Author: Media Point
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. УВ-индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 26 до 34 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 16 степени, а дневна до 33 степени.
Македонска Каменица, 15.05.2020 година – Во текот на вчерашниот ден, екипа на ЈП Камена Река изврши поправка на намерно предизвикана штета на дел од водоводната мрежа во село Дулица. Случајот на овој дел од водоводната мрежа се повторува секоја година. Сепак, штетата од несовесното однесување, покрај предизвиканите проблеми и создадените трошкови за санација на дефектот, најголемата штета ја трпат жителите на село Дулица. Уште во текот на вчерашниот ден, наши екипи излегоа на терен и го отстранија дефектот на водоводната мрежа. Констатиран е намерно предизвикан дефект. Апелираме до граѓаните да престанат со несовесното однесување и ваквите намерни оштетувања. Инсистираме, надлежните…
Полицијата поднесе пријава против 20-годишно момче од Делчево осомничено дека силувало малолетно девојче. Според информациите на МВР, Б. М. (20) од Делчево е осомничен дека во текот на октомври и ноември минатата година во Делчево, во два наврата, извршил полови дејства над малолетно девојче од Делчево. На 11 мај во просториите на ОВР Делчево девојчето го препознало пријавениот.
Анемија е состојба на недостаток на црвени крвни клетки во крвта. Овој недостаток предизвикува здравствени проблеми, затоа што црвените крвни зрнца содржат во себе хемоглобин, којшто го пренесува кислородот до сите ткива во телото. А, без кислород, не е можно нормално функционирање на организмот. Постојат различни типови анемија, а слабокрвноста предизвикана од недостаток на железо е една од најчестите. Анемијата предизвикана од недостаток на железо уште се нарекува и сидеропенична анемија и се појавува кога во крвта има недостаток на здрави црвени крвни зрнца кои му даваат на телото енергија и здрав изглед на кожата. Како што кажува и самото…
Германија има намера да ги отвори границите кон соседите во јуни, произлегува од телефонскиот разговор помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц. Кабинетот на канцеларот Курц потврди за АПА дека официјални лица разговарале, но нема детали. Германија се подготвува за релаксација на мерките на границите, а канцеларката Меркел им претстави „двостепен план“ на своите партиски колеги во Бундестагот. Од денеска се отвора германско-австриска граница за жителите на пограничниот регион, како и за оние кои работат преку граница, откако беше постигнат договор за отворање на неколку помали премини. Меркел рече дека не сака граничните контроли и рестриктивниот…
Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од денеска почнува скринингот на одредени категории групи на граѓани за ковид-19. Според него, први на скринингот ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица. „За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита“, рече тој, најавувајќи го предлог планот за олабавување на мерките воведено за спречување на ширењето на коронавирусот. Вчера Владата донесе одлука денеска да започне со „олеснување“…
Продолжува асфалтирањето на локалните пристапни патишта во руралните и градската средина во општина Македонска Каменица. Вршејки увид во градежните работи, градоначалничката Соња Стаменкова информираше дека асфалтирањето се реализира во вкупна должина од 2730 метри. -Ивршив увид во градежните работи и асфалтирањето на локалниот пристапен пат, со кој обезбедивме полесен пристап до домовите на жителите од Гагалевско маало во село Дулица. Градежните работи интензивно ќе продолжат и во наредните денови, со што ќе бидат асфалтирани повеќе локални патишта во неколку од селските средини, како и уредување на пристапни и паркинг простори во градската средина во Македонска Каменица, рече Стаменкова. Паралелно, како…
Македонска Каменица, 09.05.2020 година – Отстранет е дефектот на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, поради кој граѓаните на Македонска Каменица денес останаа без вода за пиење. ЈП „Камена Река“ ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека во следните час и половина, ќе биде нормализирано снабдувањето со вода.
Македонска Каменица, 09.05.2020 година – Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, денес граѓаните на Македонска Каменица во поголемиот дел од денот ќе останат без вода за пиење. Од ЈП „Камена Река“ апелираат до граѓаните за рационално користење на резервните количини во текот на денешниот ден, во спротивно првин високите, а потоа и ниските делови ќе останат без вода за пиење. Дежурни екипи на Јавното претпријатие веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот. Со понови информации во текот на денот.
Последната фотографија на Ким Џон-ун беше од 11 април кога присуствувал на состанок на партијата (Фото: КЦНА) Водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун неодамна беше снимен како разговарa со двојници, облечени идентично со него во црни костуми. Ова видео е најочигледен доказ дека Ким користи двојници, изјави британскиот „Сан“. Видеото се појави откако Ким „исчезна“ скоро три недели, со шпекулации за тоа дали тој починал или е сериозно болен, пред да се појави ненадејно за време на посетата на фабриката за ѓубрива во Северна Кореја, расфрлајќи ги гласините неколку недели за неговото лошо здравје. Сепак, активистот за човекови права…
