Author: Media Point
Од денеска во Република Македонија започнува да функционира линијата за итни повици 112 како единствен повикувачки број кој важи на целата територија на Европската Унија. Наместо досегашните 192, 193, 194 и 195, односно полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, граѓаните со едноставно вртење на 112 можат да ја добијат која било услуга, односно доколку имаат каков било итен случај и потреба од државата. За почеток, телефонскиот број 112 ќе функционира само на територијата на Скопје. Откако ќе се тестира системот, по десеттина дена ќе започне со работа и на територија на цела држава бидејќи…
Возач на цистерна кој почина зад воланот од срцев удар на автопатот Авелино – Салерно во јужниот регион Кампанија направи херојски подвиг, пишуваат италијанските медиуми. Станува збор за 50-годишен Македонец кој добил срцеви болки додека ја возел цистерната под притисок. Бил свесен кога ги добил првите болки во градите, ја намалил брзината и го повлекол тешкото возило на одморалиштето кај свртувањето за Сарино. – Потоа колабрирал врз воланот и починал. Екстремниот маневар овозможил тој да избегне драматична несреќа на автопатот. Полициските службеници и итната помош интервенирале на местото. Му немало спас на 50-годишниот возач, објави Ил Матино на 9-ти овој месец.
В.Р., командир на полициската станица Пехчево, за малку ќе останел без прстот со кој во вербална расправија мавтал кон полицаецот Д.А. од селото Ратево, кој потоа силно го гризнал. Инцидентот се случил лани на 25 декември за време на новогодишна прослава на 35 полицајци од полициската станица во Пехчево, во ресторанот Бастион во село Владимирово. По санирањето на повредата, ОВР Берово се обидело да го скрие инцидентот, за кој не била направена никаква официјална белешка. На 8 јануари, повредениот командир преку својот адвокат побарал внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, по што, пред два дена, била поведена и…
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд. Времето денеска е променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја со врнежи од слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, над 70 км/ч особено вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до…
ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ ВО ОБЛЕШЕВО, БАРААТ ПОДДРШКА ОД ДРЖАВАТА И ПОВИСОКИ ОТКУПНИ ЦЕНИ 08.02.2022 – Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи го незадоволството од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и поради драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки. На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат. Се заканија со радикализирање…
Најново засилување на ЖФК Каменица САСА Ангелика Икеда од САД. “Откако потпиша едногодишен договор, Енџ, веќе го обработи првиот тренинг”, вели во кратката изјава Зоран Златковски стратегот на шампионот на Македонија, кој дополнува дека ” “Станува збор за фудбалерка од средниот ред, доскорешниот капитен на Илиноис Кобрас, Сент Лоуис, САД”. “Со доаѓањето на Ангелика нашиот тим добива супер засилување, заедно сме уште поблиску до остварувањето на нашата цел, трета титула во низа”, – со што Златковски ги потврди амбициите на клубот од Македонска Каменица, за трета титула во домашниот шампионат.
Како што дознава Алсат, вечерва е постигнат договор и минималната плата ќе се искачи на 18.000 денари. Ова беше и барањето на Сојузот на синдикати. Договорот следува по серија состаноци меѓу претставници на Синдикатот, работодавачите и Владата. Состанокот се уште трае. По неговото завршување најавени се изјави. Пред почетокот на состанокот, претседателот на ССМ Дарко Димовски рече дека минималната плата мора да се покачи на 18.000 поради зголемените цени на производите. Работодавачите се согласуваа со помал износ и бараа субвенции од државата.
Верижен судир на крстосницата пред Влада, има повредени (ФОТО) Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата пред зградата на Владата. Објавил:канал5 Три возила учествувале во тешката сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булеварите Илиндендска и Климент Охридски. Според очевидците , едно од возилата било службено , а имало и повредени .. На самото место има возила на Итна медицинска помош . Увидот е во тек , а од МВР се очекуваат повеќе информации во текот на вечерва.
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потсетува дека е во тек јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води. Јавниот повик е отворен до 27 јануари 2022 година, до кога земјоделците ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода. Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството чија една од задачите е навремено да ги информира земјоделците, посочуваат дека максималната сума која може да ја земе…
На социјалните мрежи се појави фотографија со сообраќајка која најверојатно се случила деновиве во Скопје. Комбе во близина на Алумина удри во билборд. Интересно е тоа што на билбордот стои натпис со големи букви „you can’t miss me“, што во превод значи „не можеш да ме промашиш“. Добивајте вести на Viber
