Author: Media Point

Македонска Каменица 13.04.2022 година – Општина Македонска Каменица објави дека, преку градежни работни активности на ЈП Камена Река започна со уредување на паркинг простор за товарни возила. Исто така, дел од просторот ќе се користи за одложување на стари и хаварисани возила. Паркинг просторот, како што стои во соопштението од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, ќе биде на располагање на сите сопственици на товарни возила, а дел од просторот ќе биде уреден за депонирање на хаварисаните возила. Ова, секако претставува уште една придобивка за граѓаните на Македонска Каменица, бидејќи Општината покажува грижа за трајно решавање на проблемите…

ПОВЕЌЕ ...

Од утре граѓаните кои пристигнуваат од повеќе земји, меѓу кои Македонија, Турција, Србија ќе влегуваат во Бугарија без задолжителен ковид сертификат. Оваа одлука беше донесена денес од бугарското министерство за здравство, а влегува во сила од утре. Исто така, не се потребни никакви други документи поврзани со ковид, како што се документ за прележан ковид, ПЦР или брз тест.

ПОВЕЌЕ ...

На Јутјуб каналот се појави видео од убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Веројатно ова е снимка од камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледа што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар. Видео плејер 00:00 01:26 За случајов приведени се двајца, додека првоосомничениот е во бегство. Хрватскиот ракометар Денис Тот кој настапуваше за ракометниот клуб Бутел на 7 април годинава беше пронајден во безсознание во близина на позната дискотека во Скопје. Ден подоцна, Тот почина на клиниката за КАРИЛ како последица од пад. Доколку немате инсталирано видео плеер видеото…

ПОВЕЌЕ ...

Културно-информативниот центар Романса од Македонска Каменица распиша Литературен конкурс за творби на тема “Ликот и делото на нашиот херој Миле Јаневски-Џингар”. Како што стои во текстот од Соопштението, Литературниот конкурс е наменет за учениците од прва до четврта година во СОУ ”Миле Јаневски-Џингар” – Македонска Каменица Како и Ликовниот, така и Литературниот конкурс ќе биде награден. За најдобрите творби се предвидени вредносни ваучери од  Прва награда-3000 денари Втора награда-2000 денари Трета награда-1000 денари Во продолжение текстот со останатите услови за учество во Литературниот конкурс: Творбите треба да се достават во 3 печатени примероци во шифрирана форма (Посебен плик со податоци…

ПОВЕЌЕ ...

Културно-информативниот центар ”Романса” Македонска Каменица, ја објави веста дека, распишува Ликовен конкурс на тема ”Културното наследство на Македонска Каменица” Право на учество на Ликовниот конкурс, како што стои во текстот од Соопштението за јавност, имаат учениците од ООУ ”Св.Кирил и Методиј” и учениците од СОУ ”Миле Јаневски-Џингар”од Македонска Каменица. Учениците на Ликовниот конкурс може да учествуваат со изработка на цртежи, слики и скулптури, при што бројот на ликовни дела не е ограничен. Од страна на КИЦ Романса, најдобрите дела ќе наградени со вредносни ваучери: • Прва награда……..3000 денари • Втора награда…….2000 денари и • Трета награда……..1000 денари Ликовните творби во…

ПОВЕЌЕ ...

Жител на Делчево, кој бил пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов покрај пат во близина на селото Киселица, соопшти полицијата. – На 09.04.2022 во Полициската станица Делчево било пријавено дека покрај патот во с.Киселица, делчевско, бил пронајден починат Ѓ.И.(54) од Делчево, за кој на 08.04.2022 неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, информира МВР. Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СВЕЖО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг. Во Македонска Каменица и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени. Потоа и во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА ја користи паузата во Првата македонска женска фудбалска лига, создадена поради натпреварите на репрезентацијата, за подобрување на формата на тимот пред продолжението на пролетниот дел од првенството. На следниот натпревар каменичанки гостуваат во Тетово, каде против моментално првопласираниот ЖФК Љуботен, ќе го одиграат мечот на првенството. Затоа, подготовките во краткиот период на одмор се добредојдени за каменичанки. Со победа во Тетово, шансите за трет последователен триумф во македонското првенство се реалност за ЖФК Каменица САСА. Можеме уште подобро! #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

Во врска со случајот за починатиот Д.Т. (28) по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени се следните факти. На ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест. Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Ургентен…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08.04.2022 година – Општина Македонска Каменица во рамки на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини започна со изградба на нови паркинг простори на повеќе локации во градот. Со изградбата на нови паркинг простори започнува решавањето на проблемите со паркирањето во градот, велат од локалната самоуправа: “Започнавме да го решаваме проблемот со паркинг просторот во Македонска Каменица. Работиме на проширување на постоечките и изградба на нови паркинзи на повеќе локации во централното градско подрачје”. Од општината најавуваат и решавање на проблемот со хаварисаните и стари неподвижни возила кои зафаќаат места на постоечките паркинг простори: “Сите…

ПОВЕЌЕ ...