Како што се одвиваше кризата, научниците открија повеќе докази за една чудна и загрижувачка карактеристика на коронавирусот. Додека многу луѓе кои се заразуваат развиваат кашлица, треска и губење на вкус и мирис, други немаат никакви симптоми и никогаш не дознаваат дека се заболени од ковид-19, објави „ВВС“.
Истражувачите велат дека е неопходно да се дознае колкумина се заболени на овој начин и дали „тивките распрскувачи“ ја подгреваат пандемијата.
Кога луѓето се собраа во црква во Сингапур на 19 јануари, никој не можеше да сфати дека овој настан ќе има глобални импликации за ширењето на коронавирусот. Тоа беше недела и, како и обично, една од мисите се спроведуваше во мандарински. Меѓу насобраните во „The Life Church and Missionѕ“, на приземјето се наоѓаше еден брачен пар, двајцата на возраст од 56 години, кои тоа утро пристигнале од Кина.
Додека ги зазедоа своите места, тие се чинеа совршено здрави, па немаше причина да се мисли дека може да го носат вирусот. Во тоа време, се сметаше дека постојаната кашлица е најпознатата карактеристика на ковид-19 и се сметаше за најверојатен начин за негово пренесување. Немањето симптоми на болеста требаше да значи дека нема шанси да се шири.
Целиот текст тука
