Author: Media Point
Пациенти од Виница, се јавувале кај матичните лекари за да им кажат дека се „негативни“ на коронавирусот, откако дома им дошол некој да ги тестира со тест „кој покажувал една или две цртки“и „се правел со една капка крв“. Извор: slobodenpecat.mk Според нашите извори кои се матични лекари во Виница, ваквото тестирање, кое е сосема незаконско, медицински неиздржано, нерелевантно, опасно и претставува општа закана за јавното здравје, го извршувале лица со сопствено возило и за него наплаќале 1000 денари. За ваквата појава добивме потврда од два независни извори во Виница. Станувало збор за луѓе без никакво медицинско образование, без никаква…
Македонска Каменица, 13.11.2020 година – Општина Македонска Каменица објави прашалник преку кој заедно со граѓаните ќе го креира Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2021 година. Граѓаните имаат можност на непосреден начин, по електронски пат, да ги посочат своите проблеми, барања, предлози или идеи. Линк до формуларот со прашања: https://makedonskakamenica.gov.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5/
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а на места повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини, особено претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Македонска Каменица, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Околу пладне сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени. В сабота ќе…
Истражување спроведено од американскиот Универзитет во Вандербилт покажа дека носењето маски ја намалува стапката на смртност од вирусот во некои подрачја најмалку двапати. Во раните фази на пандемијата имаше недостиг на истражувања што ќе ги потврди придобивките од носењето маски кај населението во кои единствената разлика во примерокот ќе биде во тоа што дел од популацијата на земја со слична популација, култура и слични навики носи маски, а друг дел не. Ваква студија конечно беше спроведена деновиве и објавена во вторникот од страна на научници од Универзитетот во Вандербилт. Тие откриле дека окрузите во сојузната држава Тенеси, кои не вовеле…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-539, Куманово-55, Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11, Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од: Скопје-190, Куманово-25, Штип-18, Прилеп-40, Тетово-30, Струга-1, Велес-26, Битола-11, Кавадарци-12, Гостивар-14, Гевгелија-13, Струмица-23, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-5. Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63,…
Македонија во својот дебитантски настап на едно ЕП ќе игра во групата Ц, а противници се Холандија, Украина и Австрија. Групите беа извлечени пред еден месец, а се чекаше разврската само во Лигата на нации. ЕП ќе се одигра следната година, во 12 европски градови од 12-ти јуни до 12-ти јули.
Македонската репрезентација успеа да го добие историскиот натпревар во Тбилиси на Динамо Арената, против домашната селекција на Грузија, во финалето на Лигата на Нации. Во првиот дел очекувано, тврда и рововска битка се водеше на теренот во Тбилиси меѓу Грузија и Македонија. Главно играта на средината на теренот, со многу борба, и со многу грешки. Грузијците беа нешто подобри во поседот на топката, имаа и три шанси, додека Македонија еднаш преку Пандев се закани со директна закана кон Лорија, кој одбрани и изби во корнер. Во вториот дел средбата започна мирно, а потоа, во 56-та минута се случи најдобриот момент…
Македонска Каменица, 11.11.2020 година – Според последните објавени податоци на официјалната веб страна од Институтот за јавно здравје (www.iph.mk), во дневните извештаи и неделниот извештај за периодот од 02-08.11.2020 година, општина Македонска Каменица има 50 активни позитивни случаи на Ковид 19 и 35 лица кои ја прележале болеста. Исто така и бројот на лица во изолација е значително зголемен, но точната бројка како податок во моментов, ја немаме. Во денешните известувања на дел од медиумите беше пренесена вест за 86 моментално заболени лица од Ковид 19. Станува збор за грешка во информирањето, односно бројка на вкупен број заразени лица од…
Вели дека не се смее, дека не е некој весел тип… Ама успева често да ја насмее цела Македонија со различни статуси на различни теми кои ги „набива„ во кратки црти на социјалните мрежи. А пушува… Пишува многу! Тој е поет и сестран уметник, човекот со каубојки и стил својствен само за него. Божидар Божиновски е исклучителен талент кој го распостила вешто преку зборови, а зборовите во дела. Зад себе има неколку книги, работи на многу значајни проекти и уникатен е во изразот. Го следат и стари и млади, а тој често обединува со мислата. За Машки магазин ни…
Рано утрово во 04.54 часот на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес. Според првите неофицијални информации, станува збор за земјотрес со јачина од 5.4 степени по Рихтер. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во Македонија и во Албанија. Засега не е познато дали се причинети материјални штети низ нашата држава.
