Author: Media Point
Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“. Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.
Бројот на активни случаи сега изнесува 4.236 (Фото: К. Попов) Бројот на нови случаи на коронавирус во Македонија за првпат отиде над 400, како што пандемијата добива нов голем замав низ цела Европа и многу држави бележат дневни рекорди. Во изминатите 24 часа се регистрирани 445 нови случаи на зараза од направените 2.080 тестирања. Најмногу од нив се во Скопје – 249, па следуваат Струмица со 36, Прилеп со 25 и Тетово со 16. Претходниот рекорд од 386 новозаразени е забележан на 9 октомври. Од почетокот на епидемијата во Македонија има 21.636 заразени. Ковид-19 однесе уште девет животи во земјата,…
Македонска Каменица, 11.10.2020 година – Во 9. коло од Првата женска македонска фудбалска лига, екипата на ЖФК Каменица САСА со 6:1 славеше над ЖФК Шкендија. Стрелци на головите за каменичката екипа беа АнаДимитровска (3), ВероникаНиколовска (1), МарјанаНацеваМану (1) и МилаТалевска (1). До новата победа каменичките девојки дојдоа преку доминација на теренот од првата до последната минута. Создадоа многу шанси за голови за лесна победа и нови 3 бода. На гостинската екипа им посакуваат многу успеси во иднина. Натпреварот се одигра без публика на Градскиот стадион во Македонска Каменица, со почеток од 13:00 часот. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
Со почит кон историјата и нејзините придобивки градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ. Македонска Каменица, 11.10.2020 година – Со почит кон историјата и нејзините придобивки градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ. https://www.facebook.com/watch/?v=1293291277671565 На одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ, свежо цвеќе положија и претставници од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ЈП „Камена Река“, КИЦ „Романса“, како и претставници на дел од…
Македонска Каменица, 11.10.2020 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати честитка до сите граѓани на општина Македонска Каменица, по повод денот 11 Октомври Ден на народното востание, во која се вели: Почитувани, Дозволете да го честитам Денот на народното востание – 11 Октомври на сите мои сограѓани. Ова е денот кој треба да нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и одважноста на нашите предци. Симбол на борбата против злите и деструктивни сили. Наша водилка за сплотено да работиме и градиме татковина која ќе биде подобро место за живеење. Овој голем државен празник е симбол на непокорот и правдољубивоста,…
И Каменица е “Медена земја”: Пчелите ја однесоа Снежана Илиевска во новиот број на списанието WizzAir Македонска Каменица, 11.10.2020 година – Документарецот „Медена земја“, реализиран во рамките на швајцарската Програма за зачувување на природата, го стави нашето пчеларство во фокусот на многу медиуми. Новото издание на магазинот WizzAir ја содржи и репортажата за потеклото на популарното мото на Атиџе Муратова – „половина за мене, половина за пчелите”. Влијанието што документарецот го наметна врз пчеларството и туризмот, швајцарската поддршка на млади и жени пчелари од брегалничкиот регион и поддршката за зачувување на пчеларската традиција. Снежана Илиевска од Македонска Каменица пред љубителите…
Во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 189 – Куманово 14 – Дебар 2 – Штип 13 – Прилеп 19 – Тетово 27 – Струга 7 – Велес 12 – Битола 9 – Охрид 5 – Кавадарци 8 – Гостивар 6 – Гевгелија 15 – Струмица 15 – Крива Паланка 4 – Радовиш 10 – Крушево 1 – Кочани 13 – Пробиштип 3 – Македонски Брод 2 – Пехчево 2 – Берово 3 – Валандово 1 – Делчево 3 – Кратово 1 – Свети Николе 2 – Кичево…
Македонска Каменица, 10.10.2020 година – Во најновото Соопштение за јавност од Рудник САСА поврзано со отпочнувањето на процесот за чистење на истечената јаловина при хаваријата од 14.09.2020 година, се вели: С О О П Ш Т Е Н И Е Почитувани, Ве известуваме дека од вторник, 13. октомври 2020, Рудник САСА ќе отпочне со прва фаза на отстранување на јаловина која истече како резултат на инцидентот на Хидројаловиште од 14/09/2020, по течението на реката во должина од 11,5 километри. Чистењето на јаловината ќе се одвива согласно техничка документација во чија подготовка учество зедоа домашни и странски експерти. Оваа фаза од…
Само уште десет празни кревети останаа на Инфективната клиника во Скопје за пациенти со Ковид-19. Во Куманово, Струмица и Велес, повеќе нема слободни места и тие пациенти се препраќаат во Скопје. Министерот за здравство изјави дека се пополнува капацитетот во сите инфективни оделенија насекаде во државата, но смирува дека болниците се` уште може да се менаџираат. Фактот што, колку повеќе креветите се полнат, толку повеќе докторските ординации се празнат, за Филипче е резултат на премореноста од борбата со Ковид-19. Откако неколку сестри и доктори си заминаа, отказ најавила и шефицата на Одделот за инфективни болести во болницата „8 Септември“,Патриција Каламарас.…
Викенд без ДДВ: Купувајте домашни производи, државата го враќа целиот износ на ДДВ Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови. Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ. Секој граѓанин ќе добие поврат на целиот ДДВ за направен промет во овие три дена во вкупен износ до 30.000 денари. За тоа да го добијат…
