Author: Media Point

Македонска Каменица, 02.12.2020 година – Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски заедно со Претседателот на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство – СИЕР, Игор Ѓерасов ја посетија Синдикалната организација во Рудник САСА, која има ново раководство предводена од новиот претседател Драган Миленковски. Разговарите се водеа за проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат работниците при извршување на работните задачи во Рудникот. За почитувањето на мерките за безбедност и здравјето при работа, како и за потребата од зголемување на платите. Истовремено, Претседателот на ССМ Димовски,  Претседателот на СИЕР Ѓерасов и Претседателот на Синдикалната организација на СИЕР  во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01.12.2020 година – Голем интерес за брзи тестови за Ковид-19 во Делчево и Македонска Каменица.  Директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска, информира дека повеќе од два месеци во просторијата за земање брис, успешно се земаат и ПЦР тестови, додека во последниот месец граѓаните се почесто се тестираат со брзи тестови за Ковид-19. -Во мај месец ние ја оформивме таа просторија за земање на брисеви и работеше еден период со мал одзив а и немавме коронавирус. Од пред два месеци веќе редовно вторник и петок таа просторија се користи за земање ПЦР тестови. Од пред еден месец…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.11.2020 година – Денес, во Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, од страна на Општинската организација на Црвен крст Делчево беа доставени безконтактен хигиенски тотем за дезинфекција на раце и обувки,безконтактен термометар и средство за дезинфекција. Директорката на училиштето, Марина Стојановска Василевска изрази благодарност за донацијата. Додавајќи дека ваквите активности на Црвениот крст, треба да бидат поттик и на сите останати за взаемна поддршка и човечност во овие времиња. За хуманитарните акции кои периодов ги спроведува Црвениот крст ни изјавија дека во соработка со Министерството за образование и наука и Турската агенција за соработка…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.11.2020 година – Во петок, на 04. Декември 2020 година, од 9:30 до 13:30 часот во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одржи крводарителска акција. Општинската оргснизација на Црвен Крст – Делчево, ги повикува крводарителите и сите заинтересирани граѓани, да се вклучат во акцијата и придонесат за подобро здравје на населението. Воедно, Црвен Крст – Делечво ги поканува и сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да датуваат крв. Во текот на крводарителската акција ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од КОВИД 19, а за крводарителите ќе има…

ПОВЕЌЕ ...

Научници од Јужноафриканската Република предлагаат да се пуштат мали честички во горниот дел од атмосферата кои би ја рефлектирале сончевата светлина и би ги намалиле температурите на површината на Земјата. Станува збор за контроверзен план, но разорните суши во Кејптаун и во остатокот од државата може да доведат до недостиг на вода за пиење. Според предлогот, во стратосферата би се ослободиле аеросоли на сулфур диоксид, со што би се намалиле сушите до крајот на векот за околу 90%, се вели во истражување спроведено на Универзитетот на Кејптаун. Според истражувањето, ослободувањето на рефлектирачките честички во атмосферата би ги задржало сегашните температури.…

ПОВЕЌЕ ...

Почетокот на неделава не очекува облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег. Времето во целата земја ќе биде значително облачно, а во северните и источните делови, метеоролозите прогнозираат слаби врнежи од дожд, додека на повисоки места  ќе има врнежи и од снег. На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје , Крива Паланка и Берово 4 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид, Битола и Кавадрци 6, Дојран 10.…

ПОВЕЌЕ ...

Претреси во Делчево, откриена група што фалсификувала пари По пријава за сомнеж за извршено плаќање со фалисификувани пари, во продавница во Пехчево, полицијата открила случај на фалсификување банкноти во кој, според оперативни сознанија, биле вклучени неколку лица од Делчево -На 25.11.2020 од страна на А.К. од Пехчево околу 19.30 часот е пријавено кривично дело „фалсификување на пари” од чл.268 од КЗ. Имено А.К., продавачка во продавница пријавила дека во продавницата влегло машко лице и побарало една кутија цигари, но, бидејќи немало денари, платило со банкнота од 50 евра. Подоцна А.К. се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 29.11.2020 година – Немилосрден старт на каменичките “Баскат Кам” девојки на почетокот од годинешново прволигашко првенство. Денес во рамки на второто коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, против екипата на ЖКК Куманово, успеа да слават со високи 106:46. Целосна доминација во играта. Противникот надигран на секој дел од теренот. Во одбрана одиграно со максимална дисциплина, додека нападот идеално функционираше, според замислата на тренерот Јордан Цветановски, кој по завршувањето на натпреварот изјави: И покрај тешкотиите предизвикани од коронакризата и моменталното отсуството на дел од стандардните играчи, сепак денес успеавме да славиме висока и убедлива победа. Сакам да…

ПОВЕЌЕ ...

Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор не ги разочараа верните бокс фанови кои ја чекаа нивната егзибициска борба до раните утрински часови, бидејќи двете легенди понудија забавна пресметка во која ја прикажаа класата која ги одбеде до врвот во овој боречки спорт. По осум интензивни рунди во кои си зададоа доста удари, борбата заврши со реми и без победник, нешто што можеше и да се очекува со оглед на специфичните правила кои беа дефинирани во рингот со оглед и на возраста која ја имаат двајцата. Од виденото во рингот, лесно можеше да се заклучи дека и двајцата боксери уживаа во…

ПОВЕЌЕ ...

Горан Пандев е официјално Маж на годината за 2020 година во избор на овогодинешното издание на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас. Овогодинешното издание на Мажи на годината оваа година, поради предизвиците со корона вирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во едно комплетно различно руво од досегашното. Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат на ТВ шоу, каде почитувајќи ги сите протоколи за заштита од медицинските власти ги доделивме наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година. Текстот продолжуа на следниов линк: skopjeinfo.mk

ПОВЕЌЕ ...