Author: Media Point

Во рамките на фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас 2020”, во некое поинакво издание, со ограничен број на посетители, без можност за отварање на изложбата на карикатури како што доликува поради ситуацијата во која се наоѓаме, беа изложени 48 карикатури. Оваа година на овој меѓународен фестивал на објавениот конкурс со наслов “На работ од бездната 2020” учествуваа над 270 учесници со над 500 учеснички карикатури од целиот свет, стои во соопштението на официјалниот налог на социјалните мрежи на градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров. Во продолжението на соопштението се вели дека и се изборот на комисијата која е…

ПОВЕЌЕ ...

Нови мерки во мак-спортот: Задолжителни тестови пред меч, изолација само на „позитивните“! Ширењето на коронавирусот во нашата земја направи проблем и во спортот. Кошарката доцни со стартот, ракометот беше одредено време во прекин, а одложени се и меѓународни натпревари на Вардар и Металург поради позитивни случаи во екипата. Што ќе биде со спортот понатаму? Од Владата за Gol.mk велат дека се усвоени нови пакет-мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Сите ќе мора да носат заштитни маски како и претходно, со исклучок на играчите, да се држи дистанца, да се прави редовна дезинфекција… „Со новите протоколи за организрање на спортски…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.20.2020 година – Рудник САСА обезбеди 200 таблет компјутери за учениците во Македонска Каменица За да се обезбедат потребните услови сите ученици да ја следат онлајн наставата, рудникот САСА набави 200 нови таблет компјутери кои им се донирани на училиштата во Македонска Каменица. Конкретно, 150 таблет компјутери се обезбедени за учениците во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, а 50 таблет компјутери се наменети за средното училиште „Миле Јаневски–Џингар“ во градот. „Свесни сме дека пандемијата од Ковид-19 наметна многу предизвици и потреба да го менуваме и прилагодуваме начинот на кој ги извршуваме нашите секојдневни работни обврски. Ова се…

ПОВЕЌЕ ...

Тиквата може да се јаде варена или печена, вкусна е и многу здрава. Има витамини во себе од типот Б1 и Б2, минерали, најмногу фосфор. Има и витамини А и Ц, Б3 и Б6, фолна киселина и 93 посто вода во себе.Помага за желудникот, за места на кои чувствувате болка, за акни. Помага на дијабетичари, помага за дијареа, како и псоријаза. Јадете ја често во каков облик и да сакате.

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 15 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 76, 63, 84, 82, 75, 80 и 75 години, тројца од Велес на 41, 86 и 57 години, двајца од Гевгелија на 60 и 51 година, еден до Ресен на 70 години, еден од Делчево на 59 години и еден пациент од Охрид на 87 години. Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 628 новозаразени, односно, регистрирани се 353 случаи во Скопје, 36 во Прилеп, 34 во Велес, по 33 во Куманово и Тетово, 28…

ПОВЕЌЕ ...

Утринава има појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје, претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни…

ПОВЕЌЕ ...

Легендарниот Диего Армандо Марадона сигурно е еден од најдобрите во историјата, многумина би кажале и најдобар фудбалер во историјата. За три дена тој ќе го прослави својот 60. роденден. Непосредно пред својот роденден Марадона откри која е неговата желба за роденденски подарок. „Мојот сон е да и дадам на Англија уште еден гол, овој пат со другата рака“, порача Марадона Нормално, Марадона мислеше на голот на Светското првенство во 1986 година кога настана познатата „Божја рака“. Коментари

ПОВЕЌЕ ...

Сината боја на оваа графика на НАСА ги прикажува потенцијалните области со молекули на вода и хидроксил на Месечината Месечината е полна со дупки со скриена вода, откриле истражувачите на НАСА. Ова е одлична вест за плановите на американската вселенска агенција да испрати астронаути назад на Месечината преку програма и да постави постојана база таму, со цел да се користи како ресурс за време на претстојните мисии – како враќање на луѓето на Месечината преку програмата Артемис на НАСА. Овие амбиции се потпираат на можноста за ископување вода на Месечината и потоа одвојување на водата во кислород и водородни соединенија за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.10.2020 година – Општина Македонска Каменица е во фаза на реализација на уште еден инфраструктурен проект од комуналната изградба. Оперативата на ЈП Камена Река поставува нова линија за фекална канализација на улицата “Даме Груев” со должина од 450 метри. Во рамки на изградбата на 650 метарската нова градска улица “Даме Груев” паралелно се работи на поставување на фекална и атмосферска канализација, како и нејзино спојување со комуналната мрежа до Миле Јаневски Џингар. Со изградбата на овој инфраструктурен проект трајно се решаваат комуналните проблеми, а со финализирањето на градежните работи на улица “Даме Груев” на жителите од оваа градска…

ПОВЕЌЕ ...

Засилени контроли во Делчево и Берово: 112 санкционирани возачи Министерството за внатрешни работи вчера (24.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Делчево и Берово. Притоа, изречени се вкупно 112 санкции, меѓу кои 22 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 14 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

ПОВЕЌЕ ...