Author: Media Point
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека на денешната седница на Владата биле усвоени иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските Планини. https://m.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=07pvatW2O7M Владата одлучила да ги прифати предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел. Согласно законската процедура за прогласување заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени…
Од оваа година 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена на тогашната Влада. Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“, зашто во тоа време не постоел Службен весник каде што државата ги објавува своите…
Кружниот напаѓач на екипата на Охрид,каменичанецот Кристијан Анастасовски, во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик. Тој се сели во екипата на Анже, која сезонава обезбеди место во ПРО лигата, втора по квалитет во Франција. Пивотменот пред да се пресели во Охрид, беше дел од екипите на Вардар Јуниор и Работнички. Анастасовски ќе има македонско друштво, бидејќи во Анже игра и поранешниот играч на Охрид, Дарко Георгиевски. Извор: 24rakomet.mk
Рудник САСА донира до 126 илјади евра за да помогне во борбата со Ковид-19 пандемијата Македонска Каменица, 04.05.2020 – Рудникот за олово и цинк САСА ја објави намерата да донира до 126.000 евра во медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства за справување со пандемијата на Ковид-19. Оваа донација ја сочинуваат пет компоненти. Првата е наменета за набавка на најсовремена автоматска анестезиолошка станица во општата болница во Кочани за што ќе бидат обезбедени 35.000 евра. Оваа машина ќе биде наменета за третман, поддршка и следење на здравствената состојба на пациентите кои се лекуваат во оваа…
Хеликоптер на МВР се преврте кај Петровец Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи се превртел кај Петровец, дознава Алсат. Според неофицијалните информации нема ниту загинати ниту повредени од падот на хеликоптерот. МВР најави повеќе детали за падот на хеликоптерот во текот на денов.
Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и во услови на вонредна состојба, а по повод 117-годишнината од смртта на Делчев, Делчево го одбележа датумот на убиството на патронот на градот кој на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница. По тој повод, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, делегација од Советот на Општина Делчево, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев.…
Драган Вучиќ, пејач и телевизиски водител починал утрово на Инфективната клиника во Скопје. Причината за смртта биле компликации од коронавирусот. Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. „За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”. Роден во Скопје во 1955, Вучиќ е автор на популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“. Неговата сопруга Весна е ќерка на…
Македонска Каменица, 04.05.2020 – Како што стои во објавата на официјалното соопштение на социјалната мрежа – фејсбук на ЈП Камена Река, денес поради настанат проблем на дел од водоводната мрежа, жителите на приградската населба Суво маало, од 10 часот ќе бидат без снабдување со вода. Екипите на ЈП Камена Река се на терен, работат на санирање на дефектот и на нормализирање состојбата со водоснабдувањето на овој дел од градот.
Драг Гоце, И после 117 години скоро сè е исто само со неколку мали измени во твоето разбирање на светот -полето не е веќе широко туку е минско -натпреварот меѓу народите не е веќе културен туку политички. -се натпреваруваме во некултура, па мало ни е полето за сите простотилаци. -комшиите толку многу нè сакаат што и во фашистички сојуз влегле на времето за да нè ослободат. -Ти загина од турски куршум, ние ќе изгинеме без куршум. Ќе се изедеме меѓу себе за да им докажеме на комшиите дека не се во право. -Ванчо Михајлов одамна го рехабилитиравме. Не ни сметаат…
Денес, 4 мај, се навршуваат 40 години години од смртта на доживотниот претседател на бившата Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито. Броз кој уживаше голем углед во светот и земјата, го предводеше партизанското движење во Втората светска војна кое резултираше со формирање на федеративна Југославија, во која како рамноправна држава партиципираше и Македонија. Тој беше на чело на народните маси и комунистичката партија 35 години, а почина по тешко боледување во Љубљана, Словенија на 4 мај 1980 година. Десет години по неговата смрт започна распадот на Југославија што резултираше со повеќегодишна крвава граѓанска војна и отцепување на сите држави…
