Author: Media Point
Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто…
Горивата поскапи за 1,5 денар Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари. Со одлуката на РКЕ за 1,249 денари за килограм се…
https://www.facebook.com/zfk.sasa/videos/654351359146707 Македонска Каменица, 27.02.2022 година – Денеска, на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра 12. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, каде силите ги одмерија ЖФК Каменица САСА и гостинската ЖФК Скопје 2014. Студеното и влажно време за игра не ги запре каменичките девојки во освојувањето на трите значајни бода совладувајќи го ривалот Скопје 2014 со 2:0. Иако Каменица САСА имаше минимално водство од 1:0 (Ана Димитровска), по голот постигнат од пенал во првите минути од натпреварот (7 минута), забележлива беше доминацијата на теренот од домашната екипа во текот на целите 90 минути. Сепак, многуте изгледни…
Задушница, Прочка па Велигден. Денес, православните христијани ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа една недела пред Прочка – денот за простување, кој секогаш се паѓа во недела. Од понеделникот по прочка започнува Велигденскиот пост, кој трае седум недели до Воскресението Христови – Велигден. Задушница секогаш се паѓа во сабота, тоа е денот кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. Во црквите, овој ден отсекогаш бил одбележуван со света Литургија и панихида, на која свештеникот истура вино над житото, а по завршувањето на службата се посетуваат гробиштата. Свеќи се носат…
Проф. д-р Орце Симов е нов претседател на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Симов кој потекнува од Макрдонска Каменица по професија е електро инженер, основач на компанијата Компјунет инженеринг и редовен професор на Факултетот за Информатика на МСУ, каде и во два мандати беше декан, долгогодишен член на Управниот Одбор на Сојузот и член на Советот на иноватори при Националната асоцијација на иноватори на Македонија – НАИМ. Симов истакна дека активностите ќе бидат насочени кон обезбедување на развој, унапредување и зголемување на ICT бизнисот во Македонија и…
Матичните лекари ќе треба да плаќаат 1.000 евра за акредитација на ординациите Агенцијата за квалитет и акредитација неделава почнала да им испраќа барања на докторите за да платат по илјада евра за акредитација. За здружението на матични доктори ваквата обврска го сметаат за арач, ќе се затвораат ординации , зашто давачката е неодржлива и неприфатлива.Министерството за здравство соопшти дека во петок ќе се одржи работен состанок , откако вчера било договорено да се намали цената за акредитација поради економската криза и зголемените сметки за електрична енергија.
Украинската гранична стража објави видео на кое се гледа како руски тенкови и други воени возила влегуваат во Украина преку Крим. – Нападот се случи од моментално окупираната територија на Автономната Република Крим. Во моментов се евидентира движењето на воената опрема од полуостровот преку административната граница – наведуваат на својата веб-страница и потсетуваат дека нападите врз граничните единици и патролите се вршат со употреба на артилерија, тешка техника и мало вооружување. На видеото не се гледа за кои гранични премини станува збор. Си-Ен-Ен, пак, наведува дека не се знае од која граница влегле воени возила во Украина – Чонгар од…
Здружението на граѓани Медиа Плус Штип организира јавната дискусија насловена „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница”, во рамките на проектот „Утопија? Бистри води, зелен Исток”, кој се спроведува во периодот од мај 2021 до февруари 2022. Настанот ќе се одржи во четврток, 24 февруари 2022 година, во 11:00 часот, во Мултимедијален центар Канал 77, и онлајн преку платформата Zoom. Настанот ги вклучува најзасегнатите релевантни институции поврзани со состојбата на реката Брегалница, при што ќе биде презентиран Извештај од анализа на води и речни седименти од река Брегалница. Целта на оваа дискусија е поттикнување на соработка на овие надлежни институции…
Македонска Каменица, 23.02.2022 година – Градската депонија во Македонска Каменица беше зафатена од пожар, кој според последните информации добиени од ЈП Камена Река и ТППЕ во Македонска Каменица е ставен под контрола. И овој пат брзата интервенција на Територијалната против пожарна единица спречи ширење на огнот, кој според одговорните е предизвикан со намера. „Во гаснењето на пожарот, покрај пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица, со крупна механизација е вклучена и екипа од Јавното претпријатие „Камена Река“. Екипите на ТППЕ и ЈП „Камена Река“ остануваат на терен се до целосно гасење на пожарот. Со навремена заедничка акција на Јавното претпријатие и единицата…
КОМПАНИЈАТА „МЕТАК ТРАНС“ ОД ВИНИЦА ЧЕКА ИЗВЕШТАЈ ОД ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ИЗГОРЕНИОТ АВТОБУС 22.02.2022 – Транспортната компанија „Метак транс“ од селото Градец, Виничко, чиј автобус настрада во пожар во германскиот град Билефелд, го очекува извештајот од увидот на локалната полиција за да може да преземе понатамошни активности за заштита на своите права. Автобусот целосно изгоре во петокот вечерта, а сопствениците на компанијата имаат оправдани сомневања дека пожарот бил подметнат. -Неколку дена претходно возилото стоело паркирано на вообичаената локација и дури во саботата наутро, возачот констатирал дека целосно е оштетен. Мојот сопруг веднаш замина во Германија и веќе добивме известување дека…
