Author: Media Point
Во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 200 -Куманово 16 -Дебар 2 -Штип 9 -Прилеп 29 -Тетово 30 -Струга 2 -Велес 6 -Битола 14 -Охрид 4 -Кавадарци 17 -Гостивар 5 -Гевгелија 15 -Струмица 11 -Крива Паланка 1 -Радовиш 6 -Кочани 12 -Пробиштип 1 -Македонски Брод 2 -Пехчево 1 -Берово 5 -Валандово 2 -Виница 3 -Делчево 4 -Кратово 2 -Свети Николе 3 -Кичево 11 -Ресен 10 -Неготино 5 Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г)…
Наумче Мојсовски конечно именуван за нов директор на Агенцијата за млади и спорт Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски е именуван за директор на Агенцијата за млади и спорт. Владата не денешната седница го потврдила изборот на Мојсовски кој доаѓа на местото на Дарко Каевски кој беше избран за пратеник во македонскиот парламент. Наумче Мојсовски е претседател на Комисијата за спорт во СДСМ. Тој ја заврши ракометната кариера во 2016 година. Член е на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија и на управата на РК Струга.
Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, предупредува дека со вакво непочитување на мерките бројот на новозаболени ќе расте и над 500-600, па и до 1 000 случаи дневно. Во моментов, како што вели, не се размислува за воведување полициски час, но доколку новите мерки не дадат резултати, вели, и тоа е опција Засега ќе се предложат два сета мерки – оние со кои треба да се воведе задолжително носење маска и на отворено и да се забрани групирање во домовите, а за кои ќе се носат законски измени, како и нови рестрикции во јавниот превоз и ограничување…
Македонска Каменица, 16.10.2020 година – ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради настанат дефект на главна водоводна линија, прекинато е снабдувањето со вода на улиците Рударска и дел од Александар Македонски. Екипите на ЈП Камена Река работат на отстранување на дефектот. Повеќе информации за времетраењето на прекинот во снабдувањето со вода граѓаните на Македонска Каменица ќе добијат во текот на денот.
КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА НОВИ РЕСТРИКЦИИ?! Поради нов негативен рекорд во ковид-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои над половината во скопје здравствените власти денеска разговараат за евентуални нови рестрикции. Во последниот билтен се регистрирани и шест починати пациенти. Во моментов има 4597 активни случаи. Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува за нови мерки кои би вклучувале рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работа на угостителските објекти..според ресорниот министер за воведување полициски час е сè уште рано. Проблемот со чекањето за тестирање на сомнителните и со симптоми треба да биде надминат со…
Како и во изминатите години, во чест на Тоше ќе трчаат десет маратонци и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше. Пречекот на маратонците ќе го организираат средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, основното училиште „Никола Карев“ и Општина Крушево. Како и досега, на влезот на Крушево маратонците ќе бидат пречекани со црвени рози. Тринаесет години…
Македонска Каменица, 15.10.2020 година — Пронајден е украдениот автомобил од Македонска Каменица. Сопственикот на автомобилот објави фотографии по пронаоѓањето на истиот на кои се гледаат видни каросериски оштетувања. Автомобилот е пронајден во Делчево во еден од зафрлените делови покрај река Брегалница.
Македонска Каменица, 15.10.2020 година – Како што стои во објавата на личниот профил од социјалните мрежи на сопственикот на автомобилот кој утринава е украден од пред неговиот дом, истиот се уште не е пронајден. Сопственикот во објавата бара помош од сограѓаните, наведувајќи дека секоја информација е добредојдена. Според сопственикот, случајот е пријавен во Полициското одделение во Македонска Каменица, веднаш откако приметил дека му недостасува паркираниот автомобил. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3771092389590804&id=100000702406927
„Работничките права во време на корона-Корона права” е мотото на четвртата „Текстилијада”, која ја организира здружението на граѓани „Гласен Текстилец”-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип на денешната прес-конференција најави дека настаните на „Текстилијадата” почнуваа од утре, а ќе траат до 17 октомври. -Овогодинешната Текстилијада има цел да ја отвори темата и проблематиката за почитувањето на работничките права на текстилните работници и работнички во време на пандемијата со Ковид-19. Преку дијалог со носителите на одлуки, институциите и работодавачите, работниците и работничките здружено и солидарно да дејствуваме и да изнајдеме решенија од кои посилни ќе излеземе од оваа здравствена, економска и…
Коронавирус во градинка во Делчево, изолирани тројца вработени и 12 деца. Целиот текст овде.
