За сега, разумно е да се претпостави дека само мал дел од светското население е имун на САРС-КоВ-2, дури и во тешко погодените области. Како би можела да се развие оваа провизорна слика кога ќе дојдат подобри податоци? Раните знаци укажуваат дека таа може да се промени во која било насока, вели епидемиологот и експерт за заразни болести Марк Липсич за Њујорк тајмс. Меѓу многуте сè уште непознати факти за ковид-19 е како човечкиот имунолошки систем реагира на инфекција и што значи тоа за ширењето на болеста. Имунитетот по секоја инфекција може да варира од доживотен и целосен, до скоро непостоечки. Сепак,…
Author: Media Point
Денес, 13 април 2020 година со почеток од 12 часот, се одржа состанок на Општинскиот Кризен штаб Македонска Каменица. На состанокот беше разгледана моменталната состојба во општина Македонска Каменица, степенот на почитување и спроведување на воведената забрана за движење на граѓаните поради појавата на новиот вирус Ковид – 19. Во согласност со најновите мерки на Владата на состанокот на Општинскиот Кризен шатб за заштита и спасување беа донесени следниве препораки и заклучоци: ОКШ Македонска Каменица согласно известувањето од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука, сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а…
Македонска Каменица, 12.04.2020 година – Покрај натчовечките напори кои Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица ги вложува со вклученоста со секојдневната дезинфекција на градските улици и јавни површини во градската средина, веќе втор ден по ред интервенираат на терен за гаснење на шумски пожари. Вчера за брзо време успеаа да изгаснат шумски пожар во село Цера, а денес во попладневните часови беа вклучени во акција за гаснење на шумски пожар во село Дулица, во Медарско маало. При денешниот пожар беа зафатени околу 2,5 хектари дабова шума. Пожарот беше ставен под контрола, односно локализиран. Потоа и целосно изгаснат од припадниците на…
За најамалку 24 часа подолг карантин од моменталниот (кој почна во петок во 16 часот и ќе трае до утре до пет часот наутро) за време на велигденските празници најави министерот за здравство Венко Филипче, на денешната едукативна сесија во врска со коронавирусот. Тој рече дека за мерките за ограничување на движењето за Велигден ќе се разговара следната седмица, почнувајќи од утрешната владина седница, а одговарајќи на новинарско прашање дали е разгледувана можност за воведување полициски час од четврток попладне до вторник наутро. „Една од можните мерки што се разгледува е ограничување на движењето од петок до вторник наутро. Тоа би…
РОДНИНИ СЕ ТЕПАЛЕ ВО ДВОР БЕЗ ДА ПРЕКРШАТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ДВАЈЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ 12 април 2020 Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК) Неофицијално, се степале две домаќинства од исто семејство, кои подолго време биле во кавга и не збореле меѓу себе (Фото: СДК.МК) Во масовна тепачка на една фамилија од скопското село Кучевиште во петокот, две лица се тешко повредени и се однесени во градската болница „Мајка Тереза“. Со овој настан не е прекршен полицискиот час, ни изјавија од МВР. Според првичните информации, се работи за две семејства, роднини, кои живееле во ист двор на улицата „7“ во селото, а меѓу нив подолго време…
Македонска Каменица, 12.04.2020 – Во текот на изминатата ноќ, за време на воведениот полициски час и забрана за движење, делумно е уништен контролниот пункт за дезинфекција на возила на влезот во Македонска Каменица од страната на Делчево. Сторителот е непознат на органите. Вработените во ЈП „Камена Река“ во текот на денешниот ден се обидуваат да ја санираат штетата и повторно да го вратат во функција пунктот со кој општина Македонска Каменица воведе дополнителна заштита на граѓаните за спречување и ширење на заразата од Ковид – 19.
Маж на возраст од педесетина години претпладнево е пронајден мртов во неговиот дом во Ромското Маало во Кочани. Починатиот живеел сам, а случајот во полиција го пријавиле соседите, по што набргу пристигнале полициски и медицински екипи, а известено и Основното јавно обивнителство. Констатирано е дека врз телото нема траги на насилство, а лицето имало срцеви проблеми. Во моментот се врши увид и се очекува да се земе брис за утврдување на присуство на коронавирусот. Од Кризниот штаб на Кочани го потврдија случајот, а повеќе информации од официјалните служби се очекуваат во текот на денот.
Прашања и одговори: Сѐ за коронавирусот“, со министерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер за здравство, д-р Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ. https://www.youtube.com/watch?v=NoDxic43NcA&feature=emb_title
Бројот од 68 новозаболени за еден ден е втор највисок од почетокот на епидемијата, по оној од минатата недела (5 април) кога беа регистрирани 72 случаи Во изминатото деноноќие здравствените власти регистрирале 68 нови случаи на заболени со ковид-19, објави Министерството за здравство. Новозаболените се откриени со вкупно 404 направени теста за присуство на коронавирусот. По градови, најмногу новозаболени има во Куманово – 18 случаи. Следува Скопје со 15 нови болни, па Прилеп со 14, Струга со 10, Велес со 6, Тетово со 2 случаи. Битола, Гостивар и Кочани бележат по еден новозаболен. Скопје надмина 300, Куманово 200 случаи Бројот…
Македонска Каменица, 11.04.2020 година – Екипи на ТППЕ Македонска Каменица веќе неколку часа активно се борат против пожарот кој избувна во село Цера, на потегот од маало Парилци до Вучковско маало. Како што известува Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица пожарот има зафатено 5 хектари борова шума и дабова шума. Во моментов, пожарот е локализиран и ставен под конрола. Екипите на ТППЕ Македонска Каменица помогнати од вработени во Национални шуми „Делчево“ остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот.
