Author: Media Point

Пандемијата на коронавирусот ни влијаеше физички и емоционално, без разлика дали се работи за деца или возрасни. Карантинот и затворањето на државите за сите беа голема транзиција, која од луѓето бараше приспособување на повисоко ниво. Тоа таканаречено приспособување, всушност, по дефиниција е стрес. Кај децата, неизвесноста, социјалната изолација, недостигот на интеракција со врсниците и немањето активности на отворено – доведоа до иритација, здодевност, анксиозност, депресија, стрес, страв, загриженост и други негативни чувства. Друга поента од целокупната дебата на оваа тема е дали карактерот (интроверт/екстроверт) влијае врз тоа како децата се справуваат со оваа пандемија или токму пандемијата ги прави децата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06.12.2020 година – Во третото коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија каменичките “Баскет Кам” девојки забележаа нова висока победа над Пробаскет од Кавадарци. Со денешната висока победа од 91:46, женската екипа на Баскет Кам покажува високо ниво на воиграност на тимот и професионалност во работењето за време на подготвителниот период на стручниот тим на клубот. Најефикасна на теренот беше докажаната Катерина Поп Димитровска со постигнати 39 поени во текот на натпреварот на кој, Баскет Кам девојките имаа целосна доминација и контрола над резултатот. По првите три одиграни кола во Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата…

ПОВЕЌЕ ...

Фирмите кои ја злоупотребија државната помош за исплата на плати на вработените се уште не ги имаат дадено парите на работниците. Претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека несовесните газди се кријат и немаат абер да ги исплатат вработените за првите месеци од пандемијата. Димовски вели помошта од државата во некоја мера ќе им помогне на компаниите, но работодавачите се должни да не ги оставаат вработените само со финансиите кои ги добиваат од државната каса, туку остатокот од износот на платата која ја заработуваат вработените да биде дополнета од компанијата во која…

ПОВЕЌЕ ...

Пообилни врнежи од дожд, а на планините и снег, за утре и за в среда најавуваат метеоролозите. Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда врнежите ќе бидат пообилни над 35  л/м2,  на места и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во среда ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Утре минималните ќе бидат над нулата и ќе се движат од еден до 4 степени, од вторник ќе се спуштат и ќе се движат од два до минус три степени. Дневните максимални од 5…

ПОВЕЌЕ ...

Српскиот пејач Џеј Рамадановски почина на 56 годишна возраст. Локалните мердиуми јавуваат дека во неговиот дом пристигнала екипа на Итна помош во обид да го реанимира пејачот, но не успеале во борбата за неговиот живот. -Одам кон Дорчол, ми се јавија и ми кажаа дека не можат да го разбудат. Сигурно починал, беше во многу лоша здравствена состојба, но не станува збор за коронавирус, изјавил кусо неговиот менаџер за Мондо.рс. Здравјето на пејачот веќе неколку години било влошено, а во последното интерју истакнал дека никаде не се движи бидејќи Ковид-19 за него би бил погубен.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.12.2020 година – Според последните објавени податоци на официјалната веб страна за дневните извештаи од Институтот за јавно здравје за Состојбата со COVID-19 во Македонија и светот за периодот 23-29.11.2020 (www.iph.mk), општина Македонска Каменица има 60 активни позитивни случаи на Ковид 19 и 68 лица кои ја прележале болеста. Според издадените решенија од МВР за изолација на лица позитивни на Ковид 19 во Македонска Каменица имаме 39 активни случаи, од кои 10 се хоспитализирани. Бројот на лицата кои имаат добиено решенија за изолација поради близок контакт со позитивни лица изнесува 42. Разликата во бројките, според Центарот за јавно…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица. 03.12.2020 година – Состојба со Ковид 19 во Македонија (03.12.2020), според објавените податоци од Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 479 -Куманово 52 -Дебар 20 -Штип 45 -Прилеп 84 -Тетово 58 -Струга 52 -Велес 59 -Битола 83 -Охрид 49 -Кавадарци 42 -Гостивар 63 -Гевгелија 33 -Струмица 29 -Крива Паланка 12 -Радовиш 12 -Крушево 5 -Кочани 33 -Пробиштип 10 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 2 -Пехчево 2 -Берово 4 -Валандово 4 -Виница 4 -Делчево 22 -Кратово 7 -Свети Николе 13 -Кичево 31 -Ресен 13…

ПОВЕЌЕ ...

Со тешко дишење, кашлица и неколкудневна фебрилност…Околу 25 пациенти дневно со ваква клиничка слика завршуваат во тријажниот центар на Токсикологија. Кај најмалку 15 од нив брзиот тест покажува дека се позитивни на ковид 19. -Со оглед дека гледаме да правиме што подобра селекција во однос на оние кои доаѓаат како ургентни, околу 70 до 80 проценти од нив се позитивни. За жал, голем дел од нив доаѓаат со намалена сатурација, фебрилност неколку дена во релативно тешка или крајно тешка состојба, вели. Др. Нико Беќаровски – Клиника за токсикологија. Различните рендген снимки на заразени во март и април и сега, според…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.12.2020 година – Општина Македонска Каменица и Рудник Саса во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, поради специфичноста на ситуацијата во која се наоѓаме поради актуелната пандемија со Ковид 19, денеска остварија кратка средба со претставници од Дневниот центар за лица со посебни потреби – Македонска Каменица и ЦПЛИП “Порака”. „Меѓу останатите теми на разговорите водени околу новите предизвици со кои како заедница се среќаваме, преку присутните претставници на средбата упативме поздрави до штитениците од Центарот и до сите лица со посебни потреби од нашата Општина“, – изјави градоначалничката на општина Македонска Каменица…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.12.2020 година – Дневниот центар за лица со посебни потреби по повод 03. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост на официјалниот фејзбук налог објави кратки поздравни пораки од дел од штитениците до своите блиски и до сите граѓани на Македонска Каменица. Во краткиот текст со водео објавата стои: Драги пријатели на Дневниот центар за лица со посебни потреби од М.Каменица. Минатата година на овој ден имавме еден прекрасен настан кој долго ќе го паметиме. Оваа година се е поразлично, па и одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. По тој повод дел…

ПОВЕЌЕ ...