Author: Media Point

Душко Митев од село Цера упатува Молба за финансиска помош, која ќе му овозможи понатамошно лекување. Молбата ви ја пренесуваме во целост: Почитувани граѓани на Македонска Каменица, Почитувани граѓани на Република Македонија, Почитувани хумани луѓе ширум светот, Јас, Душко Митев од Македонска Каменица роден на 26.05.1983 година со место на живеење на адреса с.Цера, Македонска Каменица, Ви се обраќам да ја побарам од вас помошта која ми е потребна. Имено се работи за следново : Пред неколку месеци ми е дијагностицирана дијагнозата – атеросклероза на артерии на екстремитетите при што беше направена операцијата AMPUTATIO PEDIS SEC SCHOPART.BIL во болницата Аџибадем…

ПОВЕЌЕ ...

Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско регистрираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА информираат дека станува збор за мостри од отстрелани диви свињи пронајдени во реонот на делчевското село Драмче. -Мострите се пронајдени во рамки на акцијата за засилен отстрел, кој согласно  последното Решение за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите кое го донесе АХВ, а од страна на ловните друштва ќе се спроведува до крајот на овој…

ПОВЕЌЕ ...

Акцијата на бугарската полиција е по истрага на Европското јавно обвинителство. (Фото: СДК.МК) Бугарската полиција вечерва го приведе поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, објавија тамошните медиуми. Покрај него, приведени се неговата ПР советничка Севдалина Арнаудова, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната пратеничка Менда Стојанова. Акцијата на бугарската полиција е по истрага на Европското јавно обвинителство, објави бугарската телевизија „Нова“. Паралелно со приведувањата, се извршуваат претреси на многу локации. Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител е независно тело, формирано од Европската унија да истражува злоупотреби на европските фондови.

ПОВЕЌЕ ...

Сабота, 14:00 часот, термин резервиран за супер дербито на 14. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија Во Струмица, се среќаваат ЖФК Тиверија – ЖФК Каменица САСА. Натпреварот се игра на стадионот Филип Лазаревски. ЖФК Каменица САСА е трета на табелата, со еден бод заостанување зад ЖФК Тиверија и три бода заостанува зад моменталниот лидер на табелата, ЖФК Љуботен. Доколку бидат овозможени технички услови на стадионот во Струмица натпреварот ќе биде пренесуван во живо од страна на Каменица.Мк.

ПОВЕЌЕ ...

БЕКТЕШИ ГИ ОХРАБРУВА ГРАЃАНИТЕ Пријавете го секој прекршок на трговците Трговците да не ја злоупотребат ситуацијата со цел да остварат дополнителен профит, а најважно да не создадат вештачка криза со тоа што ќе влијаат психолошки кај граѓаните да купуваат што повеќе производи, тоа не е потребно бидејќи имаме доволни количини, потенцира Бектеши. Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните да пријавуваат секаков прекршок, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Тој во емисија на „ТВ21“ истакна дека редовно и навремено се постапува по сите поплаки од страна на граѓаните во однос на нерегуларностите од страна на маркетите. – Веќе се…

ПОВЕЌЕ ...

Убавите вести брзо се шират! На победите сите им се радуваат! Особено кога малите места како нашата Македонска Каменица постигнуваат спортски успеси против клубовите кои доаѓаат од градови кои важат за центри на европската клубска кошарка! https://kamenica.mk/%d0%b2%d0%b8%d1%81%d0%be%d0%ba-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d1%9c%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b3%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%82/ Сите поголеми македонски спортски електронски медиуми и информативни портали веќе известуваат за големата и значајна победа на Баскет Кам над моќниот белградски Партизан. Шампионот на Македонија убедливо го совлада Партизан пред своите фанови. Пред каменичката публика успеа буквално да го декласира балканскиот великан, славејќи со конечни 113: 95, доволни да го запоседне деветото место на табелата од најсилното медитеранско натпреварување. Во прилог насловите…

ПОВЕЌЕ ...

Учениците од основните училишта се ослободуваат од носењето маски, но мерката останува за наставниците и техничкиот персонал, капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина се зголемува од 50 отсто на 75 проценти и се укинуваат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти. Ова се трите мерки усвоени од Комисијата за заразни болести, кои таа ќе ги препорача на Главниот кризен штаб и на усвојување од Владата. – Денеска имавме редовна седница на Комисијата за заразни болести на којашто прво ја разгледавме епидемиолошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките од минатата недела, но и на оние критериуми кои ги спомнавме во соопштение минатиот пат со коишто се обидуваме…

ПОВЕЌЕ ...

https://m.youtube.com/watch?v=IoHhVPqonpQ Во борбата за деветото место во WABA лигата, ЖКК Баскет Кам високо го порази белградски Партизан со 99:84 (113:95 по продолжение на натпреварот) Денеска, со почеток од 17:00 часот, во Спортската сала во Македонска Каменица, ЖКК Баскет Кам одлично го одигра последниот натпревар во Јадранската WABA лига од сезоната 2021/22. Во директната пресметка со трофејниот тим на Партизан Белград, шампионот на Македонија успеа да слави со 99:84 во регуларниот дел од натпреварот. Поради идентичен резултат со првиот натпревар во корист на гостите од Белград, победникот беше решен по продолжение од 5 минути, во кои Баскет Кам само ја…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) попладенво донесе одлука со која се врши намалување цени на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на вчерашната одлука. Според ова решение, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3 денари за литар, додека цената на Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2 и пол денара. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на истото ниво. Така, од вечерва по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Бензин ЕУРОСУПЕР БС -95 / 86,50 (денари/литар) Бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 / 88,50…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, 16.03.2022 година, со почеток од 17:00 часот, во Спортската сала во Македонска Каменица, ЖКК Баскет Кам го игра последниот натпревар од Јадранската WABA лига. ЖКК Баскет Кам го пречекува белградски Партизан во директна борба за деветото место од системот за разигрување за конечен пласман на табелата. Ова е огромен успех на ЖКК Баскет Кам во премиерниот настап во ова европско натпреварување. Тимот е целосно подготвен за утрешниот натпревар, во одлична форма и сите поединци се мотивирани во оваа пресметка со моќниот Партизан да донесат радост за каменичката публика, која ќе може да го следи натпреварот според пропишаните Ковид протоколи.…

ПОВЕЌЕ ...