Author: Media Point

Силно невреме ја зафати Италија, при што неколку луѓе се повредени. Во близина на градот Милано денеска неколку постари граѓани се повредени кога врз нив паднало дрво, а еден маж е тешко повреден, јави агенцијата АНСА. Надвор од Милано еден човек е повреден кога ветрот соборил две дрвја. Во регионите на Ломбардија и Пиемонт, паднатите дрвја предизвикаа штета на неколку автомобили, а парковите и плоштадите се делумно затворени. Ветерот откорнал и дел од покривот на главната железничка станица во Милано. Ветер го откорнал и покривот на училиште во провинцијата Варезе. Пожарникарите соопштија дека имале околу 400 интервенции низ целата земја, главно во Ломбардија.  Агенцијата за одбрана…

ПОВЕЌЕ ...

При вчерашната посета на Александар Мачевски во селото Робово и објавеното видео каде што сточарот Мачевски ја образложи случката со јагнето за која од здружението „Анима Мунди’ го обвинуваат за малтретирање врз животно, голем број на граѓани од целата држава застанаа зад Александар.Коментарите на социјалните мрежи се во корист на Мачевски, па граѓаните реагираат до здружението за извинување до сточарот кој чесно и макотрпно си ја врши својата работа.Малешевци се згозени од наводното обвинение против него, велат дека се спремни за целосна поддршка на сточарот. Еве дел од коментарите: Еве дел од коментарите:Александар Мачевски во неговото обраќање до јавноста…

ПОВЕЌЕ ...

Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и оваа година преку наградна игра ќе ги наградува сите свои корисници кои редовно ја плаќаат комуналната такса. Директорот на ЈП „Камена Река“, Влатко Димитровски информира дека, „право на учество во наградната игра имаат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со декември 2021 година и тоа најдоцна до 31 јануари 2022 година“. „Фондот на награди и годинава е сличен како и во претходните години. Првата награда е телевизор, втората е микробранова печка, а третата награда е тримесечна комунална такса за услуги. Наградната игра има симболичен карактер и претставува еден…

ПОВЕЌЕ ...

Фото Профимедиа Компанијата Мета (претходно Фејсбук) се заканува да ги затвори своите платформи Фејсбук и Инстаграм во Европа, се наведува во  годишниот финансиски извештај на компанијата. Во годишните финансиски извештаи на компанијата се наведува дека Мета не може да пренесува, складира и обработува податоци за своите европски корисници на сервери со седиште во САД и оти двете платформи ќе бидат затворени низ Европа. Клучниот проблем за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со така наречениот „Штит за приватност” (Privacy Shield). Тековните договори за пренос на податоци се предмет на строги контроли во ЕУ. Во својот годишен извештај до американската Комисија…

ПОВЕЌЕ ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра леснотомасло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки…

ПОВЕЌЕ ...

Сточарот Александар Мачевски во чиј дом беше снимено видео поради кое здружението „Анима Мунди” излезе со обвинување за малтретирање на животно, утре е повикан на распит во полицијата. Информацијата ја потврди самиот сточар кој денеска во обраќање до јавноста истакна дека здружението со објавата на видео снимката на својот фејсбук профил и тврдењето дека намерно малтретираат животно, го загрозил угледот на семејството Мачевски, кое со сточарство се занимава од 2006 година. – Од 2006 година до ден денеска, јас кога ги продавам јагнињата како традиција организирам прослава. Таа традиција продолжи и во петокот кога ги продадов јагнињата за што…

ПОВЕЌЕ ...

Околу 300.000 дози од вакцината „Фајзер“ до крајот на февруари ќе завршат како медицински отпад на депонијата Дрисла затоа што им истекува рокот на важност. Од Министерството за здравство велат дека на крајот од месецот ќе започне постапка за нивно уништување, но смируваат дека има залихи од вакцината и дополнително во наредниот период треба да пристигнат нови дози. Од министерството информираат дека на залиха имаат 113.000 вакцини на „Фајзер“ со рок на траење до јуни и 60.000 вакцини од истиот производител со рок на употреба до јули. Идната недела се очекуваат 250.000 дози донација од Италија, а 500.000 од мај…

ПОВЕЌЕ ...

На 06.02.2022 околу 00.45ч. пријавено е дека во угостителски објект лоциран на градски плоштад ,,Димитар Беровски“ во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на Б. К (29) од Берово врз Ф.М. од Берово. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Малиот извидник, Петар Ачковски, кој ја насмеа цела Македонија пред некое време со својата легендарна изјава за јадење грашок додека се качува на планини, сега повторно ќе ве насмее со новото видео кое е поставено на социјалните мрежи. Имено, на видеото се гледа како Петар го јаде грашокот, и притоа се слуша женски глас кој вели колку е убав, а тој со насмевка сака да покаже дека сака да го јаде. Сепак она што сите го искоментираа е дека по изразот на неговото лице, изгледа Снеже повторно со сила му дава грашок. Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.

ПОВЕЌЕ ...

Статистиката покажува дека вообичаено поминуваме 5 до 7 години возејќи ист автомобил. Тоа значи дека продавачите на половни автомобили може да имаат и 2 прилики да не измамат за една деценија! Значи, колку е ризично денес да се купи користен автомобил? Се испостави дека одговорот зависи од земјата во која живеете, пишува Карвертикал. Конкретно, балтичките земји како единица имаат најлоши бројки врз основа на наодите. На прво место е Летонија, со над 24% од прегледаните возила кои покажуваат знаци на неовластено отворање на километражата. Не заостануваат Естонија и Литванија кои ги заземаа 3-то и 4-то место. Сепак, балтичките земји се…

ПОВЕЌЕ ...