Author: Media Point
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против К.В.(23) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.07.2021 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот при што била пронајдена и одземена марихуана. Извор: Дневен билтен на МВР
На 07.03.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со случајот, на 08.03.2022 лишени се од слобода Д.Т.(36) и М.А.(52), двајцата од Кочани, бидејќи и кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по чл.215 од Кривичниот законик.
Македонска Каменица – На 08.03.2022 полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода С.И.(30) од с.Саса, Македонска Каменица и Ј.С.(26) од Македонска Каменица. Наведените лица го нарушиле јавниот ред и мир, а С.И. физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По комплетирање на случајот против С.И. и Ј.С. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Објавени резултатите од општинските натпревари по предметите Биологија и Природни науки. За солидниот успех на училиштето говори и бројот на пласирани ученици на Регионалниот натпревар по наведените предмети. Резултати од општински натпревар на учениците од V до IX одделение при ООУ “Св. Кирил и Методиј”, под менторство на наставниците Љупка Ристовски и Виолета Накова: Ученици од одделенска настава при ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, под менторство на наставникот Ленче Спасевска, кои имаат освоено награди и пласман на Регионален натпревар по предметот Природни науки се: – Каја Малчовска- 2. Награда – Јулија Ивановска- 3. Награда – Ерик Арсов-…
Македонска Каменица, 08.03.2022 година – По повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената во Домот на Култура во Македонска Каменица беше реализирана Ликовна работилница со ученици од О.О.У”СВ.Кирил и Методиј” и С.О.У.”Миле Јаневски-Џингар”. Како што истакнува директорот на КИЦ Романса, Гоце Стојановски “Ликовната работилница е реализирана под менторство на наставничката Сањица Левковска и координаторот за еднакви права во локалната самоуправа, Весна Дончевска”, надополнувајќи дека, “изработените тематски ликовни дела ке бидат изложени во фоајето во Домот на Културата во Македонска Каменица”. “Учениците учесници, заедно со менторот и координаторот на ликовната работилница од КИЦ “Романса” добија Благодарници за успешна соработа…
Намалувањето на акцизата за горивата, како што неофицијално објави ТВ Телма, би било за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20% ДДВ-то би се укинало за ограничена листа основни продукти Владата се подготвува утре да донесе две крупни мерки како одговор на ценовната криза, јави Телма ТВ во вечерашната емисија „Топ тема“. Една од мерките, според неофицијалните информации на телевизијата, најверојатно, ќе биде намалување на акцизата за горивата за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%. Втората мерка, пак, ќе се однесува на укинување на ДДВ-то за конкретна ограничена листа…
Поставени нови контејнери во градската средина на Македонска Каменица. Како што стои во Соопштението за јавност објавено на официјалната фејсбук страна на ЈП Камена Река “Екипите на Јавното претпријатие задолжени за јавна чистота и комунална хигиена работеа на поставување на нови контејнери за отпад. Поставени се 20 нови контејнери за отпад со капацитет од 1,1 м3 на повеќе фреквентни локации во централното градско подрачје на Македонска Каменица”. Станува збор за акција, која опфаќа обнова и поставување на нови контејнери, во склоп на предвидениот проект за поставување на нова урбана опрема во Македонска Каменица и населените места во Општината. Во…
Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво. Еве ги новите цени: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар) – Масло за горење…
По завршувањето на мечевите од 18.коло во ВМФЛ – ЗАПАД и ВМФЛ –ИСТОК, познат е распоредот на натпреварите во преостанатите девет кола. Веќе следниот викенд се играат мечевите од 19.коло или првото во третиот круг. ФК Каменица САСА стартува на домашен терен против “незгодниот” тим на ФК Братство.
Регулаторната Комисија во понеделник треба да ги соопшти цените на горивата кои ќе важат од вторник. На светските берзи денес беше забележан значаен раст на нафтата која достигна 116 долари од барел, но потоа следуваше намалување, пишува Binzispro.com. Флуктациите на цената на сировата нафта на светските берзи пред се поради ситуацијата во Украина, па така можеме да очекуваме раст на цените на енергенсите. Од анализираните податоци за 11 држави во регионот, заедно со нашата, може да се заклучи дека во Северна Македонија цената на ЕУРОДИЗЕЛ во првата недела од месец март е најниска. Највисока цена на ЕУРОДИЗЕЛ плаќаат во Грција од…
