Author: Media Point

Возило излетало од коловозот на патниот правец Штип – Кочани – две лица повредени На 12.03.2022 во 10.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, во близина од исклучок за Кочани, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(48) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобила М.Ш., констатирани во Клиничката болница во Штип. Izvor: RadioKocani

ПОВЕЌЕ ...

ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА”ЗЛАТНАТА РИПКА” По повод роденденот на детската градинка “Бамби” Македонска Каменица и Меѓунардониот ден на театарот, во соработка со КИЦ”Романса” ќе биде изведена детската театарска претстава “Златната рипка” од театар Колозов. “Поради зголемен интерес, детската театарска претстава на 21.03.2022 година, ке биде изведена во два термини. Првата изведба ќе биде во Холот на детската градинка “Бамби” со почеток 10:00 часот, додека почетокот на втората изведба на театарската претстава  потоа во Домот на Културата ќе биде во 12:00 часот” – стои во соопштението за јавност објавено од организаторите на претставата Влезници за театарската претстава која ќе биде изведена со…

ПОВЕЌЕ ...

Петте второлигашки мечеви на Истокот завршија со победи на домашните, а најдобрите четири кои се борат за местата за Прва лига триумфираа без да примат гол во денешното прво коло од последниот круг во второлигашката источна конкуренција. Најмногу се мачеше лидерот Слога Виница против Пехчево, па дури во завршницата, на десет минути пред крајот го скрши отпорот на противникот за да победи и да остане на првото место на табелата. Победа како и Слога Виница победи минимално со 1-0, а сѐ реши Филип Димоски во 29-та минута. Исто со минимален триумф славеше и Каменица Саса на домашен терен против Братство…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12.03.2022 година – Во рамки на 19. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија – Исток, на Градскиот стадион во Македонска Каменица се сретнаа екипите на Фк Каменица Саса и ФК Братство 07 од Житоше. Ова е прв натпревар од третиот циклус на натпреварување. Бодовите од досегашните две меѓусебни средби одеа на контото на екипата на Братство. Сепак, денеска со голот на Дарко Алексовски Пеле во 24 минута од натпреварот, екипата на ФК Каменица САСА успеа да слави против екипата на ФК Братство од Житоше, со конечни 1:0. Контролата на теренот и иницијативата во играта беше на страната…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето редовното Генерално собрание за 2022 година. Делегатите го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2021. година. Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на Федерацијата за 2022. година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор. Исто така, делегатите едногласно ги усвоија измените на системот за натпреварување во МФЛ за 2022/2023 за единствена Втора лига, во која ќе се натпреваруваат 16 екипи. Работниот дел од Собранието го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше…

ПОВЕЌЕ ...

Од полноќ пониски цени на бензините и дизелот Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одржува седница на која треба да бидат вкалкулирани новите изменети акцизи и стапки на ДДВ и да биде донесена одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени, како што информираа од РКЕ, ќе важат од вечер на полноќ. Претседателот на РКЕ Марко Билсимовски за сдк.мк, изјави дека согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на…

ПОВЕЌЕ ...

Ја информираме јавноста дека по многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти. Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании. https://youtu.be/LCQCSCC6KgI

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица заедно со Јавното претпријатие „Камена Река“ започнува со спроведување на акцијата „Град со нула отпад“. Како што стои во соопштението за јавност “Покрај подобрувањето на редовните активности на Јавното претпријатие за расчистување на отпад, акцијата вклучува и отстранување на искористените и хаварисаните возила од јавните површини”, каде во продолжението на текстот се вели дека, “Овој тип на отпад претставува целосна спротивност и прекршување на Законот за управување со отпадот, имајќи предвид дека истиот не само што го нагрдува просторот во урбаните зони, туку и претставува директна опасност за животната средина и околината”. Во периодот кој следува, од…

ПОВЕЌЕ ...

По преземени активности од страна на полициски службеници од ОВР Виница, вчера беа лишени од слобода Џ.У. (26) од Радовиш и виничанците А.И.(18), Е.М. (21) и С.И. (26), поради постоење основи на сомнение дека во Виница извршиле осум кривични дела „тешка кражба” од куќи, викендици, маркет и пункт за отпад и по едно кривично дело „одземање на моторно возило” и „кражба”. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ПОВЕЌЕ ...

Од полноќ нови цени на дизелот додека бензинот ќе се продава по денешните цени, соопшти предмалку Реулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не  се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денари/литар. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава како и денеска за 93,00  (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98  –  95,00 (денари/литар. Дизел горивото се зголемува за 3 денари и новата цена е 97,00 (денари/литар) што значи дека дизелот за прв пат има повисока малопродажна цена од бензините. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за…

ПОВЕЌЕ ...