Author: Media Point
Нова победа на младинките на ЖФК Каменица САСА на гостувањето во Струга Гостувањето во Струга младинките на актуелниот шампион на Македонија успеаа да го претворат во победа со убедлива и сигурна игра со конечен резултат, ЖФК Асс Јунајтед 0:2 ЖФК Каменица САСА. Стрелци на головите беа Јована Петрушевска и Стефи Маринковска која пред само неколку денови потпиша договор за настап и со сениорскиот тим на ЖФК Каменица САСА Во краткото соопштение од стручниот тим за играта на младинките објавија дека биле “Одлични, борбени и мотивирани во играта и целосно го надиграа домаќинот” #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
На 30.03.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 76 – годишен маж од Кочани пријавил дека бил измамен од Ф.С. од Кочани. Според пријавеното, во периодот од ноември 2021 досега, Ф.С. во три наврати го довел во заблуда дека ќе му помогне околу судски спор, а како надомест пријавителот му дал 75.000 денари. Но, како што е пријавено, ниту му завршил работа, ниту му ги вратил парите, по што сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 денари за литар,…
Македонска Каменица, 01.04.2022 година – ЈП “Камена Река” отстрани поголем дефект на главната водоводна линија од системот за снабдување со вода во Суво Маало. “Поради спроведување на градежни работи за отстранување на овој посериозен дефект, граѓаните на овој дел од Македонска Каменица, денеска во период од еден час, беа без вода за пиење” – изјави Влатко Димитровски, директор на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица “Дефектот беше пријавен пред два дена, кога екипите за комунални работи пристапија кон негово лоцирање. Во текот на денот, веднаш по откривањето на местото, за многу кратко време успеавме да го отстраниме дефектот и…
Претреси во Кочани, пронајдени големо количество украдени предмети, следуваат кривични пријави На 31.03.2022 во периодот од 06.00 до 14.30 часот, по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршени се претреси во присуство на Јавен обвинител од Кочани на 4 локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање, загрозување на…
Голема полициска акција во штипско, запленета е дрога вредна пола милион евра. Во акција на МВР на територијата на Штип вечерва падна организирана група и уапсенк се повеќе лица, како македонски така и странски државјани дознава Centar.mk. Како што дознаваме запленета е дрога вредна пола милион евра. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат за утре.
Конечно! Дворот на детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица доби штедливо осветлување. Како што денес беше објавено од официјалниот профил на социјалните мрежи од ЈОУДГ “Бамби” осветлувањето на дворот го чекале подолг временски период. За потребата од ваков вид на осветлување говореа многубројните вандалски чинови, извршени во минатиот период врз самиот објект и урбаната опрема поставена во дворот од установата. “Поставени се нови лед светилки, кои ќе го осветлуваат просторот околу градинката заедно со новоизграденото инклузивно игралиште”, – истакна директорката на установата, Тодорка Велиновска додавајќи дека “Со овие светилки освен што се добива поквалитетно осветлување, се постигнува и заштеда во…
Стефанија Маринковска го потпиша првиот договор со ЖФК Каменица САСА Младата Стефанија Маринковска потпиша прв договор со својот матичен клуб ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица. 16-годишната Стефанија Маринковска, доаѓа од младинската школа на ЖФК Каменица САСА. Веќе има настапувано за првиот тим на актуелниот двократен шампион на Македонија, каде со солидно прикажаната игра од клубот, оправдано очекуваат во иднина, да биде еден од главните носители на играта. ЖФК Каменица САСА следното редовно коло од Првата македонска фудбалска лига го игра на гости, на 20. Април, против еден од главните ривали за првото место во првенството, екипата на ФК Љуботен…
Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи ново чудо, загубивме од Португалија на „Драгао“ со 2-0 и не успеавме да се пласираме на Светското првенство во Катар. По победата над Италија, Македонија дојде на еден чекор до пласман на Светското првенство, но не успеавме да ја шокираме и Португалија која покажа повеќе и заслужено го зема билетот за Катар. Македонските фудбалери го дадоа максимумот, но противникот кој има исклучително моќни поединци ги казни нашите грешки и дојде до победа од 2-0. Македонија добро го почна натпреварот, бевме организирани, Португалија тешко создаваше прилики за гол. Првата нивна шанса ја имаше…
МОН: од утре учениците без маски во училиштата, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести Министерството за образование и наука информира дека на денешната владина седница е донесена одлука за прифаќање на предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките кои важеа за учениците во основните училишта. Основнците ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлуката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму…
