Македонска Каменица, 06.12.2020 година – Во третото коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија каменичките “Баскет Кам” девојки забележаа нова висока победа над Пробаскет од Кавадарци.
Со денешната висока победа од 91:46, женската екипа на Баскет Кам покажува високо ниво на воиграност на тимот и професионалност во работењето за време на подготвителниот период на стручниот тим на клубот.
Најефикасна на теренот беше докажаната Катерина Поп Димитровска со постигнати 39 поени во текот на натпреварот на кој, Баскет Кам девојките имаа целосна доминација и контрола над резултатот.
По првите три одиграни кола во Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на Баскет Кам има две победи. Во текот на првото коло беше слободна екипа на распоред.
