Author: Media Point
„Задушница“ е денот кога си спомнуваме за душите на нашите блиски починати. Денот кога со пченица, вино и свеќа ги посетуваме гробовите на покојните и со свештеникот се молиме за помилување на нивните души. Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење. Од свештенството при Светиот храм на „Успение на Пресвета Богородица“ го објавуваат следниот распоред и редослед за нивно заедничко молење со верниците на гробиштата од територијата на општина Македонска Каменица, во сабота на 26.02.2022 година: с.Саса 06:00 с.Моштица…
На автопатот Миладиновци – Штип, цената на патарината во Преод ќе чини 50 денари, додека кај Кадрифаково ќе чини 70 денари, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. Изградбата на патарините треба да заврши до крајот на мај. Па така, доколку се патува со автомобил преку Миладиновци, каде треба да се платат 40 денари за патарината, вкупниот трошок за патарини од Скопје до Штип изнесува 160 денари во еден правец. „Цената на патарините се утврдува според законот, по километар – 2.57 денари“, изјави Рустеми. Тој посочи дека патарините на оваа релација ќе бидат со електронско плаќање. Дополнително,…
Овој светски и неофолк бенд од Скопје, Македонија прави паралела меѓу источната и западната култура, со акцент на традиционалната македонска музика. Формирана во 2018 година од Симеон Ангеловски Шоле, кој ги напиша и композициите и аранжманите за првиот албум, Калата започна како дуо проект (Симеон и Минела), а останатите членови на бендот дојдоа после објавувањето на првата песна. Калата свири традиционални македонски песни со манири на 21 век, со што се доближува до публиката и до денешните луѓе. Во Калата нема граници, па музичарите се потпираат на своите чувства и инспирација – тие можат слободно да ја свират сета убава…
ПРЕБАРАЈ Дерби МАКЕДОНИЈА Баскет Кам го одбрани трофејот во женскиот кошаркарски куп Објавено на 20 февруари, 2022 Екипата на Баскет Кам втора година по ред го освојува македонскиот кошаркарски куп во женска конкуренција, а денеска славеше против Бадел 1862 (64:61) во реприза од ланското финале. Составот од Македонска Каменица мораше да игра продолжение за да стигне до трофејот, откако регуларните четириесет минути завршија со резултат 58:58, за во дополнителните минути Баскет Кам да биде поуспешен со 6:3. Поразениот тим ќе жали што ја прокоцка предноста во последниот период, бидејќи Бадел водеше со 49:40 на стартот на последната етапа, но Баскет…
Каменица Саса во последната минута го сруши отпорот на Кожуф победувајќи со 1-0 благодарение на голот од пенал на Дарко Алексовски во 90. минута. Четирите конкуренти кои се во четири бода разлика во Втората лига Исток за пласман во Првата лига, победнички ја стартуваа пролетната полуетапа, па од првата Победа до четвртата Беласица разликата остана иста. Победа со 4-1 славеше кај претпоследниот Братство од Житоше, во меч на кој Атхе Мазари даде хет-трик (2. 36, 80), а Филип Димоски еден (46-та минута) за убедлив почеток на есенскиот првак Беласица со 3-0 го освои Кочани и го победи Осогово, а сѐ…
Минатата сезона Баскет Кам 2011 успеа во обидот, за прв пат во историјата на постоењето на клубот од Македонска Каменица да освои трофеј во националниот Куп. Оваа година, извесно е, ќе имаат многу потешка работа, во обид да го одбранат освоеното. Првата пречка во полуфиналето за бранителот на пехарот, е засилената екипата на Вардар. „Голема благодарност до Кошаркарската федерација на Македонија за организација на Купот. Ние сме презадоволни што повторно ќе играме на завршницата. Иако имаме тешки моменти и Купот доаѓа во лош период за нас во кој имаме ковид-позитивни и повредени играчи, се надевам дека ќе прикажеме добра игра…
Купив производ на интернет и сега не можам да го заменам. Нема контакт на сајтот. Каде да се обратам? Одговара Мартина Грнчаровска од Организацијата на потрошувачи на Македонија.Извор: СамоПрашај.Мк
Полицијата трага по цела викендица која едноставно исчезнала преку ноќ во Мичиген. Властите се сомневаат дека куќата била одвлечена од приколка на крадец, бидејќи се работи за монтажна куќа. Куќата која е со големина на просечна јахта, сопственикот ја посетил за да престојува, кога сфатил дека таа исчезнала. „Тоа е многу чудна ситуација“, изјави истражителот Метју Скот за локалните медиуми. „Во моментов куќата дефинитивно не е на местото каде што би требало да биде. Има различни мотиви за кражба, но тоа се подробности што се обидуваме да ги откриеме“. Монтажната куќа исчезнала ноќта помеѓу 18 ноември и 16 декември. Полицијата веќе…
Јулија Герасимова, 32-годишна одбојкарка преку ноќ стана многу популарна. Украинската играчка на Прометеј се прослави по гестот кој го направи на натпреварот од Лигата на шампионите против германски Дрезднер. Одбојкарката беше фатена во полн ек од ТВ камерите додека изведуваше танцови движења со амбиентална музика во позадина, со што воспостави комуникација со некој, веројатно, од противничкиот табор. Гестовите на симпатичната Герасимoва предизвикаа добро расположение кај присутните на настанот, но видеото стана вирално и на социјалните мрежи. Објавено на Тик-Ток, видеото собра многу прегледи за релативно кратко време. „Само се обидувам да се навикнам на она што се случува. Зачудена сум…
Успешно излечена првата жена од ХИВ Американските научници објавија дека успешно ја излечиле првата жена, а вкупно трето лице од СИДА, со трансплантација на коскена срцевина на донатор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста. Случајот на средовечна пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со нов метод кој вклучува матични клетки од крв од папочна врвца. Целиот текст ОВДЕ
