Author: Media Point
Од Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип се презадоволни откако е најавено дека неделата ќе биде неработен ден во земјава. Кристина Апмева од „Гласен Текстилец“ вели дека ова го барале со години, но во јануари годинава, Мила Царовска која беше министер за труд и социјална политика, ветила дека барањето ќе се реализира. „Јас сум пресреќна и ова ќе им одговара на текстилните работници, на градежниците, на вработените во маркетите, моловите. Ова е добро со оглед на тоа што 30 години никој не водел сметка за работниците, ни синдикатите, ни институциите. Луѓето реагираат на социјалните мрежи дека не сакаат да работат ниту…
Македонска Каменица, 03.11.2020 година – Денес објавените информации од Министерството за здравство покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Македонска Каменица и Делчево има вкупно 273 регистрирани позитивни случаи на Ковид 19. Според податоците од Центарот за јавно здравје во нашата општина имаме вкупно 66 позитивни лица на Ковид 19. Од нив 35 лица веќе се оздравени, а бројот на активни во моментов изнесува 30. Загрижува фактот дека во последните денови се регистрирани 26 нови случаеви и имаме пораст на Covid-19 за дури 410%. Во целост денешниот извештај на Министерството за здравство: Во последните 24 часа се направени 2731 тестирања,…
Македонска Каменица, 03.11.2020 година – Утре, со почеток од 14 часот екипата на ЖФК Каменица Саса ги започнува групните натпревари во Лига на шампионите. Првиот натпревар каменичките девојки го играат против 15-кратниот шампион на Бугарија, екипата на НСА Софија. “Атмосферата во тимот е одлична. Во изминатиот период интензивно се подготвувавме за овој историски натпревар. Покрај тренинзите на терен, преку видео анализа на домашната екипа, ги темелно ги простудиравме силните и слаби страни на противникот, – изјави тренерот на македонскиот претставник во Лига на шампионите, Зоран Златковски. Во својата изјава, тренерот на македонскиот претставник на најмладата екипа во најсилното женско…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ф.Џ. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 17.10.2020 пријавениот, во дворното место на својот дом и надвор од него, организирал прослава по повод свршувачка, на која поканил и присуствувале поголем број лица.
Македонија од утре го ограничува работното време на угостителските објекти до 21 часот, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Ова следува откако викендов за првпат беа регистрирани над 1.000 нови случаи на зараза во еден ден, бројот на починати се искачи над илјада и беше надминат прагот од 10.000 активни случаи. Претходно, на кафулињата, кафеаните и рестораните им беше наложено да работат до 23 часот. Исто така, се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21 часот. „Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани да не се движат на јавен простор…
Албанец со потекло од Македонија е терористот кој уби четири лица во Виена. Властите молчат но новинар на магазинот „Фалтер“ го откри идентитетот на терористот. Главниот уредник на магазинот „Фалтер“ Флориан Кленк тврди дека убиениот терорист кој синиќа изврши терористички напад во Виена е младо момче од Виена , Албанец со потекло од Македонија. -Тој се вика Куртин С. Роден е во 2000 година во Виена, каде и пораснал. Потеклото му е албанско, а неговите родители се од Македонија и немаат никаква врска со исламизмот, напиша познатиот австриски новинар на Твитер. Уредникот на магазинот наведува дека терористот кој убил четири лица,…
Речиси половина од тестираните на коронавирусот во денешната статистика на Министерството за здравство се позитивни на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 1325 тестирања, а позитивни се 565. 42,6 отсто од тестираните се позитивни на ковид. Според информациите од Министерството за здравство, најголем дел од заразените се во Скопје, 230. Во останатите градови сликата е следна – Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.
Македонска Каменица, 02.11.2020 година – Општина Македонска Каменица на официјалната веб страна објави Известување за граѓаните во кое стои дека, поради пандемијата со Ковид 19 и заштита на личното и колективносто здравје на граѓаните и вработените, од утре започнува со двосменско работење. Еве го целиот текст од соопштението објавено на официјалната веб страна на општина Македонска Каменица: ИЗВЕСТУВАЊЕ Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека од 03 ноември 2020 година општинската администрација воведува двосменско работење согласно со насоките и препораките во врска со потребата за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (КОРОНА ВИРУС). Работното време…
Нови 1085 нови случаи на коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, дознава Centar.mk Засега нема информации за тоа дали има починати. Повеќе детали се очекуваат, откако официјално, Министерството за здравство ќе ги соопшти целокупните статистики, кои во изминативе денови се испраќаат со задоцнување.
Дваесет и четири годишник од Делчево утрово е лишен од слобода откако претходно бил пријавен за обљуба врз женско лице од Делчево. Случајот како што стои во извештајот од Полициското одделение од општа надлежност Делчево бил пријавен утрово во 1:30 часот од страна на роднина на пријавената. -Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 31 октомври 2020 во 06:45 часот го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево, пријавениот извршил обљуба врз неа, се вели во полицискиот извештај. Обљубата како што…
