Author: Media Point

ТППЕ Македонска Каменица ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 09:00 до 10:00 часот, ќе спроведе тактичко показна вежба во кругот на ООУ “Св. Кирил и Методиј”. Соопштението за јавност ви го пренесуваме во целост: Во согласност со Правилникот за правилата за вршење на служба во Противпожарните единици во Македонија и Годишната програма за работа на ТППЕ – Македонска Каменица, на ден 13.05.2022 година, (петок) во периодот од 09:00-10:00 часот, во ООУ “Св. Кирил и Методиј“ ТППЕ-Мак.Каменица ке реализира методско тактичко-показна вежба “ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИ И ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА ОД ПОЖАР И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР”. За таа цел,…

ПОВЕЌЕ ...

„КОЧАНСКА СКАРА НА СОНЧОГЛЕДОВИ ПЕЛЕТИ“ – ПРОТЕСТ НА ИНИЦИЈАТИВАТА „ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО КОЧАНИ“ ПРЕД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО СКОПЈЕ 12.05.2022 – Под мотото „Кочанска скара на сончогледови пелети“ претставници од граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ денеска огранизираа протест пред Државниот инспекторат за заштита на животна средина во Скопје за да го искажат незадоволството на граѓаните на Кочани поради континуираното загадување на воздухот од компанијата „Пејпр мил“. Присутните на протестот истакнаа дека веќе неколку години бараат надлежните државни органи да преземат мерки и да го спречат аерозагадувањето, но и нарушувањето на квалитетот на водата во реките…

ПОВЕЌЕ ...

Народниот театар Штип со театарската претстава „Амбасадор“ на 19.05.2022 година, ќе гостува во Дом на култура во Македонска Каменица. Почеток на претставата, 20:00 часот. Влезници по 100 денари, можат да се купат во просториите на Домот на култура. Амбасадор е работена по текст на Славомир Мрожек, режирана од Андреј Цветановски и водена од пет лика со голема техничка екипа. Режисерот Цветановски вели дека „Амбасадор“ зборува за дипломатски конфликт помеѓу две неименувани земји, конфликт помеѓу амбасадорот и претставник на Владата. Текстот пишуван за Студената војна, но со можност да се приспособи на кој било конфликт меѓу две земји, е само едно…

ПОВЕЌЕ ...

Со високата победа од 8:0 против ЖФК Борец од Велес, екипата на ЖФК Каменица САСА обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија. Стрелци на головите за целосна резултатска доминација на каменичките девојки во полуфиналниот натпревар покрај Ана Димитровска и Пејтон Чик со по 3 погодоци, беа Ленче Андреевска (1) и Пале Николовска (1 пенал). “Остваривме победа која не носи во финале. Нашите девојки беа супериорни, доминантни, незапирливи во текот на целиот натпревар. Честитки за победата и благодарност до нашите фанови и љубители на фудбалот за дополнителната мотивација и поддршка од трибините на Градскиот стадион во Македонска Каменица” – изјави…

ПОВЕЌЕ ...

На 10.05.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Љ.Л.(38), С.С.(20) и С.Т.(22), тројцата од с.Зрновци, бидејќи околу 18.00 часот во патничко возило во близина на с.Видовиште, општина Зрновци ѝ овозможиле употреба на марихуана на 17-годишнo женско лице. Марихуаната била пронајдена и одземена, а по комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Македон Димитровски –  Македонско чудо од дете ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ 1 има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Нашиот мал генијалец ни донесе златен медал по  математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет, пренесува ТВ Сител. Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески. Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 % во однос на одлуката од 9.05.2022 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Од 12.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50…

ПОВЕЌЕ ...

Директорот на ЈП „Камена Река”, Влатко Димитровски истакна дека екипи на ЈП „Камена река” со вклучена крупна механизација, работат на доуредување на зелените градски површини по извршената доизградба на Градскиот кеј на Каменичка Река. – Поради градежните активности, како што изјави Димитровски, во изминатиот период, поголем дел од тревните површини долж Градскиот кеј беа уништени или оштетени. Денеска, активно работиме на нивно уредување и на создавање на нови тревни површини со насипување на хумусна земја, рамнење на теренот со градежни машини. “Овие активности ќе продолжат во текот на целиот месец, сѐ со цел целосно ставање во функција на Градскиот кеј…

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на вчерашниот ден, околу 13.45 часот во Полициска станица Делчево од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека на регионалниот пат од с.Разловци кон с.Тработивиште, кај место викано „Лошана“, во с.Разловци, делчевско, трактор „ИМТ“, со делчевски регистерски ознаки, управуван од Ѓ.С.(53), каде сопатничка била Ј.С.(45), двајцата од с.Разловци, излетал од коловозот. Во несреќата возачот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани од лекар од Итна медицинска помош, по што се пренесени во Медицински центар во Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициски станица Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.05.2022 година – Културно информативниот центар ”Романса” од Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани ученици при ООУ “Св. Кирил и Методиј” дека распишува Литературен конкурс за творби на тема Свети Кирил и Методиј. Овој Литературен конкурс КИЦ Романса го распишува по повод Патрониот празник на основното училиште во Македонска Каменица, кое го носи името на македонските и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј. Ова се деталите и условите од Литературниот конкурс: Право на учество имаат само учениците од прво до девето оделение во О.О.У.”СВ:КИРИЛ И МЕТОДИЈ ”Македонска Каменица Најдобрите творби ке бидат парично наградени со вредносни ваучери…

ПОВЕЌЕ ...