Author: Media Point

ФК Каменица САСА на својот официјален профил ги објави резултатите од одиграното редовно коло од Втората младинска и пионерска лига на Македонија. Во натпреварите против соодветните екипи на ФК Силекс, младите надежи на ФК Каменица САСА ги постигнаа следниве резултати: -Втора помлада пионерска лига Фк Силекс – Фк Каменица Саса 6:0 Втора Пионерска Лига Фк Силекс – Фк Каменица Саса 10:0 Втора Кадетска Лига Фк Каменица Саса – Фк Силекс 2:1 Втора Младинска Лига Фк Каменица Саса – Фк Силекс 3:1

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица започна акцијата за чистење на сите постоечки базени за вода за пиење Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денес присуствуваше на почетокот на акцијата, каде истакна дека “Со денес започнатата акција од страна на Јавното претпријатие “Камена Река”, обезбедуваме чиста, здрава и поквалитетна вода за пиење за сите жители на општина Македонска Каменица”, при што потенцираше дека “акцијата ќе продолжи до крајот на неделата, а потоа следува третирање на останатите делови од градскиот водоводен систем и водоводните линии во руралните средини” Во текот на чистењето на базенот во Стара Каменица беше присутен и директорот на ЈП…

ПОВЕЌЕ ...

Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 87,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари. Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 57,347 денари. Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните…

ПОВЕЌЕ ...

Синоќа за укажување лекарска помош во медицинска установа бил пренесен малолетник од селото Чифлик, Делчевско, поради гушење со плин во својот дом, на кој бил приклучен бојлер. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

https://youtu.be/VQFM-YdJdqA Македонска Каменица, 26.03.2022 година – Денеска на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра редовното 15. Коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија. ЖФК Каменица САСА го пречека тимот на ЖФК Деспина од Прилеп. Рутинираната победа на каменичанки беше формализирана уште во првиот дел од натпреварот кога Мила Телевска со два погодоци и Ана Димитровска стрелаа за конечни 3:0. Талевска, во два наврати одлично се снајде во шеснаестерецот при  постигнувањето на двата погодока, додека Димитровска постигна гол по прекрасно изведениот слободен удар. Второто полувреме на натпреварот, повторно помина со целосна доминација на домашната екипа, но резултатот остана непроменет.…

ПОВЕЌЕ ...

На 25.03.2022, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода Д.М.(22) и А.М.(18) од Виница. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Н.С.(32) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Кокошкините јајца се суштински дел од исхраната на луѓето. Тие се богати со протеини, калциум, фосфор, лецитин и калциферол, па јадењето пет или шест јајца во седмицата ќе донесе максимална корист за организмот. Но, не треба да јадеме повеќе од три јајца дневно, според руската нутриционистка Александра Разаренова од Рос-НДП. „Здрав возрасен човек може да консумира до две или три јајца на ден. Белката може да ја има и во поголеми количини. Теоретски, здрав возрасен човек може да консумира повеќе јајца на ден, но јас сум повеќе за „разновидност во чинијата“. Пет или шест јајца во една седмица е добар…

ПОВЕЌЕ ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 26.03.2022 година регистрираше земјотрес 120 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Валандово. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 44 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Валандово и околината.

ПОВЕЌЕ ...

Некои велат дека ни дава подолг ден, други го поврзуваат со срцеви и мозочни удари, дури и со сообраќајни несреќи. Некои би сакале да го укинат. Еве неколку начини како да се справите со летното сметање на времето. Војните отсекогаш биле време на иновации во нужда. Така, летното сметање на времето за првпат било воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што подолго додека е ден. Требало да се заштеди на струја. Другите земји го следеле примерот. Оттогаш, на пролет ги поместуваме часовниците еден час напред, а на есен час наназад. Ноќта меѓу сабота и недела на 27 март, часовниците…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25.03.2021 година – Одлична вест за спортската јавност и љубителите на фудбалот ни пристигнува од Женскиот фудбалски клуб од Македонска Каменица, екипата на Каменица САСА. Имено, две досегашни фудбалерки од клубските младински категории преминуваат во сениорскиот тим на двократниот македонски шампион. Стратегот на Шампионскиот тим, Зоран Златковски изјави дека, “Станува збор за 15-годишната Јована Лазарова и една година повозрасната Марија Јаневска. Исклучително талентирани играчи, каде Лазарова е играч од средниот ред и како досегашен капитен на младинскиот состав на ЖФК Каменица САСА пружи одлична игра во натпреварите за младинскиот состав”. Додека за Марија Јаневска, стратегот Златковски кажа дека…

ПОВЕЌЕ ...