Author: Media Point
Македонска Каменица, 03.05.2022 година – ЗРСК „Шаран“ Македонска Каменица испрати соопштение во кое „ги известува сите риболовци дека од денеска, 03. Мај до 03. Јуни 2022 година, риболовот на езерото Калиманци, Каменичка река и Брегалница од уливот дo Бигланскиот мост ќе биде забранет“. Во продолжението од известувањето стои дека, забраната на крапот ќе продолжи се до 30.06.2022 година. Согласно решението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како шти стои во известувањето до риболовците, во периодот на забрана, контролата ќе биде засилена се со цел природниот мрест на рибите да биде поуспешен. Секое непочитување на забраната ќе биде санкционирано од…
КИЦ РОМАНСА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НАЈАВУВА БОГАТ РЕПЕРТОАР ЗА ДЕЦА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА Македонска Каменица, 03.04.2022 година – Како што стои во објавата од КИЦ “Романса” Македонска Каменица, “Во среда на 04.05.2022 година, со почеток од 12 часот, ќе биде отворена Ликовна изложба посветена на 119 годишнината од смртта на најголемиот македонски херој Гоце Делчев. На Ликовната изложба ќе бидат изложени дела од конкурсот на учениците при основното и средното училиште”. “Во сабота на 07.05.2022 година, ќе биде прикажан анимираниот филм за деца “КАРИРАН НИНЏА”. Ова остварување е наменето за деца над 8 годишна возраст” – изјави директорот на КИЦ…
Македонска Каменица, 03.05.2022 година – ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица објави известување до родителите дека установата започна да врши упис на деца од 9 месеци до 6 годишна возраст, односно деца родени во периодот од 2017 до 2021 година. „Поради навремено формирање на групите пожелно е уписот да се изврши најдоцна до 30.05.2022 година“, – истакува директорката на ЈОУДГ „Бамби“, Тодорка Велиновска која додава дека „родителите можат, уписот на дечињата да го извршат секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот, во просториите на ЈОУДГ,, БАМБИ”. https://bambi.mk/2022/05/03/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%98/?fbclid=IwAR1tDOOrjYj_jLQzs0l8aNQpZvdQoRgxsJLAnats9hSH_5zzONimviH33qc Со почит. В.Д Директор Тодорка Велиновска
Во рамки на Младинската лига на Македонија (У15), во Дојран се сретнаа екипите на ЖФК Истатов ЖФК Каменица САСА. Одличен натпревар со убедлива победа на гостите од Македонска Каменица со високи 0:3. Успесите на младинската екипа на актуелниот шампион на Македонија покажува дека, со вложувањето во младинските категории се обезбедува континуитет во развојот на клубот и основа за идни успеси на тимот. Со идентеичен резултат, сениорската екипа на ЖФК Каменица САСА го совлада АСС Јунајтед. Стрелци на головите беа Пејтон Чик (2) и Ана Димитровска (1). Натпреварот се одигра во сабота, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
Македонска Каменица, 30.04.2022 година – Денеска со почеток од 14:00 часот, во спортската сала во Македонска Каменица, шампионот на Македонија екипата на Баскет Кам го пречекува скопски Вардар. Станува збор за прв полуфинален натпревар помеѓу овие долгогодишни ривали и гиганти во македонската женска кошарка. Друга полуфинална двојка се екипите на Бадел и Крива Паланка. Денешниот натпревар е своевидна реприза и на полуфиналето во националниот Куп каде пред некој месец се сретнаа истите ривали. Тогаш победи Баскет Кам, а како ќе биде во оваа серија која се игра според принципот „подобар во три натпревари“ следува да видиме. Екипите на Баскет Кам…
Македонска Каменица, 29.04.2022 година – Денеска, во просториите на ЖФК Каменица САСА, потпис на нов едногодишен договор стави интернационалката од Бугарија, Антонина Шопска. Антонина Шопоска имаше одличен настап во Лигата на шампиони и бележи одлични натпревари во тековната сезона со 8 постигнати голови и 10 асистенции. Според стратегот на актуелниот шампион на Македонија, Зоран Златковски „ова е доволен учинок за продолжување на соработката и потпишување на нов договор со екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица“. ЖФК Каменица САСА утре со почеток од 15:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, го игра 17. Коло од Првата женска фудбалска…
Каменица.Мк ќе врши директен пренос на натпреварот од 17. Коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, помеѓу екипите на ЖФК Каменица САСА – ЖФК Асс Јунајтед. Натпреварот се игра во сабота, со почеток од 15:00 часот, на Градскиот стадион Македонска Каменица. Линк од Live Stream преносот ќе биде објавен на каналите на Каменица.Мк и ЖФК Каменица САСА пред почетокот на натпреварот. Следете нѐ!
Општина Македонска Каменица објави Соопштение до граѓаните поврзано со времен прекин во сообраќајот на улица Церска поради обемни градежни активности за изградба на истата. Во известувањето стои дека “на ден 30.04.2022 година (сабота), во периодот од 09.00-13.00 часот ќе има прекин во сообраќајот на улица Церска во Македонска Каменица. Улица Церска е во завршна фаза на градба и потребно е да бидат поставени пропусти во м.в. Грчки дол”. Од општината се заблагодаруваат за разбирањето од граѓаните, потенцирајќи дека наскоро жителите на село Цера, Стара Каменица, како и сите останати граѓани на Македонска Каменица, ќе можат да се движат по нов…
Се поголем број на граѓани од Македонска Каменица, пријавуваат дека веќе подолг временски период чекаат да пристигнат регистарски таблици со каменички ознаки (MK 0000 AB), како би можеле да ги регистрираат своите возила. Возачите од Македонска Каменица со овој проблем се соочуваат повеќе од еден месец, а според нивно кажување, конкретен датум или најава за скоро пристигнување на табличките со каменички ознаки од страна на одговорните не добиваат. Граѓаните револтирани од ситуацијата бараат итно решавање на недостигот на регистрациони ознаки, со што ќе можат непречено да ги користат и управуваат своите возила.
СОНК го стави штрајкот во мирување и учениците се вражаат впо училишните клупи. Првиот човек на СОНК вели дека Министерствопто за труд и социјала доставило известување до МОН за мирно решавање на спорот со СОНК. МТСП по службена должност покренува постапказа помирување. Советот на СОНК ги анализирал законските одредби согласно законот за мирно рсешавање на спогодби и констатира дека додека трае периодот на помирување, штрајкот треба да биде ставен во мирување. Рокот е најдоцна до 20 дена. Извор: 24.mk
