Author: Media Point
ЈП Камена Река најавува елиминирање на дивите приклучоци и поставување на водомерни единици за сите домаќинства во Македонска Каменица ЈП Камена Река ги финализираше градежните работи за изградба на нова главна водоводна линија во Македонска Каменица. Од претпријатието најавуваат продолжување со поставување на секундарната мрежа на овој дел од градот и инсталирање на водомерни единици за домаќинствата од кракот на улица Каменичка, во Бачовско маало. Исто така од Камена Река, најавуваат дека, “Според утврдената динамика, согласно Програмата и Планот за работа на ЈП Камена Река, следува период на елиминирање на приклучоците “на диво” и интензивно поставување на водомерни единици за…
ЖФК Каменица САСА, во сабота на 26.03.2022 година, го игра 15. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија против екипата на ЖФК Деспина од Прилеп. Натпреварот е со почеток од 14:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. “Натпреварот во сабота ќе го играме со голема желба за надигрување со гостинската екипа. Со целосен респект кон противникот, мислам дека со дисциплинираност во одбраната и конкретна игра во нападот, оправдано очекуваме победа и ќе успееме да освоиме три нови значајни бодови за нашиот тим” – изјави Зоран Златковски, стратегот на актуелниот двократен македонски шампион, екипата на ЖФК Каменица САСА од…
Полициски службеници од ОВР Кочани минатата ноќ го уапсиле А.И. (36) од Кочани, откако кај него бил пронајден хероин, кој потоа го одземале. Лицето е приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денес, во организација на МВР и СОУ “Миле Јаневски Џингар” за учениците при училиштето се одржа презентација на тема Трговија со луѓе. Претставник од МВР и координатор на активноста е инспекторот за ЈРМ и превенција, Дејан Стојменов. Како што е истакнато во соопштението за јавност од училиштето “На презентацијата учествувале сите ученици. Целта на презентацијата е да се запознаат учениците со присутноста на проблемот и преку конкретни примери и вистинити настани, да им се покаже опасноста од оваа појава”. На истата тема учениците од I а клас изработија свои уметнички дела. Дел од нив можете да видите ОВДЕ. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2531316457004579&id=100003787495605
Утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи. Вчера во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности. „Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност“, информираше во Топ Тема, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Овој викенд, поточно во недела на 27 март ќе започне летното сметање на времето со поместување на стрелките на часовникот еден час нанапред, од 2 до 3 часот по полноќ. Преминот на летно сметање на времето долго време е предмет на многу анализи бидејќи научниците веруваат дека поместувањето на часовникот може да има сериозни здравствени последици. „Промената на времето е исцрпувачки за телото“, вели др. Даг Кирш, портпарол на Американската академија за медицина на спиењето. „Мислам дека укинувањето на тоа е чекор во вистинската насока. Според Кирш, летното сметање на времето не треба да биде трајно решение…
ЈП Камена Река во соработка со останатите институции во градот успешно ја спроведе најавената екоакција организирана по повод Денот на пролетта. “Заедно со дечињата при ЈОУДГ „Бамби“, учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“, членови на НВО секторот и наши сограѓани, на две локации во Македонска Каменица засадивме 600 садници багрем, 300 садници јавор и 400 садници јасен” – изјавуваат од ЈП Камена Река кои дополнуваат дека “садниците се обезбедени од ЈП Камена Река, а 200 садници јасен се донација од членот на Совет на општина Македонска Каменица, Слободан Велиновски”. Кон акцијата се приклучи и…
После победата од минатото 19. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, против екипата на Братство од 1:0, денеска ФК Каменица САСА славеше на гостувањето во Градско против ФК Локомотива со високи 0:4. Во денешниот натпревар екипата на ФК Каменица САСА прикажа одлична игра со постигнати 4 погодоци во противничката мрежа. Првиот погодок дојде по само 2 минути игра, кога Нешовски ја навести убедливата победа на гостите. Сепак, на полувреме екипите заминаа со истиот резултат, за гостите во средината на вториот дел го остварат планираниот биланс од денешниот натпревар “Три бода и висока победа против последнопласираната екипа на табелата”. За…
ЈП Камена Река објави известување до граѓаните на општина Македонска Каменица, во кое се вели дека “По повод Денот на пролетта, 21.03.2022 година (понеделник), ЈП “Камена Река” во соработка граѓаните, институциите и воспитнообразовните установи во општина Македонска Каменица ќе биде организирана голема пролетна екоакција”. Големата пролетната екоакција започнува во 9.00 часот, а за собирно место е означен просторот пред влезот на ЈП “Камена Река”. “Покрај чистење на излезите од градот кон Кочани и Делчево, екоакцијата опфаќа и засадување на дрвни садници на излезот од Македонска Каменица кон приградската населба Павлиш Дол и м.в Падарница” – известуваат од претпријатието, од…
https://www.facebook.com/zfk.sasa/videos/1238242776704835/ Со нерешен резултат од 0:0 заврши Супер дербито, кое денеска се одигра во Струмица како дел од 14. Коло на Првата македонска женска фудбалска лига, помеѓу екипите на ЖФК Тиверија и актуелниот шампион на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица. Двете екипи има свои моменти на натпреварот и изгледни шанси за гол. Гостите во 53 минута не реализираа пенал, а гостинската екипа од Македонска Каменица во три наврати упати удар во пречката од голот. Останува да ја забележиме и шансата за гол на ЖФК Каменица САСА, кога по уфрлената топка од страна Ана Димитровска упати удар…
