Author: Media Point

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4. Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66,…

ПОВЕЌЕ ...

Над 60 санкции за еден час во Делчево и Берово, над 14.000 за помалку од месец во државата Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Делчево и Берово, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Делчево https://m.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=AkZyBtub91g

ПОВЕЌЕ ...

Вчера попладне полициски службеници од беровската полиција забележале патничко моторно возило „пежо 307“ со бугарски национални ознаки кое на даден знак не застанало. „По преземени мерки кај раскрсницата за село Ратево, било пронајдено возилото, а биле пронајдени и три лица – мигранти од Сирија. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Македонска Каменица претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени. Во следните денови се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови…

ПОВЕЌЕ ...

Продолжува труењето кучиња во М.Каменица Иако неодамна беше извршена редовна акција за заловување на кучиња скитници во М.Каменица и оваа сабота според информации на граѓани продолжи труењето на оние животни, кои останаа недетектирани од надлежната служба задолжена за нивно безбедно дислоцирање од улиците. Лошата глетка која и денеска можеше да се забележи низ градските улици повторно ги загрижи граѓаните кои велат дека труењето е опасно за околината. -Не е решение на ваков начин да се решаваат проблемите. Оние кои го прават ова да се запрашаат што се може да се случи ако „не дај Боже” дете дојде во контакт со…

ПОВЕЌЕ ...

Тестот што постхумно беше направен на пратеникот Амди Бајрам покажал дека тој бил позитивен на Ковид-19. Бајрам беше тестиран посмртно, откако денеска во болницата „Жан Митрев“ бил донесен починат. Пред две недели, Амди Бајрам во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија. Претходно изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбата која првично беше закажана во ресторан во Шуто Оризари.

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти, а починати се 14 лица, Најмногу новозаразени се регистрирани во Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Гевгелија-9, Струмица-29, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9. И од оздравените најмногу има во Скопје-107, Куманово-4, Штип-9, Прилеп-10, Тетово-11, Струга-4, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-1, Гевгелија-5, Струмица-4, Радовиш-6, Кочани-6, Пробиштип-1, Македоснки Брод-1, Пехчево-2, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-3. Починати се 14 лица, пациенти од…

ПОВЕЌЕ ...

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64 годишна возраст. Министерот за здравство Венко Филипче изјави  Амди Бајрам имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести. „Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации“, изјави Филипче. Дел од медиумите јавија дека Амди Бајрам имал проблеми со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид-19.

ПОВЕЌЕ ...

„Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини“, стои во Фејсбук статусот на министерот за здравство, Венко Филипче. -Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, пишува тој.

ПОВЕЌЕ ...