Author: Media Point

Најпопуларната наградна игра во Македонија ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ ја мина својата целна линија и многу играчи ги довезе на средба со нивните желби. Меѓутоа само двајца на крај добија привилегија да го доживеат она што сите го сонуваа – да ги примат клучевите од својот нов автомобил Мерцедес. Бранко Стојчевски и Ивица Зарков се победниците на ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ и со тоа освојувачи на главната награда, автомобил Мерцедес, секој во својата категорија. Триумфално дојдоа во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија на прогласување и доделување на вредните награди. На малата свеченост имаа…

ПОВЕЌЕ ...

Многу клубови реагираат по објавувањето на висината на спортските ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт. Рекциите на клубовите е во однос на висината на добиените ваучери. Таква реакција со јасно искажан револт за начинот на кој се распределуваат спортските ваучери до АМС, во текот на вчерашниот ден, упати и ФК Каменица САСА од Македонска Каменица која ви ја пренесуваме во целост: https://www.facebook.com/Fk.Sasa/posts/429222222327977 ФК КАМЕНИЦА САСА СО АПЕЛ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ Почитувани Г-да од Агенција за Млади и Спорт, Почитувани фудбалски љубители, ФК Каменица Саса го осудува…

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река спроведе акција за чистење и доуредување на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Како што изјавуваат од Јавното претпријатие акцијата е спроведена „Во пресрет на почетокот од пролетниот дел на фудбалските сезони во машка и женска конкуренција, при што ЈП Камена Река пристапи кон доуредување и разубавување на Градскиот стадион во Македонска Каменица“. Наведувајќи ги спроведените активности, директорот Влатко Димитровски издвои дека „Денешните активности опфаќаат отстранување на високостеблести дрвја и џбунеста вегетација околу Куќата на спортот, темелно чистење на трибнискиот дел, како и фарбање на заштитниот ѕид со помошните објекти во склоп на стадионот“. Градежните работи на Градскиот…

ПОВЕЌЕ ...

ОД УТРЕ ПОЧНУВА СКРИНИНГОТ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА Од утре почнува нов скрининг во основните училишта, каде што е зголемен бројот на новозаразени ученици, одлучи Комисијата за заразни болести. Од комисијата велат дека покачените бројки го вклучиле алармот и е одлучено да се направи скрининг за да се покаже каква е трансмисијата. Скринигот ќе се одвива во основните училишта, а тестирањето треба да биде со согласност од родителите. Од денеска препораките за лекување на ковид-19 се достапни на страницата на Министерството за здравство и ќе бидат достапни за сите лекари кои се вклучени во лекување на ковид-19. Претседателот на комисијата, Александар…

ПОВЕЌЕ ...

Британскиот пратеник за трговија за Западен Балкан Мартин Викерс во посета на САСА Македонска Каменица, 17.02.2022 – Специјалниот пратеник за трговија на британскиот премиер Борис Џонсон за Западен Балкан, Мартин Викерс го посети рудникот за олово и цинк САСА, каде помеѓу останатото имаше можност да се запознае со новите инвестициски и развојни проекти во САСА, како и со континуираните вложувања на рудникот во реализацијата на голем број општествено одговорни активности и проекти за поддршка на локалната заедница. „За САСА, како дел од компанијата Центар Азија Металс, чие седиште се наоѓа во Лондон и која котира на AIM пазарот на Лондонска…

ПОВЕЌЕ ...

Долго време никој не реагира на нашите апели да примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на гориво и храна, велат од Здружението на приватни лекари, е поради неколкуте неисполнети барања кои што ги имаат Секој во својата ординација но, со клуч на вратите, матичните лекари во земјава утре ќе протестираат поради како што велат „игнорантскиот однос на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ)“ и додаваат оти ќе работат единствено со итни случаи. Револтот кај матичните лекари, кој утре ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Швајцарија ги укинува речиси сите мерки против Ковид-19 Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти денеска швајцарската Влада. До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот, соопшти Владата. Укинувањето на мерките ќе стапи во сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата. – Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. Благодарение на високото ниво на…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во кругот на ЈП “Камена река” Македонска Каменица, со почеток од 12:00 часот, се одржа Наградната игра за корисници кои редовно ја плаќаат комуналната такса за услуги. Годинава, најсреќни добитници на награди се следниве корисници: Прва награда Телевизор – Костадин Николовски (к.бр 40141) Втора награда, Микробранова печка – Вера Јанкуловска (к.бр 10331) Трета награда, Тримесечна претплата – Јосиф Стаменковски (к.бр 10163) ЈП Камена Река традиционално ја организира оваа Наградна игра, во која учествуваат домаќинствата редовни плаќачи на комунални такси и услуги од општина Македонска Каменица. Денеска, како што изјавуваат од Јавното претпријатие, “беа извекувани талонитете со шифри  “беа извекувани…

ПОВЕЌЕ ...

Граѓани на Кочани ќе почнат секојдневни двочасовни протести пред влезот на компанијата „Пејпр мил“ поради загадувањето на воздухот од фабричкиот оџак. Иницијативата потекнала од семејствата кои живеат во близина на фабриката, а поддршка и најава за вклучување во протестите има и од другите жители на градот и пошироко. -Се работи за чиста граѓанска активност, без вклучување на здруженија или политички субјекти. Сакаме да го свртиме вниманието, и на пошироката јавност и на надлежните државни и локални органи, дека проблемот со чадот од оџакот на фабриката за хартија во Кочани не е решен, без разлика што со години наназад укажуваме…

ПОВЕЌЕ ...

31 приведени во Кочани, запечатени три угостителски објекти (ВИДЕО) 13/02/2022 13:35 Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во текот на ноќта (13.02.) извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и други нормативи во ингеренции на овие институции. Како резултат на тие…

ПОВЕЌЕ ...