Author: Media Point
Од СВР-Штип, во текот на вчерашниот ден регистрирале два случаја на силувани малолетнички, кои во полиција ги пријавиле роднини на девојчињата. Првиот случај во штипската полициска станица околу 13.20 часот го пријавила 57-годишна жена, која рекла дека претходниот ден околу 16 часот била извршена обљуба врз нејзината малолетна внука, од страна на лице кое исто така било малолетно. Како што информираат од МВР, вториот случај во Кочани бил пријавен вчера во 14.30 часот. „Маж пријавил дека околу 00.30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена пријава“,…
Поради Ковид кризата граѓаните ги смениле потрошувачките навики. 36 проценти од нив го зголемиле обемот на онлајн купување. Од почетокот на кризата забележан е раст од 177 проценти во онлајн трансакциите кон домашните е-трговци. Сепак граѓаните немаат многу доверба кон странските трговци поради што купувањето е намалено за 36 проценти. Северна Македонија е рангирана на врвот ,но по ниското ниво на дигитални вештини на населението истакна на он лајн конференцијата претседателката на Асоцијацијата Нина Ангеловска „Најголемиот предизвик за е-компаниите е ниската дигитална писменост на населението,на второ место е наоѓањето на соодветен кадар. Најголема бариера повторно е ниското ниво на свест…
Кои возила ќе се легализираат со новиот закон? Државата пресмета точно дека од мерката ќе заработи над 20 милиони евра, но нема конкретен одговор на прашањето кои се тие автомобили кои ќе добијат македонски таблички. Законот кој синоќа го усвои Владата предвидува 50% попуст на давачките за регистрација на возила на странски таблички во сопственост на лица кои имаат двојни државјанства. Тие возила треба да се внесени до 1-ви октомври годинава и да се со стандард ЕУРО 4. Мерката ќе важи една година. Но остануваат две дилеми, што значи датумот 01 октомври и колку од овие возила кои претежно се…
Македонска Каменица, 24.11.2020 година, Македонска Каменица – Во текот на вчерашниот ден, општина Македонска Каменица спроведе акција за заловување на кучиња скитници. Служби на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово задолжени за заловување на кучиња скитници на територијата на општина Македонска Каменица, врз основа на претходно склучен Договор за услуги, во акцијата успеаа да заловат вкупно 7 кучиња скитници. Истите во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, како и третирање со вакцинација и кастрација, – стои во соопштението од Општината Во понатамошниот дел од соопштението, општина Македонска Каменица ги замолува жителите, до надлежните да пријавуваат појави на кучиња скитници,…
ЖФК Каменица Саса минатата сезона беше државен шампион во Прва ЖФЛ и летоска играше во квалификациите во Лига на шампиони, а во новата сезона по првите 15 кола односно во есенскиот и првиот дел од првата полусезона тимот е есенски шампион со 39 бода. Првенството е изедначено и во секое коло се менуваше тимот кој беше на чело на табелата, но по завршувањето на полусезоната сосема заслужено Саса е есенски шампион. На вицешампионското место е тимот на ЖФК Тиверија од Струмица со 35 бода, а од трето до петто место се екипите на: ЖФК Деспина Прилеп, ЖФК Скопје и ЖФК…
Македонска Каменица, 22. Ноември 2020 година – Денес, младинските екипи на ФК Каменица САСА ги започнаа натпреварите од есенскиот дел на второлигашкото првенство на Македонија. Во знак на оддавање почит кон прерано загинатиот Перо Стојановски натпреварот започна со едноминутно молчење и со порака за огромна благодарност до најголемиот великан на каменичкиот и македонските фудбалски простори. Перо Стојановски е долгогодишен првотимец и капитен на ФК САСА, екипа која под негова палка го диригираше македонскиот прволигашки фудбал. Перица беше синоним за пожртвуван и предан играч на фудбалската игра. Со виртуозноста во изведбата на фудбалските мајстории, со несебичноста и љубовта кон својот тим секогаш…
ИНТЕРВЈУ АНДРИЈАНА БУДИМИР: Сакам како селектор на машка репрезентација да освојам медал на големо натпреварување Од ракометарка која пред две децении влезе меѓу легендите со освојувањето на титулата во Лигата на шампионите со Кометал Ѓ.П., Андријана Будимир сега испишува една поинаква историја – тренерска. Таа е единствената жена која во моментов е главен стратег на една машка екипа во домашни рамки, а пред година дена доби шанса и на клупата на кадетската репрезентацијата на Македонија, иако тоа траеше само една акција. Девојчето кое на осум години пред себе има три опции – атлетика, ракомет или одбојка, се одлучува за спортот…
Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.
Времето во саботата наутро во Македонија е студено и ветровито, а преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд. Минималната температура се во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени. Во Македонска Каменица и околината ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Понекаде во повисоките делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. Минималната температура…
Македонска Каменица, 20.11.2020 година – Според последните објавени податоци на официјалната веб страна од Институтот за јавно здравје (www.iph.mk), во дневните извештаи и неделниот извештај за периодот од 13-20.11.2020 година, општина Македонска Каменица има 18 активни позитивни случаи на Ковид 19 и 42 лица се со решенија за изолација. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата со Ковид 19 изнесува 96 лица. ЧУВАЈТЕ ГО СВОЕТО И ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ! ОД НАС ЗАВИСИ! Извор на податоци: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија Линк: www.iph.mk
