Author: Media Point

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница денес поднесе кривична пријава против О.А.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 26.09.2021 на Градски пазар во Виница, пријавениот предизвикал пожар во патничко возило „Опел Астра“, сопственост Ф.А. од Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Јелена Гвоздерац потпиша нов едногодишен договор со ЖФК Каменица САСА. Репрезентативниот голман на Босна и Херцеговина станува во Македонска Каменица. Ќе го брани голот на двократниот Шампион на Македонија! “Денеска, потпишавме продолжување на соработката со репрезентативната голманка на Босна и Херцеговина, нашата Јелена Гвоздерац. На обострано задоволство, најдобрата голманка во Првата женска фудбалска лига на Македонија останува во нашите редови” – изјави Зоран Златковски, стратег и тренер на шампионската Каменица САСА Златковски, упатувајќи честитки до Јелена Гвоздерац со желби за нови заедно освоени успеси и титули, додаде дека “Оваа одлука доаѓа по настапите на Гвоздерац во Лигата на Шампиони и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19.04.2022 година – ЈП Камена Река објави дека, Започна засадувањето на 700 нови декоративни дрвни видови. Со ова, ги најавија активностите за комплетно уредување и пролетно разубавување на сите јавни површини во Македонска Каменица. Активностите на ЈП Камена Река за зазеленување на јавните површини, со засадување на високостеблести листопадни и зимзелени дрвни видови, како што стои во соопштението за јавност, ќе продолжат да се реализираат според утврдената динамика и Програмата за работа на претпријатието. Садниците кои ЈП Камена Река започна да ги засадува денеска се набавени од општина Македонска Каменица, од каде надополнуваат дека Македонска Каменица ќе биде најзелен…

ПОВЕЌЕ ...

АФПЗРР ги известува земјоделските стопанства дека од денес ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива. Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат најдоцна до 31.05 2022 година во електронскиот систем на Агенцијата. Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ. Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 01.12.2021 година до 31.05.2022 година. Висината…

ПОВЕЌЕ ...

Историјата веќе се изјаснила кој бил Ванчо Михајлов и тука нема дилема дека станува збор раководител од групата нацифашисти. Бугаризиран Македонец по чија директива се убиени над 4000 Македонци по улиците на Софија и останатите бугарски градови во периодот од 1924 до 1930г. Човек кој работел за националните интереси на Бугарија и јавно велел дека не постои македонска нација, јазик и култура. Михајлов бил директен наследник на првите луѓе на фашизмот, човекот со 7 смртни пресуди, една казна за доживотен затвор, од кои 6 му се изречени од воениот суд во Софија. -Историјата се има изјаснето за сите тројца. Тие…

ПОВЕЌЕ ...

Зијадин Села вели дека предлогот кој беше инициран од други политички партии, но сега се „изгубил некаде“, а кој предвидува оддалечување на објектите за игри на среќа на минимум 500 метри од образовните и верските институции не е решение туку само ја комплицира ситуацијата и дека на таков начин казината и обложувалниците повторно ќе бидат во близина на домовите Игрите на среќа, казината и обложувалниците да ги има само во хотелите со пет ѕвезди, е најновиот предлог на Алијанса за Албанците (АА) за кој денеска соопшти партискиот лидер Зијадин Села. Тој паралелно побара и поддршка од пратениците од другите политички…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18.04.2022 година – Културно Уметничкото Друштво „Вера Јоциќ“ во соработка со КИЦ Ромаса од Македонска Каменица, по повод Велигденските празници организираат фолкорна смотра „Велигденско шаренило“. Како што информираат од Културно уметничкото друштво од Македонска Каменица, настанот ќе се одржи во Домот на култура со почеток од 19:00 часот, во сабота на 23.04.2022 година. Покрај настапите на КУД „Вера Јоциќ“, публиката од Македонска Каменица и регионот, ќе може да ги проследи точките и на Фолклорниот ансамбал „Љупчо Сантов“ од Кочани и КУД „Јане Сандански“ од Ново Село. Влезниците по цена од 70 денари, како што стои во текстот од соопштението…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во просториите на библиотеката „Крсте Петков Мисирков“ во Македонска Каменица, клон на ЈЛБ “Илинден” Делчево, со почеток од 12:00 часот се одржа општинскиот натпревар „Млади Библиотекари“. Учество во натпреварот, како што стои во соопштението за јавност, земаа учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица, истовремено редовни читатели и членови на библиотеката „Крсте Петков Мисирков“. На прашалникот од 20 прашања, со времетрање од 45 минути за одговарање на истите, најмногу поени освои Јана Димитровска (70 поени). Со ова, Јана Димитровска обезбеди пласман на држаниот натпревар „Млади Библиотекари“, – стои во продолжението од текстот, во кој се наведува дека…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на Младинската лига на Македонија (У15) ЖФК Каменица САСА извојува победа со убедливи 3:1 против ЖФК Деспина од Прилеп За ЖФК Каменица САСА стрелаа Ели Николовска, Јована Петрушевска и Мелани Стаменковска. “Нашите млади девојки извојуваа нова победа против одличната екипа на ЖФК Деспина од Прилеп. Особено радува што девојките покажаа борбеност, мотивираност и дисциплинираност, што направи да бидат незапирливи во нападот” – стои во официјалната објава на клубот по завршувањето на натпреварот. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, денеска треба да се произнесе дали ќе го продолжи штрајкот во образованието или истиот ќе биде прекинат. Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова, вчера упати апел до челниците на СОНК да се вратат на дијалогот и наставата да продолжи, со став дека ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците. Таа воедно истакна дека не треба се дозволи наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници. – Училишната година мора да продолжи да…

ПОВЕЌЕ ...