Author: Media Point

На 29.07.2020 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека во кругот на фирма во Виница во 15.30 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „рено лагуна“, од кој делумно биле зафатени уште две патнички возила „форд фокус“ и „опел мерива“. Пожарот бил изгаснат од Територјалната противпожарна единица Виница. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница. Извор: Сител

ПОВЕЌЕ ...

Младински образовен форум отвора повик за учесници на онлајн работилница насловена како „Активизам во твоето маало“ која ќе се одржи на 7-ми (петок) и 10-ти (понеделник) август од 12:00 до 14:00 часот на платформата за видео комуникација ZOOM. Учесниците на работилницата ќе стекнат знаења за базичните, елементарни алатки и клучните манипулативни техники на Фотошоп како алатка, но и како да креираат коцепт за компаративна претстава на одреден простор. На работилницата ќе бидат изработени дизајни кои подоцна ќе бидат дел од онлајн кампања насловена како „Младински простор во секое маало“, чија цел ќе биде преку младински активизам да се подигне свеста за потребата…

ПОВЕЌЕ ...

Првите луѓе на најголемите технолошки компании Facebook, Apple, Аmazon и Google вчера беа на сослушување пред американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат нивната пазарна моќ. Четворицата водечки менаџери на овие гиганти одговараа на прашањата на конгресмените преку видеоврска за нивниот бизнис, монопол и нелојална конкуренција. Така, основачот на Facebook, Марк Закерберг, се очекуваше да даде одговор за тоа дека со преземањето на Instagram и WhatsApp, неговиот Facebook стана предоминантен во областа на социјалните мрежи. Шефот на Apple, Тим Кук, ќе мора да разјасни зошто Apple мора да добива од 15 до 30 отсто од секоја продажба на…

ПОВЕЌЕ ...

И кога објавата е одбележана како лажна, Фејсбук ги предупредува луѓето што ја гледаат или се обидуваат да ја споделат објавата дека е одбележана како таква. Како дел од борбата против дезинформациите на Фејсбук, компанијата оствари соработка со независни проверувачи на факти од трети страни ширум светот, кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на содржината. Денес беше најавено започнувањето на програмата за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Исто така, оваа програма започна и во регионот, односно Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и нејзино проширување во Хрватска. Сите партнери на програмата се сертифицирани преку непартиска меѓународна мрежа…

ПОВЕЌЕ ...

Во Скопје денеска беше потпишан договорот за најголемиот синдициски заем во земјава во висина од 72 милиони евра со што се заокружува финансирањето за изградба на трговскиот центар „East Gate“ кој е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“. Трговскиот центар ќе биде најголем во регионот и се очекува да биде отворен до октомври-ноември следната година. Според најавите, ќе ја има најголемата „Зара“ во регионот на површина од 4.700 метри квадратни. Четириесет проценти од површината во шопинг центарот ќе биде со 20 нови светски брендови кои досега не се присутни во државата, а ги има во земјите од Централноисточна Европа. – Трговскиот…

ПОВЕЌЕ ...

Акутната инфекција одамна е помината, но остануваат тегоби како истоштеност, отежнато дишење или губење на чувството за мирис – за луѓето кои преживеале заболување од Ковид, не значи автоматски дека се ослободиле и од маките поврзани со болеста. Има зачудувачки примери, како оној на 30-годишен претходно сосема здрав млад човек, Симон, кај кого по прележаната инфекција со коронавирус и при најмали движења срцето почнува да работи забрзано. Тој веќе не може да работи, се преселил повторно кај своите родители, зашто сам не може да се пробива низ секојдневието. Колку често остануваат здравствени тегоби по заболувањето од Ковид-19? И кои се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 20.07.2020 година – Иако само 6 години, активно се занимава со спорт и тренира самостојно, 24-годишниот Дарио Стојковски од Македонска Каменица редовно се пријавува на голем број тениски турнири во државава. Студира на Филозофскиот факултет во Скопје, каде моментално тренира и се натпреварува. Последен негов успех е третото место на „Mobitech Open 2020“ турнирот во Скопје , кој се одигра од 17 до 21 јули во Скопје. Своите големи очекувања во тенисот ги темелам на својот талент и упорноста која во себе ја имам уште од самиот почеток на кариерата. Тенисот не е доволно развиен во нашата држава,…

ПОВЕЌЕ ...

Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 35 -Куманово 15 -Штип 17 -Прилеп 3 -Тетово 4 -Струга 3 -Велес 3 -Битола 8 -Охрид 3 -Кавадарци 2 -Гостивар 8 -Крива Паланка 1 -Кочани 1 -Демир Хисар 5 -Берово 1 -Свети Николе 1 -Кичево 8 -Ресен 1 Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: -Скопје 22 -Куманово 10 -Штип 12 -Тетово 26 -Струга 1 -Велес 1 -Битола 4 -Пробиштип 2 -Демир Хисар 1 -Кратово 1 -Св.Николе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.07.2020 година – После освоената титула во Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА е во очекување на ждрепката за натпреварите од Лига на шампиони. Тимот не престанува со подготовките за претстојната сезона во која влегува како фаворит за потврда на годинешниов успех. Во таа насока, екипата е комплетна и работи со полн интензитет, со предвидената динамика за подготвителниот тренажен процес. Изминатиот викенд, екипата на ЖФК Каменица САСА покрај останатите призанија, доби награда за Најдоброто од Истокот во областа на спортот. Манифестација која е во организација на новинарите од регионот, преку која најдобрите достигнувања…

ПОВЕЌЕ ...

Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 (според други на 16 годишна возраст) по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина. За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30/17 јули. Во народот е позната како Огнена Марија и е господарка на оганот, но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари. Како што може…

ПОВЕЌЕ ...