Author: Media Point
Кога станува збор за симптомите кои се манифестираат кај лица заразени со коронавирус, најчесто слушаме за зголемена телесна температура, кашлање… Но, науката докажува дека дијареата и осипот по кожата исто така се дел од честите симптоми кои што се појавуваат како последица на инфекцијата коронавирус. Истражувањето спроведено на Кралскиот колеџ во Лондон покажало дека луѓето кои што прележале коронавирус, имале симптоми кои што и по оздравувањето се задржале во нивното тело подолго време, понекогаш со седмици или месеци, а меѓу најчестите симптоми бил уморот. Истражувањето за симптомите на коронавирусот покажало дека околу 10 отсто од оние кои што прележале Ковид-19,…
Во моментов во земјава се активни 4079 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега починаа 445, а се излекуваа 5145 лица. Вкупно се регистрирани 9669 заразени лица. Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на Ковид -19. Се уште се во сила мерките за носење на заштита на пределот околу устата и носот, држењето на дистанца и негрупирањето. Сепак, како што посочуваат и надлежните, се помалку се почитуваат препораките, а бројот на заразени не се намалува. Во последниот период, откако се укинаа речиси сите рестрикции и се воведоа протоколи за функционирање, секојдневно се бележат по над…
Македонска Каменица, 24.07.2020 година – Санде Цековски од село Косевица, Македонска Каменица упатува апел за помош до сите хумани граѓани и организации, поради својата незавидна здравствена состојба. Потребни се средства за лекување кои Цековски не е во можност самиот да ги обезбеди. Линк за донации на средства: https://www.facebook.com/donate/655278158401727/ Во упатениот апел од нашиот 55-годишен сограѓанин Санде Цековски се вели: Почитувани сограѓани, Драги пријатели ширум државата и надвор од неа, Јас, Санде Цековски од с.Косевица, роден на 07.11.1964 година веќе неколку години се борам за своето здравје. Како Рударски Работник во Рудникот Саса во Македонска Каменица, пред неколку години ми…
Третото издание на Beach Film Festival официјално започна вчера вечер со светската премиера на филмот „Сплавот“ (The Raft) на израелскиот режисер Одет Раз, кој и се обрати на публиката преку видео порака. Фестивалот се одржа под отворено небо на плажата пред хотелот Холидеј М во населбата Св.Стефан во Охрид. Покрај долгометражниот филм, публиката на фестивалот имаше можност да ужива со музиката на Тино Костадиновски, како и да погледне неколку домашни студентски филмови. По завржување на проекциите, присутните имаа можност да постават прашања до режисерите на краткометражните филмови. Фестивалот се одржува согласно здравствените протоколи за заштита од вирусот Ковид-19. Фестивалот вечерва…
Фејсбук објави нова функција што ќе им овозможи на корисниците да емитуваат видео повици во живо со најмногу 50 учесници, пренесува CNBC. Функцијата им овозможува на корисниците да проследуваат видео повици во живо спроведени од услугата Messenger Rooms, комбинирајќи ги со нивниот Facebook Live. Ова ќе им овозможи на големата публика да гледа групни видео повици во реално време. Потенцијалната корист е поврзана со можноста за организирање и емитување конференции или ТВ-емисии. Новата опција за пренесување повици во Messenger Rooms е најголемото ажурирање на производот за видео повици што го започна Фејсбук во април. По објавувањето на функцијата, акциите на…
Македонска Каменица, 23.07.2020 година – Општина Македонска Каменица информира дека е во тек вонредна акција на ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица за дезинфекција на сите јавни површини, спортски игралишта, терени и забавни паркови, како дел од мерките кои Општината ги презема за дополнителна заштита од Ковид 19. Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека, преку работата и редовните состаноци на Општинскиот штаб за заштита и спасување од Ковид 19, будно ја следи состојбата и навремено ги спроведува сите мерки и препораки од Владата и Комисијата за заразни болести за спречување и ширење на коронавирусот. Исто така, општина Македонска…
Македонска Каменица, 22.07.2020 година – Општина Македонска Каменица започна градежни активности за изградба на “Скејт Паркот”, дел од предвидениот “Парк на млади”. Паркот се наоѓа покрај новиот уреден дел покрај градскиот кеј од Каменичка Река (Титов Парк) на вкупна површина од 8000 квадратни метри. Увид во градежните работи изврши и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Саменкова која нагласи дека “идејното решение за уредувањето на овој простор доаѓа токму од младите во градот, кои преку искажаните идеи на спроведениот јавен конкурс, дадоа свој придонес и белег во уредувањето на овој простор според нивните потреби и желби”. Со целосната изградба на…
Македонска Каменица, 22.07.2020 година – Придржувајќи се до донесените протоколи од страна на Владата и Комисијата за заразни болести, општина Македонска Каменица преку работата на ЈП “Камена Река” започна со обезбедување на потребните услови за работа на градската теретана во склоп на Куќата на спортот. Во официјалното соопштение за јавност на профилите од социјалните мрежи на општина Македонска Каменица стои дека, започнатот уредување на внатрешните простории од градската теретана во склоп на “Куќата на спортот”, во наредните денови ќе продолжи со дезинфекција на просториите во Куќата на спортот. Исто така, ќе биде воспоставен и посебен режим за престој и користење…
Подготвил: Тамара Гроздановски Лектор: Ивана Кузманоска Земјите на Карибите, кои претрпеа огромни загуби во туризмот поради пандемијата на коронавирусот, организираа продажба на „златни пасоши“. Тие даваат државјанство во замена за инвестиции, а сега цената е многу пониска. Среде пандемијата, побарувачката е двојно зголемена, велат експертите за инвестициска имиграција. Кому му требаат вакви услуги, зошто и колку чинат? Туризмот го нема Уште во март аналитичарите предупредија дека епидемијата ќе ги „шокира“ карипските држави поради структурата на економијата и високата зависност од приходите на туристичките индустрии. На пример, на Бахамите, Барбадос и Јамајка придонесот на туризмот за БДП е од 43 до 48 отсто.…
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а дневната од 24 до 35 степени. Во Македонска Каменица и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и утринска температура до 15 степени, а дневна до 32 степени.
