Author: Media Point
Македонска Каменица, 20.05.2020 година – Градоначалничката Соња Стаменкова на својот официјален фејсбук профил објави честитка до учениците полуматуранти од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица во која се вели: Драги матуранти, Ми претставува огромна чест и задоволство на сите матуранти од општина Македонска Каменица да им го честитам матурирањето и влегувањето во светот на возрасните. Вие, почитувани матуранти, сте млади луѓе полни со позитивна енергија и располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период. Убедена сум и се надевам дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото…
Македонска Каменица, 20.05.2020 година – Командирот на ТППЕ Македонска Каменица, Малин Трајчевски ги известува граѓаните, институциите и организациите од општина Македонска Каменица дека, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот и почитувањето на донесените мерки денес, 20 Мај – Денот на пожарникарите ќе изостанат предвидените активности за одбележување на празникот. Исто така, годинешново одбележување на Денот на пожарникарите ќе биде без прием на гости во ТППЕ Македонска Каменица. Воедно, со благодарност за разбирањето кон сите, на сите колеги-пожарникари командирот на ТППЕ-Мак.Каменица, Малин Трајчевски ја искористи приликата да им го честита празникот на колегите пожарникари со надеж за што помал број интервенции во…
ООУ„ Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица врз основа на Правилникот за прогласување на Првенец на генерација, распишува: К О Н К У Р С за избор на Првенец на генерација 2011/2012-2019/2020 Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од деветтите одделенија кои ги исполнуваат следниве критериуми од Правилникот: К Р И Т Е Р И У М И 1. Успех и поведение во текот на основното образование 2. Учество во слободните ученички активности 3. Успех на натпревари и освоени награди од поедини предмети 4. Успех на конкурси, ревии, манифестации, изложби и квизови 5. Успех на спортски активности 6. Раководство…
Општинското основно училиште „ Св.Кирил и Методиј “ Македонска Каменица, објавува литературен и ликовен конкурс за учениците од основното образование кој се организира во чест на Патрониот празник на училиштето. Литературниот конкурс е на тема : „ Чувај го здравјето! “ (поетски и прозни творби).Право на учество имаат сите ученици од основното образование од IV-IX одделение. Личните творби треба да бидат доставени електронски до нашето училиште на e-mail osnovno_mkamenica@yahoo.com најдоцна до 24.05.2020 година. Ликовниот конкурс на тема : „ Светите браќа Кирил и Методиј “ ги охрабрува сите млади креативци од I- IX одделение да се вклучат во ликовниот конкурс,…
Македонска Каменица, 17.05.2020 година – Како што стои во соопштението на официјалната веб страна на општина Македонска Каменица на следната Седница на Советот на општина Македонска Каменица една од точките на Дневен ред ќе биде предлогот даден од страна на градоначалничката Соња Стаменкова, за ослободување од плаќање на комунални такси на угостителските објекти. Понатаму во соопштението се вели дека: предлогот до Советот на општина Македонска Каменица се однесува на процентуално намалување на таксите за користење на простор пред деловен објект, угостителските објекти (кафеани, кафулиња, гостилници и слично) и нивните истурени деловни места (бавчи и тераси) за 2020 година. Ове е една…
По асфалтирањето на повеќе локални патишта во селата Луковица, Тодоровци, Дулица, Моштица, Цера и паркинг просторите во урбаната средина, денес во Македонска Каменица продолжија градежните активности во останатите рурални средини. Градоначалничката Соња Стаменкова која изврши увид во градежните работи, информираше дека во во тек асфалтирањето на платото пред подрачното училиште ,,Св. Кирил и Методиј” во село Саса. -Исто така со градежните активности е опфатено и асфалтирање на пристапните патишта до училиштето и до дел од околните индивидуални живеалишта. Со целосната реализација на проектот е предвидено асфалтирање на кратки локални пристапни патишта со должина од 2730 метри во повеќето селски средини…
Се продава куќа во село Саса (Аризанци) во непосредна близина на регионалниот пат Македонска Каменица – Крива Паланка.Куќата има приклучок со електрична енергија и сопствен довод со вода од извор. Дворно место од 2 декари и вкупна површина на куќата од 114 метри квадратни со имотен лист. Цеа по договор. Повеќе информаци на 076 732 592
Германија падна во рецесија, забележувајќи го најголемиот квартален пад од финансиската криза во 2009 година. Најголемата европска економија падна за 2,2% во првото тримесечје од 2020, откако продавниците и бизнисите беа затворени во март поради пандемијата на коронавирусот. Германија го бележи и првиот пораст на стапката на невработеност од 2013 година. Сепак, економскиот пад на Германија не е така голем во споредба со други големи европски економии, па во Франција изнесува 5,8%, а во Италија 4,7%. Ова се должи на тоа што 16-те германски сојузни држави им дозволија на фабриките и на градилиштата да работат, како и на најголемата владина…
Во последните 24 часа регистрирани е 17 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 460 тестови. Истовремено, 16 пациенти се излекувани, а регистрирани се два смртни случаја. Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1740. Излекувани се 1251, а починале 97 пациенти.
Владата и Комисијата за заразни болести ќе предложат продолжување на вонредната состојба во земјата, додека Уставниот суд ја укина посебната забрана за движење што важеше за старите лица и за малолетниците. Во Македонија се потврдени уште 29 случаи на коронавирус (од направените 349 тестирања), и тоа девет во Скопје, шест во Прилеп, пет во Тетово и по два во Струга, Велес, Битола и Охрид. Вкупната бројка заразени досега изнесува 1.723, при што има 393 активни случаи. Седумдесетгодишен велешанец е 96. жртва на КОВИД-19 во земјата. Оздравеле 1.235 лица, шест повеќе од вчера. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека утре…
