Author: Media Point
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени, јави УХМР. Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела…
Правата на работниците се светост! Им благодарам на Кристина и преставниците од Гласен Текстилец за одличниот конструктивен разговор денеска. Текстилната индустрија подразбира макотрпна и тешка работа. А уште потешко е кога Вашиот труд не се цени, кога Вашата макотрпна работа е злоупотребена. Работничките со кои се сретнав со мака се сеќаваат на времето на ВМРО-ДПМНЕ, пред само три години, кога беа понижувани, уценувани, заклучувани во текстилните хали. Можеме многу подобро, но за само две и пол години променивме работи и имаме успеси. Денеска не работат веќе за срамни 9.000 денари! Земаат 14,500, а ќе земаат 20.000 денари минимална плата. Денеска…
Македонска Каменица, 08.07.2020 година – Започна замената на градското осветлување во општина Македонска Каменица со нови штедливи лед “смарт” светилки. Како што стои во соопштението на официјалната страна на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова со реализацијата на овој проект, кој се изведува според ЕСКО модел, општина Македонска Каменица значително ги намалува досегашните трошоци за електрична енергија, односно во иднина ќе се остварува дневна заштеда од 14.873,00 денари. Предвидена е замена на сите постоечки 944 светилки. Со инсталирањето на новото модерно градско осветлување, се подобрува видливоста и безбедноста при движењето во вечерните услови на целата територија на општина Македонска…
Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух, откако 239 меѓународни научници посочија на таква можност. -Признаваме дека на тоа поле се појавуваат докази. Можноста вирусот да се пренесува преку воздух на јавни места, особено во посебни услови, доколку се преполни, не може да се исклучи. Но, доказите мора да се соберат и да се толкуваат, рече претставничката на СЗО Бенедета Алегранзи, на брифинг во Женева. Стотици научници тврдат дека постојат докази дека мали честички на новиот коронавирус во воздухот можат да заразат луѓе, и ја повикаа Светската здравствена организација да ги ревидира препораките
Во денешната објава на кочанскиот електронски медиум „Комарец“ пишува за прекин на соработката помеѓу тренерот Мите Митев и каменичкиот фудбалски клуб „Каменица САСА“. Прочитајте го целиот текст објавен на кочанскиот интернет портал: МИТЕ МИТЕВ И „КАМЕНИЦА САСА“ СЕ РАЗДЕЛИЈА ЈУЛИ 6, 2020 По една и пол сезона успешна соработка, тренерот Мите Митев и ФК „Каменица Саса“ се разделија. Митев со постигнатите резултати во изминатите осумнаесет месеци остави силен белег во фудбалскиот клуб од Македонска Каменица. Неговата филозофија за фудбалот од ден на ден почна да покажува резултати. Секогаш со добра анализа на противникот знаеше како да се спротивстави на поголемите…
Коронавирусот е исклучително заговорнички вирус, камуфлиран во ширењето многу поефикасно од неговите најблиски роднини. Споредено со својот братучед САРС, кој делува како метафоричен митралез од добро утврден бункер, коронавирусот се чини дека е врвен снајпер кој е целосно споен со (навидум безопасна) околина. Светот е во војна не само против подмолен, туку и максимално невидлив непријател. Новите студии во неколку земји, како и американските искуства од големата епидемија на коронавирус во Масачусетс, докажуваат дека таа претежно се шири асимптоматски, т.е. преку луѓе кои не покажуваат знаци на инфекција. До неодамна, американските официјални претставници во јавните настапи потенцираа дека вирусот најмногу…
05.07.2020 година – Валерија Стојановска е прогласена за првенец на генерацијата при СОУ “Миле Јаневски Џингар” – Македонска Каменица. Во текстот од соопштението на официјалниот фејсбук профил на училиштето стои: Со задоволство ве известуваме дека комисијата за избор на првенец на генерацијата при СОУ„Миле Јаневски Џингар“ – М.Каменица ги разгледа пријавите кој што беа доставени од нашите ученици и според превилникот ги рангира по следниот редослед: 1. Валерија Стојановска – 134 бода 2. Теодора Стоиловска – 88 бода 3. Нела Николовска – 77 бода За првенец на генерацијата е избрана Валерија Стојановска. Наставничкиот колегиум од срце и ја честита наградата…
Македонска Каменица, 05.07.2020 година – Како што се вели во краткиот опис на видеото кое денес на својот фејсбук налог го постави Ловното друштво “Каменица САСА” и покрај нивните залагања за зачувување и прехрана на дивечот во ловиштето, постојат луѓе на кои очигледно им пречат ваквите активности. За да го погледнете го видеото и да се уверете сами за што станува збор кликнете на следниов линк: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1348070465582703&id=100011392861965
За прв пат од 23 годишното постоење членовите на фолклорната група при Здружението на пензионери од М.Каменица добија народни носии. Претседателката на здружението Јаворка Соколовска изрази задоволство што конечно после две децении, пензионерите играорци ќе има со што да ја претставуваат општината, на реномираните манифестации на кои учествуваат. -Пензионерите играорци порано носеле народни носии додека членувале во КУД ,,Вера Јоциќ”, но ова сега ќе биде прв пат фолклорната група, при нашето здружението да има своја народна носија. Носијата ја порачавме во месец јануари, но поради коронавирусот пристигна деновиве, на огромна радост на сите во здружението, истакна Соколовска. Носијата како што…
Земајќи го во предвид развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести денеска ќе разгледува ново затворање на границите односно на состанокот се очекува да се разговара за евентуално повторно воведување на „нов режим“ со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. Комисијата за заразни болести одговорно и активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во целиот регион и нормално највеќе во соседните земји каде ескалира состојбата па затоа можно е враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. Министерот за…
