Со прекинувањето на првенствотото во Прва ЖФЛ за сезона 2019/20, се замрзнува табелата заклучно со последното одиграно коло пред 12.03.2020година. Ваквата одлука на Управниот одбор на ФФМ е официјална потврда дека ЖФК Каменица САСА е шампион на Македонија во женски фудбал за 2019/20 година.
После 14 одиграни кола, постигнати 13 победи и еден нерешен резултат со 73 постигнати гола и примени само 5 гола, каменичката екипа е на врвот од табелата во текот на целата измината сеозна
ЧЕСТИТКИ за сите фудбалерките, стручниот штаб, како и сите поддржувачи и спонзори кои помогнаа Македонска Каменица за прв пат во својата историја да има шампион на Македонија во фудбал.
