Author: Media Point
Американскиот лекар и поранешен директор на Националните центри за превенција и контрола на болести, доктор Том Фридн, презентираше список со „10 неспорни вистини за Ковид-19“ пред Комисијата за верификација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. – За време на мојата 30-годишна кариера во областа на јавното здравство, никогаш не сум видел нешто како коронавирусот, кој е застрашувачки и без преседан, рече д-р Фриден и продолжи: – Еве 10 неспорни вистини за коронавирусот: 1. Во Њујорк ситуацијата е многу лоша. Иако бројот на жртвите на Ковид-19 сега значително се намалува, во Њујорк во просечен ден од епидемијата сè уште има двојно…
Под мотото „Спаси живот, дарувај крв“ членовите на Општинскиот фудбалски сојуз -Кочани даруваа 15 крвни единици , на крводарителската акција што се одржа денес, по иницијатива на претседателот на ОФС- Кочани Љубчо Горгиевски. На акцијата учествуваа членови и чинители на ОФС-Кочани, како претседатели на фудбалски клубови, судии, контролори, тренери, како и членови на Управниот одбор на ОФС -Кочани. Меѓу нив, крв даруваа претставници од ФК „Слога 1934“ Виница, ФК „Каменица Саса“, ФК „Олимпик“ Кочани, ФК “Зрновка“ Зрновци, ФК „Соколи“ Соколарци и ОФК „Малеш“ Берово. Од оправдани причини на акцијата не присуствуваа претставници од ФК„Брегалница“ Делчево кои својата поддршка ја дадоа…
Денеска во Струга се одржа масовен религиозен собир. Поконкретно, станува збор за традиционална струшка Еордија – литијата со икона на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена со неговите мошти од неговиот Манастир во Рајчица. Како што може да се забележи, нема никаква дистанца меѓу насобраните граѓани, а ретко може да се види некој како носи заштитни маски. – Па добро бе луѓе. Дали живеете во паралелен универзум? Кој дел од пандемија не го разбирате?, се само дел од коментрите на социјалните мрежи. Фото: Струга онлајн
Македонска Каменица, 07.05.2020 година – Како што информираат од КИЦ „Романса“ следејќи го трендот на поголемите градови во државата, веќе во сабота 09.05.2020 година, ќе се одржи првиот концерт од „Култура во време на корона“ во Македонска Каменица. Концертот ќе се одржи во централното градско подрачје, односно паркинг просторот на улица Рударска, со цел да им се овозможи на што поголем број на граѓани да го следат настапот од своите балкони. Концертот е без публика и ќе се одржи еден час по започнувањето на полицискиот час. Истиот ќе биде директно пренесуван на официјалниот фејсбук профил на општина Македонска Каменица и…
Македонска Каменица, 07.05.2020 година – ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица ги известува граѓаните на општина Македонска Каменица дека од утре 08.05.2020 година, со одлука на ОПштинскиот штаб за заштита и спасување, повторно ќе биде отворен Градскиот пазар во Македонска Каменица. Во известувањето од Јавносто претпријатие стојат посебните одредби кои посетителите треба да ги почитуваат при пазарењето на Градскиот зелен пазар. Текстот од објавата на официјалната веб страна на Камена Река ви го пренесуваме во целост: Врз основа на Заклучок бр. 5 од денес одржаниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од утре, 08.05.2020 година, Градскиот зелен пазар…
Денес, 07.05.2020 година, со почеток од 11:00 часот се одржа состанок на општинскиот Кризен штаб за спречување и ширење на заразата со ковид 19, во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Од страна на организационите единици вклучени во активностите за спречување и ширење на заразата со Ковид 19, Општинскиот штаб за заштита и спасување беше известен за моменталните состојби во Општината – само 2 лица се во процес на самоизолација. – Општинските Мобилни тимови во досегашниот период, според претходно утврден редослед и динамика имаат ги доделено 10…
Градоначалничката Соња Стаменкова, денешната посета на Полициското одделение во Македонска Каменица го искористи лично во свое име, во име на Советот на општината и граѓаните на Македонска Каменица да им го честита 7 Мај – Денот на полицијата. Во официјалното соопштение до јавност од официјалната страна на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица се вели: Денеска, при посетата на Полициското одделение во Македонска Каменица имав прилика, во свое лично име, во име на Советот на Општината и во име на граѓаните на Македонска Каменица, лично на сите припаднички и припадници на полицијата и безбедносните служби им го честитам 7…
Културно информативниот центар „Романса“ во соработка со општина Македонска Каменица објавува: Ј А В Е Н П О В И К за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона – Македонска Каменица“ Идејата на повикот е пред се поддршка кон музичките уметници, односно уметниците кои ги изгубиле редовните музички настапи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом во време на корона кризата. Вид на проекти: Маалски музички изведби – настапи, во времетраење до 2 часа. Според потребите, дел од музичката опрема за настап биде обезбедена од КИЦ…
„Дали е безбедно да одам на трчање“, „Дали да влезам во аптеката по потребните лекарства“, „Колку блиску е премногу блиску стоење до друга личност во супермаркетот?“ Постојано размислуваме како да го намалиме ризикот од заразување со корона вирусот, па си поставуваме прашања од типот: „Дали е безбедно да одам на трчање“, „Дали да влезам во аптеката по потребните лекарства“, „Дали да го посетам татко ми?“, „Колку блиску е премногу блиску стоење до друга личност во супермаркетот?“ Научниците докажаа дека овој вирус во најголема мера се пренесува преку капки кои летаат во воздухот од инфицираната личност кога кашла, кива или зборува, па затоа…
Македонска Каменица, 06.05.2020 година – ЖФК Каменица Саса ќе биде шампион на Македонија во Првата женска фудбалска лига. По 14 одиграни кола девојките од Македонска Каменица се на првото место со 40 бодови, три повеќе од второпласираната ЖФК Тиверија. Иако ЖФК “Каменица Саса” како клуб е формиран пред само две години, каменичките девојки во оваа натпреварувачка сезона беа неприкосновен лидер на табелата од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Радоста и причините за славје секако ќе беа поголеми доколку првенството беше доиграно до крај, но оваа одлука на ФФМ е сосема очекувана со оглед на вонредните состојби и околности во државата.…
