Author: Media Point

Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 24 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 29 степени. До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд,…

ПОВЕЌЕ ...

Во различни делови на нашата планета нивото на платите е многу различно. Тука главниот фактор е нивото на благосостојба на земјата како целина. Според податоците за 2020 година направивме список на четири држави во кои се даваат најголеми плати. Белгија Минималната плата е 1.500 евра, а максималниот приход за осигурување е 3.000 американски долари. Зошто населението живее толку добро овде?  Бидејќи тука има добро развиена текстилна индустрија, која е побарувана низ целиот свет, производство на метали. Добро развиениот високо-технолошки производствен сектор и производството на дијаманти носат значителни приходи на владата. Австрија Просечниот статистички приход за годината е 50.000 американски долари.…

ПОВЕЌЕ ...

Поради извршување на градежни работи како дел од Договорот за санирање и крпење на градските улици, се препорачува внимателно возење поради извршени градежни зафати на дел од повеќе градски улици. Општина Македонска Каменица ги предупредува возачите за внимателно возење особено на улиците Македонска, Илинденска и Осоговска. Во наведениот дел од градот, на неколку места е отстранет оштетениот асфалт, при што движењето со автомобили е значително отежнато. Од општината изразуваат благодарност за разбирањето, како до граѓаните, така и до возачите, на кои им се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина, особено во текот на вечерните часови кога видливоста е намалена.

ПОВЕЌЕ ...

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи со Ковид-19. Од нив 80 се во Скопје, 24 во Тетово, 6 во Куманово, 5 во Охрид, 4 во Гостивар и Ресен, 3 во Велес, а по еден случај има во Струга, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Неготино. Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, Куманово и Тетово и еден од Велес и од Кичево. Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти. Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57-годишен пациент од Велес. Во…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарија ја продолжи вонредната состојба Бугарската влада донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран коронавирус и зголемувањето на бројот на новозаразени, соопшти денеска бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев. Бугарија неодамна ги олесни рестриктивните мерки, но минатата недела, поради 606 нови случаи, најголемото неделно зголемување на бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата, одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули. Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 130 случаи, со што вкупниот број на заболени е 4.114, а 208 лица починале.

ПОВЕЌЕ ...

(Видео)Масовна тепачка во Облешево- Истепани пазарџии со стапови! Вчера, во Облешево мештаните со стапови се обидоа да решат извесни недоразбирања и кавги со продавачите на зеленчук кои од своите камиони секојдневно се присутни на патот Штип – Кочани. Од видеото што пристигна во нашата редакција се гледа што конкретно се случувало. Извор: Радио Кочани

ПОВЕЌЕ ...

Пензиите за јуни ќе се исплаќаат во четири групи, почнувајќи од 26 јуни, во петок, со цел да се избегне ризикот од зараза со Ковид-19, одлучила Владата на денешната седница. -За оваа цел, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.06.2020 година, а деловните банки од 26.06.2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, соопштуваат од Владата. Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Сите што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок, а рокот за пријавување во Агенцијата за вработување трае до 26 јуни, посочува министерката за финансии на својот профил на Фејсбук. „При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање во нормала на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово. Донесени се и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клубовите и во казината и Протоколот за постапување на средните училишта за полагање на квалификацискиот испит. На владината седница донесени се и измените на Уредбата за примена на Законот за акцизи со кои се изедначува акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото што се користи како погонско. Со ова, велат од Владата, ќе се…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска ќе се решава како ќе ги преминуваме границите со соседитеЦелиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. Разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите, изјави вчера Венко Филипче, министерот за здравство на Македонија. Целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. Разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние…

ПОВЕЌЕ ...