Author: Media Point
Извор: Министерство за здравство На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти, а во „8 Септември“ има 3 приеми; – Возило на Брза помош пред монтажната болница до Инфективна. – (Фото: К. Попов) Девет лица починаа, од кои и 36-годишно лице од Скопје, а од 2.367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починати се уште тројца пациенти од Скопје (60, 65 и 53), еден пациент од Штип (66), еден од Радовиш (72), еден од Струмица (71), еден од Пробиштип (75) и еден пациент од Македонска Каменица (44). Во Скопје се регистрирани…
Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет. Организацијата…
Возраста и широкиот спектар на првични симптоми го зголемуваат ризикот од „долг Ковид“, покажува ново истражување. Се проценува дека едно од 20 лица е болно најмалку осум недели. Истражувањето, направено од Кралскиот колеџ во Лондон, покажа дека полот, вишокот тежина и астмата го зголемуваат ризикот. Целта е да се развие сигнал за рано предупредување што може да ги идентификува пациентите на кои им е потребна дополнителна нега или кои можат да имаат корист од раното лекување. Наодите доаѓаат од анализа на луѓе што ги внесувале нивните симптоми и резултатите од тестовите во апликацијата „Истражување за симптоми на Ковид-19“. Научниците ги…
Македонска Каменица, 22.10.2020 година – Под мотото „Помислете и на нас“, а како дел од одбележувањето на Неделата на борба против гладта, Општинската организација на Црвен крст Делчево утре во Македонска Каменица ќе реализира хуманитарна собирна акција за поддршка на ранливите категории граѓани. Во рамки на утрешната акција, како што информираат од Црвен крст – Делчево, хуманите граѓани од Македонска Каменица, според своите можности ќе можат да донираат парични средства како и прехранбени артикли и намирници со подолг рок на траење. Од паричните средства кои ќе бидат соберени заедно со останатите намирници, ќе бидат изготвени хуманитарни пакети, кои ќе бидат…
Македонска Каменица, 22.10.2020 година – Поради изведување на градежни работи на регионалниот пат Македонска Каменица – село Саса, во текот на утрешниот ден 23.10.2020 година, сообраќајот ќе биде во целосен прекин во периодот од 11:00 до 14:00 часот. Денес, започна асфалтирањето на првата делница од 12 километарскиот регионален пат кој ги поврзува Македонска Каменица и двете најголеми рурални средини, како и економскиот оператор Рудник Саса. Од таа причина, изведувачот на градежните работи во координација со рудник Саса и според потребите за непречено работење, во наредниот период ќе воведе времен сообраќаен режим на овој патен правец. За нови измени во режимот…
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, 21.10.2020 ГОДИНА – ВО ЦЕЛОСТ ЗАКЛУЧОЦИТЕ ОД СОСТАНОКОТ НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОДРЖАН НА 21.10.2020 ГОДИНА Денес, 21. Октомври 2020 година со почеток од 12 часот, се одржа состанок на Координатвното тело на општинскиот штаб за заштита и спасување – Македонска Каменица. Во рамки на расправата околу моменталната состојба со Ковид 19 во општина Македонска Каменица, помеѓу другото беше истакнато дека во моментов од страна на Центарот за јавно здравје решенија за изолација имаат 16 лица, од кои 6 се позитивни на Ковид 19. Сите лица, според извештајот на…
Македонска Каменица, 20.10.2020 година – Дури четири фудбалерки од екипата на ЖФК Каменица САСА се повикани во македонската репрезентација за квалификацискиот натпревар против Франција, стои во текстот на официјаната фејсбук страна на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица Натпреварот на кој ќе настапат Рабија Дервиши, Пале Николовска, Марјана Нацева и Христина Јошевска, ќе се одигра на 23. Октомври во Орлеанс, Франција. Многу среќа и успех на нашите првотимки во националниот дрес на македонската репрезентација, – доплнуваат до каменичкиот женски фудбалски клуб, кој доминира на фудбалските терени во Македонија пред претстојните натпревари од Лигата на шампиони.
Македонска Каменица 19.10.2020 година – Општина Македонска Каменица соопшти дека денес е реализирана акција за заловување на кучињата скитници во централното градско подрачје. Заловени се 8 кучиња скитници од страна на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово – компанијата која на основа на претходно склучен договор за услуги ја спроведува постапката за нивно соодветно третирање. Ова е втора спроведена акција од склучениот Договор. При првата акција реализирана во изминатиот месец беа заловени 9 кучиња скитници. Од општината најавуваат уште акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во општина Македонска Каменица.
Се асфалтира последната делница од стариот пат Виница – Делчево Градежната механизација на јавното претпријатие „Македонија пат” денескака го почна асфалтирањето на последната делница долга 3,1 километри од регионалниот патен патен правец Виница – Делчево. Градежните работи се изведуваат меѓу селата Црн Камен и Калиманци, со што по три децении целосно ќе се комплетира стариот пат што ги поврзува двете општини. – Со средства во висина од 19 милиони денари, што ги обезбедивме преку Јавното претпријатие за државни патишта, ја стартувавме финализацијата на последните километри од патот, чија ширина е 3,5 метри. Во зависност од временските прилики, градежните работи треба…
Бигорски е нашиот победник над времето и вековите “Бигорски е нашиот победник над времето и над вековите, нашата гордост што трае, зашто од љубовта кон него и од љубовта од него израсна во неисцрплив вруток, во наш духовен горостас, во наш најдобар црковен репрезент…“, додаде меѓу другото во пригодното слово кон присутните г.г. Стефан на централната манифестација за одбележување на 1000 години од основањето на духовниот центар, Бигорскиот манастир. Претседателот Пендаровски, пак, кој е и покровител на настанот, пак, посочи дека токму овој јубилеј нè поттикнува да размислуваме колку мудро ги користиме деновите во нашите животи и во што ги…
