Author: Media Point
На денешната седница на Влада беше донесена одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници. На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден. За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот. Сите деца и млади лица до 18 години, во петок,…
Споменот кон чинителите вградени во создавањето и градењето на темелите на нашата татковина, никогаш нема да дозволиме да избледи! Македонска Каменица, 28.04.2020 година – Денес се навршуваат 19 години откако во предвечерието на 28 април 2001 година, кај месноста Брeзовица, на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина во заседа беа убиени, а потоа масакрирани осум припадници на специјалните единици „Волци“ и „Тигри“. Во неможност за пригодна свеченост, поради мерките за спречување и ширење на заразата со коронавирус, денес пред споменикот на Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица со почеток од 11 часот беше положено свежо цвеќе.…
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил обојави како правилно треба да се користи заптитната опрема. -Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик за инфекција, напиша Филипче. Погледнете како се употребува, става и вади заштитната маска.
Скопје, 28 април 2020 () – Заболените од Ковид-19 од денеска ќе се лекуваат со крвна плазма, како и со примена на озонотерапија во болницата „8 Септември“. За денеска е закажана првата екстракција на плазма која ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина. Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација. Како што рече на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, има…
Од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот кој поевтинува за четири денари согласно новиот тарифник на Регулатoрната комисија за енергетика. Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76 %, во однос на цените кои важеа минатата недела. Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари што…
„#ChallengerДома е мобилна апликација во Македонија која ќе ги потикнува граѓаните да ги почитуваат мерките, а ќе помогне на компаниите да се рестартираат од Ковид-19″ порачуваат Теодора, Олга, Стефан и Митко. Тие се младите од стартап компанијата Challenger кои самите на себе, си поставија предизвик апликацијата да ја лансираат наскоро. „Епидемијата од Ковид-19 како тим не натера да размислуваме што корисно би креаирале за нашите граѓани и компании, да направиме сите заедно добро за заедницата. Токму така се роди идејата за новата апликација наречена #ChallengerДома, преку која граѓаните ќе ги мотивираме и поттикнеме да седат дома. Инаку, во оваа фаза би сакале…
Од денеска ќе почне етапната исплата на пензиите на шалтерите на банките според висината на износот. Првиот ден е резервиран за пензионерите со примања до 11.000 денари, утре (вторник 28 април) во ред ќе застанат лицата со пензии од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари исплата е планирана за среда (29 април), а последниот ден од месецот (30 април) е оставен за пензии повисоки од 18.001 денар. Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од…
Иако велат дека најголемото количество на собран комунален отпад (99.7 %) се исфрла на депонија, сепак секојдневно гледаме многу ѓубре скоро на секаде околу нас. Таква ни е културата, а ова се официјалните бројки: Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2019 година изнесува 632 484 тони. Споредено со 2018 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2019 година бележи зголемување од 1.1 %. Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 164 971 тон или 26.1 % од вкупното собрано количество во Република…
Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести денеска до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на корона вирусот да почне веднаш истиот ден или најдоцна во вторник. Констатирано e дека голем дел од граѓаните или не користат заштитна опрема или неправилно ја користат. Надлежните апелираат дека оваа мерка мора да се почитува и потсетуваат дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано – на затворено и на отворено кога не може да се држи…
Клиничките тестирања на вакцина против КОВИД-19 на луѓе сега се одобрени во Германија, известува германскиот Федерален институт за вакцини. Во првиот дел од тестирањето ќе учестуваат 200 здрави луѓе на возраст од 18 до 55 години, кои ќе примат неколку варијанти од вакцината. Потенцијалната германска вакцина против корона вирусот ја разви биотехнолошката компанија BioNTech. Станува збор за РНК тип на вакцина. Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, вели дека ќе поминат месеци додека новата вакцина ги помине сите потребни тестирања, но дека секако е позитивен знак за Германија што се дава зелено зветло да вакви тестирања.
