Author: Media Point
На 21. Април 2022 година, по повод Светскиот ден на книгата и заштитата на авторското право, за првпат во Македонска Каменица ќе се одржи Литературно читање на дела и творби од роднокрајни автори. Координаторот и Комисијата за родова еднаквост и еднакви можности за сите на Советот на општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ како организатори на настанот објавуваат Јавен повик за пријавување на роднокрајни автори за учество на Литературно читање по повод Светскиот ден на книгата и заштитата на авторското право. Јавниот повик е отворен до 15. Април 2022 година. Бројот на роднокрајни автори учесници на Литературното читање не е…
Македонска Каменица, 07.04.2022 година – ЈП Камена Река спроведе редица работни активности за тековно одржување на водоводната и канализациона мрежа, како и подобрување на водоснабдувањето во градската и приградските населби на Македонска Каменица. „Нашите екипи, спроведоа повеќе работни активности за тековно одржување и подобрување на водоводната и канализационата мрежа во граската и приградските средини. За таа цел, изградивме нова водоводна линија во должина од 200 метри до Грчко маало. Исто така, на местото од санираниот дефект на главната водоводна линија во Суво Маало поставивме нов систем со приклучоци каде инсталиравме водомерни единици за корисниците“ – изјави директорот на ЈП Камена…
Нова акција за пошумување на САСА: Засадени 5000 садници во близина на рудникот Македонска Каменица, 07.04.2022–И оваа година Рудникот САСА продолжува со реализацијата на долгорочниот проект за пошумување. Во најновата акција што се спроведе на 5-ти и 6-ти април засадени се нови 5000 садници од автохтони видови дрва на површина од два хектарa во околината на рудникот. Оваа акција беше реализирана во соработка со ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Камена река“ од Македонска Каменица. „Програмата за планското пошумување е еден од долгорочните проекти за заштита на животната средина која ние во САСА со задоволство ја реализираме и во чија…
Денес го славиме Благовец: Покажете ја вашата радост на другите, сакајте од срце, радувајте се на животот! од Еспресо06:38 – 7 април, 2022 Православните верници во Македонија денес, 7. април, го слават празникот Благовештение на пресвета Богородица – Благовец, ден посветен на новозаветниот настан кога архангел Гаврил ѝ се јави на Богородица и објави дека преку Светиот Дух ќе добие дете, односно Исус Христос. Благовештението се смета за еден од најрадосните христијански празници, а многумина го поврзуваат со добра вест. За овој празник се поврзуваат различни обичаи, но најважно е да пронајдете внатрешен мир, да се радувате и да бидете во…
Поради постоење основи на сомнение за строрено кривично дело „насилство”, надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесена кривична пријава против З.М.(34) од Делчево. На 04.04.2022 во канцеларија во Основното јавно обвинителство Делчево, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на вработените.
КИЦ “Романса” Македонска Каменица во соработка со Театар “Провокација” и Театар “Комедија” ви ја најавува магапопуларната театарската претстава “Разведи ме”. Претставата наменета за лица постари од 15 години, ќе биде изведена во Домот на култура, на 08. Април 2022 година, со почеток од 19 часот. Влезници за театарската претстава можат да се купат во Домот на култура по цена од 200 денари. Режисер на претставата:Роберт Ристов Улоги:Мирјана Ристов,Роберт Ристов,Благоја Чоревски,Зорица Панчиќ и Љубиша Савановиќ(БИХ). Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во…
Македонска Каменица 04. Април 2022 година – Успешно заврши акцијата „Дарувај книга – размени книга“, наменета за библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица, клон ЈЛБ „Илинден“ Делчево. “Со акцијата се обезбедени вкупно 626 книги, од кои детска литература 387 книги со 107 различни наслови и литература за возрасни 239 книги”, – стои во соопштението од општина Македонска Каменица и библиотеката ЈЛБ “Илинден, од каде дополнуваат дека “Читетелите од Македонска Каменица ќе имаат голем избор на книги со добри содржини кои ќе можат да ги изнајмуваат од градската библиотека” Покрај општина Македонска Каменица, учество во реализацијата на оваа иницијатива зема…
Во најдобро одиграниот натпревар на девојките од М14 генерацијата на ЖКК Баскет Кам успеаа да одиграат нерешено против фаворизираниот скопски Вардар. ” Ова е добар резултат за нашата екипа, доколку знаеме дека изминатите натпревари против истиот противник губевме со значително висока разлика. Продолжуваме со интензивниот тренажен процес. Денешниот натпревар ни покажа дека можеме, како екипа да се носиме и со традиционално посилните кошаркарски школи и екипи” – изјави по завршувањето на натпреварот во Спортската сала во Македонска Каменица, Јордан Цветановски тренер на младинските и сениорската екипа на ЖКК Баскет Кам. За играта на тимот во денешниот меч, додаде дека е…
Македонска Каменица, 02.04.2022 година – Со високи 85:66 поени, ЖКК Баскет Кам славеше против екипата на ЖКК Пробаскет од Кавадарци. Во натпревар од редовно коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија, Баскет Кам и оваа натпреварувачка сезона, лесно ја потврдува доминацијата во македонската кошарка. Веќе освоениот трофеј во Купот на Македонија, е доволен мотив кај Баскет Кам девојките за повторување на минатогодишниот успех против Бадел и спојувањето на двете титули веќе е реалност. Покрај натпреварот од Првата кошаркарска лига на Македонија, се одигра и втор натпревар помеѓу Баскет Кам и Пробаскет од Кавадарци, во кој висока победа од 70:36…
Македонска Каменица, 02.04.2022 година – ФК Каменица САСА одигра добар натпревар на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Пред домашната публика успеа да го надигра ФК Осогово со 2:0. Иако головите беа постигнати во последните десетина минути од натпреварот, САСА беше тимот кој ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар. Според дефанзивната игра, гостите гледаа шанса во нерешен резултат. Нивните планови, во 80′ од натпреварот ги расипа искусниот Митар Соколовски, кој пати вистински проектил од 16 метри. Гостинскиот голман беше немоќен и 7 минути подоцна кога, по една нафрлена топка во казнениот простор, од само неколку метри стрелаше, одличниот на…
