Author: Media Point
Без Ељиф Елмас, но со капитенот Горан Пандев, Македонија утре ќе истрча на „Тодор Проески“ по историска победа над Косово, која ќе нè доближи на само еден чекор до прв пласман на едно Европско првенство. uefa-ln-fudbal-trening-i-press-na-makedonija-07.10.2020-5337.jpg Нашиот најдобар фудбалер и покрај корона-проблемите со кои се соочува неговата Џенова, успеа да најде начин и допатува во Македонија. На денешната официјална прес-конференција Пандев им се заблагодари на сите кои му помогнаа безбедно да пристигне во Скопје. „Прво сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да допатувам во Македонија. Меѓу најзаслужните се селекторот, генералниот секретар на ФФМ и директорот на Џенова. Сите знаеме…
Горан Пандев утревечер ќе ги предводи репрезентативците во дуелот против Косово во полуфиналето од баражот во Лигата на нации. Пандев во последен момент пристигна во Скопје, со помош на ФФМ и на државните институции успеа да излезе од карантинот во кој беше неговиот тим Џенова, бидејќи има дури 22 фудбалери и членови на стручниот штаб кои се позитивни на коронавирусот, но тестовите на Пандев беа негативни. Пандев веќе го заборави тоа и сите мисли ги насочува кон натпрвеарот со Косово. Прочитај повеќе: ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ: СИТЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ Е ВАЖЕН ЗА НАС НАТПРЕВАРОТ СО КОСОВО – Сакам најпрво да им се заблагодарам…
Се топи бојкотот на онлајн наставата во централното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Директорката, Марина Василевска-Стојановска за Телма вели дека само 10 % или 30-тина родители не дозволуваат нивните деца да се вклучат на платформата Микрософт Тимс. Но, класните раководители преку разговори со родителите им објаснуваат дека мора да им овозможат на нивните деца да се вклучат во електронската настава. Пристигнат е и одговорот на приговорот на Советот на родители. Комисијата за заразни болести им далa негативен за физичка настава, поради актуелната епидемиолошка состојба. Во моментов околу 150 деца од Општина Македонска Каменица немаат компјутер или друг уред…
Наставничка позитивна на ковид стави во изолација 15 првачиња во ОУ„ Гоце Делчев“ во Центар 360степени Уште една наставничка е во изолација како сомнителна и ги чека резултатите од тестирањето кои треба да бидат готови до сабота Таа дотогаш ќе остане дома, додека децата од нејзиното одделение одат на настава со заменски наставник Петнаесет првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во скопската населба Центар од синоќа се во 14-дневна изолација откако една наставничка е позитивна на коронавирус. „За една наставничка е потврдено дека е позитивна на ковид-19. Вчера добивме резултати и веднаш им се јавивме на родителите. Таа ќе држи…
Македонска Каменица, 07.10.2020 година – ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради настанат дефект на главна водоводна линија, од 10:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со вода на улиците Осоговска и Александар Македонски. Екипите на ЈП Камена Река работат на отстранување на дефектот. Повеќе информации за времетраењето на прекинот во снабдувањето со вода граѓаните на Македонска Каменица ќе добијат во текот на денот.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1. Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1. Во болнички услови починати се 8 лица – два пациенти од Скопје (75 и 68), три пациенти…
Откако Телеком Словенија прва во Словенија го презеде наредниот чекор од денес официјално во Словенија е достапна 5G мрежа за корисниците, извести словенечко Дело. Телеком Словенија воспостави национална мрежа од петтата мобилна генерација на фреквенција од 2600 MHz, која се користи и за мрежата од четвртата генерација. Најголемата разлика која ќе ја почувствиваат корисниците на 5Г мобилната мрежа на Телеком ќе биде брзината на пренос на податоци. После понудата на телекомуникациски пакати ќе следува понуда прилагодена за различна намена. Телеком Словенија потенцираше дека области како што се енергетика, транспорт, логистика, индустрија, паметни градови, здравство, јавна безбедност и други се најперспективни…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски се надева на успех на средбата со Косово. Тој вели дека сите негови соиграчи се подготвени за дуелот кој е претпоследна пречка на патот кон Европското првенство. – Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово. Нивната игра добро ќе ја анализираме. Ќе с епотрудиме со нашиот квалитет д аги нападнеме нивните слаби страни и на крајот да се радуваме на победа, изјави…
Во најновото рангирање на Passportindex, македонскиот пасош се најде на 16-та позиција во моментов по моќност, односно во моментов е помоќен и од американскиот пасош. Пандемијата поради коронавирусот ја смени моќноста на пасошите, па така на врвот е сега пасошот на Нов Зеланд, земја која втор пат прогласи победа над коронавирусот. Од регионот, словенечкиот пасош е највисокорангиран на 5. место, Хрватскиот на 8, додека на деветтото место се пасошите на Романија и на Бугарија. Србија е на 14-то место, Црна Гора на 18-то. Пасошот на Албанија е веднаш зад Македонија на 16-та позиција, додека на Косово е 65-тата позиција. Пасошот на…
САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на реката Македонска Каменица, 06.10.2020 – Рудникот САСА успешно ја заврши поправката на оштетениот насип на хидро-јаловиштето број 4 и ги направи сите инженерски прилагодувања со кои се обезбедува дополнителна сигурност и безбедност. Поправката и инженерските прилагодувања на насипот се извршени во координација и согласно препораките на врвни македонски и странски експерти. Со ова се исполнија неопходните предуслови за продолжување на редовното производство во САСА, за што компанијата доби соодветно одобрение од надлежните институции. За време на прекинот на производството, сите вработени во САСА ги задржаа своите работни…
