Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија. Годинава…
https://www.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=_UaMJWWp1dQ&fbclid=IwAR3SeC8WDdV0kkP5rsr_CZStUurWqyEnYFjPIMeN0iYlpPItOjOjuQ11S7E&app=desktop&ab_channel=MON-LMS
Македонска Каменица, 25.09.2020 година – ЈП “Камена Река” ги известува граѓаните станари во колективните живеалишта во општина Македонска Каменица, дека од понеделник, 28.09.2020 година, започнува редовното чистење на оџаци. Станува збор за редовна пракса, која ЈП Камена Река ја врши секоја година, пред почетокот и после завршувањето на грејната сезона. Ова е постапка со која се обезбедува поголема безбедност и елиминирање на можноста од појава на пожари предизвикани од запалување на оџаците во колективните живеалишта во текот на грејната сезона. Од ЈП Камена Река апелираат до граѓаните за строго придржување кон Куќниот ред за станување во колективни живеалишта, како и…
Македонска Каменица, 25.09.2020 година – Министерството за животна средина и просторно планирање објави Соооштение за јавност во врска со истекувањето на јаловишен материјал од Јаловиште бр. 4 во водите на Каменичка Река. Текстот од соопштението ви го пренесуваме во целост: Изречена санкција за Рудникот САСА Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина понуди постапка за посредување согласно законот, правниот субјект Рудник САСА и Државниот инспекторат за животна средина склучија спогодба за плаќање глоба со задолжување за спроведување на девет мерки, во посредство на Комисијата за спогодување на Министерството за животна средина и…
Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, особено попладне. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Во доцните попладневни и вечерните часови од запад ќе започнат врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени. Од утре па натаму ќе…
Цвеклото е едно од најлековитите зеленчуци, коe редовно можеме да го имаме на нашата трпеза. Лекарите велат дека дури и само една порција на салата, во текот на денот, од цвекло измешана со некој друг зеленчук, може да придонесе за поголема енергија и поголема концентрација, а исто така да делува и превентивно против настинката и грипот. * Здравствени придобивки од цвеклото: 1. Цвеклото речиси и не содржи масти Овој зеленчук ја регулира вашата желба за јадење на благо, а е еден од ретките зеленчуци кои во себе речиси и да немаат масти. Затоа честопати се препорачува кога се започнува со…
Владата на Република Северна Македонија на својата 5-та седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020 година. Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта. Извештајот констатира дека не ги…
Од стотина пациенти со Ковид 19 кои биле на респиратор, преживеале само четворица. Тие веќе се на домашно лекување а битката за живот ја воделе во ГОБ 8-ми септември. На Инфективна, од 33ца кои морале да бидат приклучени на механичка вентилација сите починале. Само еден пациент успеале да го симнат од апарат кај кој подоцна смртта настапила од мозочен удар. По бројот на починати Македонија е меѓу првите во Европа. Во 8ми септември се регистрирани најмногу смртни случаи од корона – 255, а тоа е околу 10 проценти од хоспитализираните изминатите 6 месеци. Дел од нив не ни стигнале да…
По писмото на претседателот Пендаровски, и премиерот Заев, со цел ова прашање повторно да се стави во фокусот на вниманието, му напиша на цариградскиот патријарх Вартоломеј и побара од него да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. По претседателот на државата Стево Пендаровски, и премиерот Зоран Заев му прати писмо на поглаварот на Цариградската патријаршија, патријархот Вартоломеј и побара тој да асистира за Македонската православна црква – Охридска архиепископија конечно да биде признаена како автокефална црква. Според експертите за црковни прашања, со речиси идентичните писма пратени практично во исто време до патријархот Вартоломеј, политичкото раководство покажува…
Во целост Ви го пренесуваме обраќањето и покана за промотивен настан преку социјалните мрежи од младиот физичар Мартин Ристовски. Еве за што станува збор: Здраво! Јас сум Мартин Ристовски и моментално студирам физика и компјутерски науки на Columbia University во Њујорк, САД. Стигнав каде што сум бидејќи бев опкружен со други амбициозни млади луѓе, и сметам дека Школото на Иднината е најдобриот начин да возвратам на оваа заедница и да придонесам до нејзиниот развој. Нашето искуство, и со натпреварите и со образовната структура на најдобрите универзитети во светот, нѐ прави уникатно квалификувани да го кренеме нивото на натпреварувачката физика во…
